TpH_Bo_OkO
Трноризец
Џејмс Ретфилд во својата книга „Целестинското пророштво“ издвои четири несвесни манипулативни стратегии со кој луѓето воспоставуваат контрола над ближниот свој и ја “цицаат“ неговата животна сила.Тој нив ги нарече контролни драми и ги подели како две “активни“ – застрашувач и испитувач/поткопувач и две “пасивни“ – таинствен и сирот јас.Со овие именувања тој точно ги опиша и ги подигна на ниво на свест овие стратегии и ни овозможи да ги препознаваме и и нив и причината поради која се прават.
Застрашувач – е најагресивната контролна драма. Сите знаеме дека кога некој ќе ни се закани со оружје или со физичко насилство обично “ни се сечат нозете“ и остануваме без три грама енергија.Оноа што не го знаеме е тоа дека таа енергија оди кај “застрашувачот“ и тој тогаш расте како квасец. Застрашувачот обично се навикнува на ваквиот “животен стил“, па ова задоволство си го приушува жесто и на крај станува зависен од овој начин на наоѓање животна сила.(синот на Верушевски е типичен пример). На колективен план една насилничка багра, како што се комуњарите, со оваа драма и пречесто го супресираа духот на Македонците во последниве шеесетина години,почнувајки од сеансите на Кале и голи оток, па се до егзекуцијата на Диме Поштарот. Поради ова постарите луѓе сеуште имаат фобија од “чичковците“ во кожни мантили кој можат да ви тропнат на врата во доцните часови, па поради тоа и ден ден-денес како добро истренирани кучиња со Павловиот условен рефлекс како автомати редовно гласаат за следбениците на пентаграмот.
Испитувач/поткопувач – е веројатно најчестата драма која ја сретнуваме во секојдневниот живот.Многу е поперфидна и потешко воочлива, но не е ништо помалку деструктивна. Тоа се оние луѓе кој ви се додворуваат и ви се упикуваат представувајки се како доверливи партнери, за веднаш кога ќе ја здобијат вашата доверба ве изнаверуваат и ве рушат како личност, оставајки ве во неверување дека тоа е можно. На колективен план оваа драма точно го опишува однесувањето на комуњарите во предизборната кампања.“ Ние никогаш нема да коалицираме со убијци!“ - врескаа хистерично и од петни жили. Веднаш штом дојдоа на власт го сторија обратното. Лигавењето траеше само додека не се оствари контролата, се потоа што го сторија беше во функција на “исцицување“ на животната енергија на Македонците.Ваквите луѓе влегуваат во хипераутизам и конструктивен диалог со нив е невозможен бидејки секоја реченица од нив е насочена кон уривање на на вашето енергетско поле (или личен софтвер) за после тоталното енергетско исцрпување да дојде до превземање и инструментализирање на вашата волја во нивна корист. Однесувањето на актуелниот спикер на парламентот е типичен пример на однесување на еден “психички вампир“. Ломотењето на Шекеринска на пример, воопшто не е “логореа“ како што мислат многумина.Рафалите од флоскули кои ги исстрелува со брзина на која би и позавиделе и дизајнерите на славниот “УЗИ“ едноставно не ве оставаат да дојдете до здив, а камоли да воспоставите дијалог. Секој што со ваква личност мисли дека е можен конструктивен дијалог се лаже и обидувајки се тоа да го стори само попусто ке ја “надуе“ нејзината аура. Дека ломотењето на Шекеринска е иритабилно на субсвесно ниво, сведочат и коментарите на повеќе луге, кој и поред тоа што немаат поим од овие езотерични толкувања на феноменот, со својата здрава интуиција тоа го чувствуваат и го искажуваат со реченици кој отприлика се сведуваат на следнава:- “Недај боже ова да ти е во куќа, или треба да го утепаш ил да се утепаш!“
Таинствен – е пасивна контролна драма. Манипулацијата се состои во глумење таинственост, и недокучивост.Ако навистина мислите дека во овие луѓе има “нешто“, но вие не сте доволно паметен или заслужен тоа да го сватите, веќе сте се заплеткале во мрежата. Во секојдневниот живот ова се манипулативните стратегии на таканаречените “фраери ебачи“ кој зрачат обилно со порака дека го имаат “превртено“ пола Скопје, но тоа никогаш гласно не го кажуваат бидејки се “џентлмени“. Ова е и драмата на сопрузите или сопругите кои ги изневеруваат своите брачни партнери.Чувството на таинственост кое тие го ствараат, како и желбата на засегнатиот/измамениот да ја дознае вистината, му ја исцрпува енергијата до крајност која се граничи со перверзија. На ниво на колектив комуњарите, ја употребуваа и оваа драма креирајки фама демек они имале искуство, демек они имале кадрови, демек они имале информации од “проверени “ извори, демек они биле поврзани со масоните и со нив биле г’з и гаки,демек Клинтон барал совети од Киро, а овој како Број -1 од Алан Форд му рекол: “Слушај млад човеку, премногу сум стар да те советувам но...“ и така натаму и така натаму...Во оваа драма обично се вплеткуваат припрости луѓе кој за себе имаат мислење дека се некаква средна класа која демек ги разбира работите и им ја поклонува довербата.
Сирот јас – е најпасивната драма (но и најсилната) и таа во суштина е мазохистичка, но нејзината функција сепак е “корисникот“ преку предизвикување сожалување да ја исцрпи вашата енергија и да ве инструментализира.На пример како за илустрација, неа ја користи малтене секој питач во градов за да ви измолзе некој денар. На колективен план комуњарите ја употребуваат нон – стоп. Во периодот на комуњарското општество, кога во осмолетка лиевме крокодилски солзи за малиот Јоже кој добил труење кога на своите браќа им варел супа од свинска глава, кога Јоже го раниле на Сутјеска, кога на Милена Дравиќ пола саат и ја сечева раката во “Битката за Неретва“, кога на Јоже му ја сечева ногата, кога Јоже си отиде од светов, кога свиреа сирените секој четврти Мај во годината а ние стоевме укочени како во “Зоната на самракот“, кога цмиздреа дека Југославија без нив ќе пропадне во времето кога Југословените им рекоа дека “докурчија“ и дека ќе мора да се губат од власта, кога цмиздреа дека не можеме сами кога Македонија реши да се откачи од СФРЈ, кога беа позиција во Македонија и кога јасно беше дека ќе губат и кога ја лансираа тезата дека која отприлика значеше : “ние сме лоши но овие другиве се уште полоши“ , кога беа во опозиција и кога цмиздреа за време на војната дека Македонија и се што “они граделе“ ке пропадне, будејки сожалување кај пензионерите кој како млади им крампале за беспари по работните акции... и така натаму. Но “експертите“ за контролната драма “сирот јас“ сепак не се комуњарите.“ Огледалце огледалце мое...кажи во Македонија најсирот кој е ...?“ А огледалцето вели:“ Е, Бранко Бранко... сирот си до бесвес и светот многу те жали и ти помага... Ти помага Сорос, и Бжежински и Америка и М.К.Г. и П. М. Но во западна Македонија има некој кој е посирот од тебе и повеке цмиздри по белосветските институции, некој кој е нон – стоп со загрозени права, некој кој го трујат селективно , а сепак колективно, погоди кој е тој Бранко, седите во иста клупа и слушате исти учители...Него Бранко светот го жали повеке. На тој некој за цмиздрење и глумење “сирот јас“ можеш вода да му носиш!
Еден Македонец.