Четирите манипулативни стратегии за крадење енергија

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Џејмс Ретфилд во својата книга „Целестинското пророштво“ издвои четири несвесни манипулативни стратегии со кој луѓето воспоставуваат контрола над ближниот свој и ја “цицаат“ неговата животна сила.Тој нив ги нарече контролни драми и ги подели како две “активни“ – застрашувач и испитувач/поткопувач и две “пасивни“ – таинствен и сирот јас.Со овие именувања тој точно ги опиша и ги подигна на ниво на свест овие стратегии и ни овозможи да ги препознаваме и и нив и причината поради која се прават.

Застрашувач – е најагресивната контролна драма. Сите знаеме дека кога некој ќе ни се закани со оружје или со физичко насилство обично “ни се сечат нозете“ и остануваме без три грама енергија.Оноа што не го знаеме е тоа дека таа енергија оди кај “застрашувачот“ и тој тогаш расте како квасец. Застрашувачот обично се навикнува на ваквиот “животен стил“, па ова задоволство си го приушува жесто и на крај станува зависен од овој начин на наоѓање животна сила.(синот на Верушевски е типичен пример). На колективен план една насилничка багра, како што се комуњарите, со оваа драма и пречесто го супресираа духот на Македонците во последниве шеесетина години,почнувајки од сеансите на Кале и голи оток, па се до егзекуцијата на Диме Поштарот. Поради ова постарите луѓе сеуште имаат фобија од “чичковците“ во кожни мантили кој можат да ви тропнат на врата во доцните часови, па поради тоа и ден ден-денес како добро истренирани кучиња со Павловиот условен рефлекс како автомати редовно гласаат за следбениците на пентаграмот.

Испитувач/поткопувач – е веројатно најчестата драма која ја сретнуваме во секојдневниот живот.Многу е поперфидна и потешко воочлива, но не е ништо помалку деструктивна. Тоа се оние луѓе кој ви се додворуваат и ви се упикуваат представувајки се како доверливи партнери, за веднаш кога ќе ја здобијат вашата доверба ве изнаверуваат и ве рушат како личност, оставајки ве во неверување дека тоа е можно. На колективен план оваа драма точно го опишува однесувањето на комуњарите во предизборната кампања.“ Ние никогаш нема да коалицираме со убијци!“ - врескаа хистерично и од петни жили. Веднаш штом дојдоа на власт го сторија обратното. Лигавењето траеше само додека не се оствари контролата, се потоа што го сторија беше во функција на “исцицување“ на животната енергија на Македонците.Ваквите луѓе влегуваат во хипераутизам и конструктивен диалог со нив е невозможен бидејки секоја реченица од нив е насочена кон уривање на на вашето енергетско поле (или личен софтвер) за после тоталното енергетско исцрпување да дојде до превземање и инструментализирање на вашата волја во нивна корист. Однесувањето на актуелниот спикер на парламентот е типичен пример на однесување на еден “психички вампир“. Ломотењето на Шекеринска на пример, воопшто не е “логореа“ како што мислат многумина.Рафалите од флоскули кои ги исстрелува со брзина на која би и позавиделе и дизајнерите на славниот “УЗИ“ едноставно не ве оставаат да дојдете до здив, а камоли да воспоставите дијалог. Секој што со ваква личност мисли дека е можен конструктивен дијалог се лаже и обидувајки се тоа да го стори само попусто ке ја “надуе“ нејзината аура. Дека ломотењето на Шекеринска е иритабилно на субсвесно ниво, сведочат и коментарите на повеќе луге, кој и поред тоа што немаат поим од овие езотерични толкувања на феноменот, со својата здрава интуиција тоа го чувствуваат и го искажуваат со реченици кој отприлика се сведуваат на следнава:- “Недај боже ова да ти е во куќа, или треба да го утепаш ил да се утепаш!“

Таинствен
– е пасивна контролна драма. Манипулацијата се состои во глумење таинственост, и недокучивост.Ако навистина мислите дека во овие луѓе има “нешто“, но вие не сте доволно паметен или заслужен тоа да го сватите, веќе сте се заплеткале во мрежата. Во секојдневниот живот ова се манипулативните стратегии на таканаречените “фраери ебачи“ кој зрачат обилно со порака дека го имаат “превртено“ пола Скопје, но тоа никогаш гласно не го кажуваат бидејки се “џентлмени“. Ова е и драмата на сопрузите или сопругите кои ги изневеруваат своите брачни партнери.Чувството на таинственост кое тие го ствараат, како и желбата на засегнатиот/измамениот да ја дознае вистината, му ја исцрпува енергијата до крајност која се граничи со перверзија. На ниво на колектив комуњарите, ја употребуваа и оваа драма креирајки фама демек они имале искуство, демек они имале кадрови, демек они имале информации од “проверени “ извори, демек они биле поврзани со масоните и со нив биле г’з и гаки,демек Клинтон барал совети од Киро, а овој како Број -1 од Алан Форд му рекол: “Слушај млад човеку, премногу сум стар да те советувам но...“ и така натаму и така натаму...Во оваа драма обично се вплеткуваат припрости луѓе кој за себе имаат мислење дека се некаква средна класа која демек ги разбира работите и им ја поклонува довербата.

Сирот јас – е најпасивната драма (но и најсилната) и таа во суштина е мазохистичка, но нејзината функција сепак е “корисникот“ преку предизвикување сожалување да ја исцрпи вашата енергија и да ве инструментализира.На пример како за илустрација, неа ја користи малтене секој питач во градов за да ви измолзе некој денар. На колективен план комуњарите ја употребуваат нон – стоп. Во периодот на комуњарското општество, кога во осмолетка лиевме крокодилски солзи за малиот Јоже кој добил труење кога на своите браќа им варел супа од свинска глава, кога Јоже го раниле на Сутјеска, кога на Милена Дравиќ пола саат и ја сечева раката во “Битката за Неретва“, кога на Јоже му ја сечева ногата, кога Јоже си отиде од светов, кога свиреа сирените секој четврти Мај во годината а ние стоевме укочени како во “Зоната на самракот“, кога цмиздреа дека Југославија без нив ќе пропадне во времето кога Југословените им рекоа дека “докурчија“ и дека ќе мора да се губат од власта, кога цмиздреа дека не можеме сами кога Македонија реши да се откачи од СФРЈ, кога беа позиција во Македонија и кога јасно беше дека ќе губат и кога ја лансираа тезата дека која отприлика значеше : “ние сме лоши но овие другиве се уште полоши“ , кога беа во опозиција и кога цмиздреа за време на војната дека Македонија и се што “они граделе“ ке пропадне, будејки сожалување кај пензионерите кој како млади им крампале за беспари по работните акции... и така натаму. Но “експертите“ за контролната драма “сирот јас“ сепак не се комуњарите.“ Огледалце огледалце мое...кажи во Македонија најсирот кој е ...?“ А огледалцето вели:“ Е, Бранко Бранко... сирот си до бесвес и светот многу те жали и ти помага... Ти помага Сорос, и Бжежински и Америка и М.К.Г. и П. М. Но во западна Македонија има некој кој е посирот од тебе и повеке цмиздри по белосветските институции, некој кој е нон – стоп со загрозени права, некој кој го трујат селективно , а сепак колективно, погоди кој е тој Бранко, седите во иста клупа и слушате исти учители...Него Бранко светот го жали повеке. На тој некој за цмиздрење и глумење “сирот јас“ можеш вода да му носиш!

Еден Македонец.
 
Многу убава ќе беше темава,ако не ја исполитизираше до толку.
Како шо глеам,книгава се однесувала на психологијата и на индивидуалните човечки карактери,а не на тоа шо им праеле комуњарите на луѓето.
Многу покорисно за сите ќе беше,ако си го напишел вистинскиот текст,без твоите "длабокоумни" политички дополненија.
Вака е срање,искрено.
Или барем стави го во политика,оти со твоите модификации,станал политчки(невкусен и вулгарен,бтњ) есеј,со многу тенка врска со психологијата.
 
Се мислев дали да пишам на темава,пошо некако не ми иде во правецот на анализирање на стратегиите,ама викам ај,па шта буде нека буде,итака имам само една забелешка:

На Испитувачот мислам дека никогаш ништо не му е доволно,никогаш не е задоволен со ништо,и дејствувајќи на тој начин,ја краде енергијата на другиот.
Ја имаше доловено смислата Редфилд со примерот за односот на родителот кон синот.За секој изработен труд од синот на родителот не му било доволно и барал повеќе и повеќе од синот,и на тој начин му ја рушел самодовербата а со тоа и ја пиел енергијата.

За другите добро е претставено,имав забелешка само за испитувачот.

Инаку мислам дека најзастапени се кутриот јас,со цмиздрење се доаѓа до саканата цел.
 
Многу убава ќе беше темава,ако не ја исполитизираше до толку.
Како шо глеам,книгава се однесувала на психологијата и на индивидуалните човечки карактери,а не на тоа шо им праеле комуњарите на луѓето.
Многу покорисно за сите ќе беше,ако си го напишел вистинскиот текст,без твоите "длабокоумни" политички дополненија.
Вака е срање,искрено.
Или барем стави го во политика,оти со твоите модификации,станал политчки(невкусен и вулгарен,бтњ) есеј,со многу тенка врска со психологијата.
Од една страна не е лошо да се направи компарција со примери од реалноста кои дирекно отсликуват некоја психологија во однесувањето, ама и јас ќе се сложам дека им бројката на политичките примери боди очи.
Инаку слични теми:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=15696
и
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=16316
 
Многу убава ќе беше темава,ако не ја исполитизираше до толку.
Како шо глеам,книгава се однесувала на психологијата и на индивидуалните човечки карактери,а не на тоа шо им праеле комуњарите на луѓето.
Многу покорисно за сите ќе беше,ако си го напишел вистинскиот текст,без твоите "длабокоумни" политички дополненија.
Вака е срање,искрено.
Или барем стави го во политика,оти со твоите модификации,станал политчки(невкусен и вулгарен,бтњ) есеј,со многу тенка врска со психологијата.


Ти навистина или не ги познаваш луѓето околу тебе, или толку површно гледаш на психолошкиот профил на луѓето...
Темата од Трнов е најточна и многу добра...
Скоро секој ден среќавам барем по еден ваков "цицач" на енергија и многу е добро да го распознаеш пред да почне да те уништува....
 
Убаво опишано во политичка конотација, и донекаде разјаснува зошто некој работи во Македонија се такви какви што се. Тешко се менува матрицата на луѓето за жал.
 
Ти навистина или не ги познаваш луѓето околу тебе, или толку површно гледаш на психолошкиот профил на луѓето...
Темата од Трнов е најточна и многу добра...
Скоро секој ден среќавам барем по еден ваков "цицач" на енергија и многу е добро да го распознаеш пред да почне да те уништува....
Ја ништо не реков за психолошкиот аспект на темава.
Само ме нервира шо се меша политика во неа.
А ти прочитај малце поубаво шо пишуам,па после реплицирај.
 
Фабулозен, политичките мотиви според мене даваат подобра слика за тоа што се објаснува, наместо да биде со примери од типот „дечкото девојката, му дала двојка, па се понаша ко да го вара...“ сфаќаш?

И тоа е сосема вон темата...стик ту топик. Примери си се примери, нема врска ова со политика иако навидум изгледа така. А и најдобри примери се од политиката...највеќе владеат контролните драми таму - факт!
 
Ја ништо не реков за психолошкиот аспект на темава.
Само ме нервира шо се меша политика во неа.
А ти прочитај малце поубаво шо пишуам,па после реплицирај.


Политички се само приемерите, и со оглед што сите ги знаеме личностите кои се , од корист е:)
 
ОК,не се мешам *bowsdown*.
Само,ако би можел да ми каеш кај да ја најдам книгата?
г-не ТрновиЌ:pos2::pos2::pos2:
се шалам:):):)
 
ima aktivnosti so cicaat energija,luge so cicaat energija,luge so pruzat energija.
obicno covek koj sto e pozitivno raspolozen neli siri pozitivna energija i so toa dobivaat tie sto se okolu nego (dodeka i lugeto okolu nego sirat pozitivna energija ) togas sekoj dobiva poveke od kolku sto dava .zatoa sovet od mene gledajte da ne doagate vo kontakt so cicaci na energija koi sto namerno ti ja cicaat energijata i posle toa vie ste toj sto nema energija...... taka nekako :))
 
Според мене подобра стратегија е да се научи и истренира ширач на позитивна енергија да ги препознава тие што ја цицаат и да не бега од нив, туку во моментот кога ќе стапи во контакт со нив едноставно да го прекине тоа ширење позитивна енергија додека е во присутност на таква личност.
 
na temava e se super objasneto detalno dobro ima i nekoi raboti od fazla
toa najveke me maci dodeka go procitam objasnuvanjevo ke ostaram bradata ke mi porasne i vidot ke mi se rasipe :) ne svakaj pogresno no ne trebalo do tolku detalno
 
Според мене подобра стратегија е да се научи и истренира ширач на позитивна енергија да ги препознава тие што ја цицаат и да не бега од нив, туку во моментот кога ќе стапи во контакт со нив едноставно да го прекине тоа ширење позитивна енергија додека е во присутност на таква личност.

i kako ke go prekine toa sirennje na pozitivna energija, naednas vo depresija da padne :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom