Чест

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа нема никаква врска со чест.
Kazav, implicitno ima vrska, i toa ogromna. Ako nema pocit, ne ni ocekuvaj cest.

p.s. i ne se nafakjajte ponatamu bas za ovoj primer, go kazav samo za da poslikovite dolovam poenta. :toe:

Ada, јас не судам никому, и ништо... прилично општо е поставена темата.

Не ада, не говорам за морален суд. Што е чест? Не ме ни чуди што не знаеш.
Чест, е она што народски го викаме цврст карактер. Она што кај нас албанците особено, односно муслиманите го имаат преку “беса“. Тоа е непогазување на одлуките, ставовите, и искажаните идеи и размислувања. Да, тесно поврзан со моралните вредности кои бараат пријателство, лојалност, непотклекнување под “убавините“ на среброљубието за доброто на човекот. Непокажување слабост, манифестирање храброст, покајание со двојно поголемо дело кон оној кому евентуално си згрешил, грижење за својата крв (изопачувањето од сликата не го земам за вистинско), па дури и зачувување на својот образ. Одење до таму, да се има обичај брат за брат е веќе девијација на честа која излегла од контрола, но... може и за тоа да разговараме.

Нема арбитар, каква проклета црква девојко, зборуваме за единка, за твојот карактер кој ги поттикнува твоите дела а директно поврзани со тебе. тоа не значи дека честа се брани со убивање луѓе кога ќе ни текне, тоа е лудило. Туку со одбрана на честа, кога е нападната.
Se soglasuvam.
Vo nekolku reda kazano se ona sto treba da se kaze.

p.s. samo vo interes na vistinata i pravilnata informacija, BESA-ta postoi isklucivo kaj albancite druze, i ne e povrzano so religijata.
 
зборуваме за единка, за твојот карактер кој ги поттикнува твоите дела а директно поврзани со тебе. тоа не значи дека честа се брани со убивање луѓе кога ќе ни текне, тоа е лудило. Туку со одбрана на честа, кога е нападната.
Ти ја имаш дефинирано твојата чест за да знаеш кога треба да биде бранета?
 
Имаш да ми кажеш нешто или да ме нападнеш, пиши ми пп, каква врска има мојата чест со она што го кажав? Не реков дека јас ја бранам мојата чест или дека имам намера, зборувам општо.

А ти ја имаш твојата дефинирано? Имаш намера да ја чуваш, браниш, враќаш?
 
Кога даваш општ пример мораш да го поткрепиш со лични примери за да можеш покасно да застанеш зад своите зборови, тоа нели е уште една форма на чест, јас одев исклучиво по таа аналогија, немаше дополнителни елементи за да има потреба од пп.:wink:

Јас мојата секако дека ја имам дефинирано и не сум во план само да ја чувам, туку да гребам, горам и ако треба да убивам во нејзино име, секако, мојата е поврзана и со други луѓе не само со мене, додека, да ја враќам, немам потреба, никогаш не сум ја изгубила, само сум ја оставила настрана некое време.
 
Првиот пасус: Не, не морам да поткрепувам со лични примери. Една дебата не е бранење чест, и ако така ја разбираш тогаш премногу плитко го сфаќаш значењето на тој збор. Честа е сериозна работа, не е обичен муабет помеѓу двајца пријатели, или непријатели, сеедно.

Вториот пасус... а директно поврзан со првиот. Честа се брани со крв ако за тоа има потреба, и тоа е вистински став кој го имаш изнесено, според мене. Сепак, чест не е моментално расположение за шопинг, или ја имаш или ја немаш. Нема оставање на страна.
 
Оној кој ќе ја загубеше честа значеше дека извршил социјално самоубиство. Тој кој заради било каква причина го загубил достоинството можеше да се прости од комуникацијата во чаршијата.
Ова е моментот со моралниот суд. Кога поради одредена постапка, единка се исклучува од опкружувањето, затоа што опкружувањето решило така.
Ada, јас не судам никому, и ништо... прилично општо е поставена темата.

Не ада, не говорам за морален суд. Што е чест? Не ме ни чуди што не знаеш.
Чест, е она што народски го викаме цврст карактер. Она што кај нас албанците особено, односно муслиманите го имаат преку “беса“. Тоа е непогазување на одлуките, ставовите, и искажаните идеи и размислувања. Да, тесно поврзан со моралните вредности кои бараат пријателство, лојалност, непотклекнување под “убавините“ на среброљубието за доброто на човекот. Непокажување слабост, манифестирање храброст, покајание со двојно поголемо дело кон оној кому евентуално си згрешил, грижење за својата крв (изопачувањето од сликата не го земам за вистинско), па дури и зачувување на својот образ. Одење до таму, да се има обичај брат за брат е веќе девијација на честа која излегла од контрола, но... може и за тоа да разговараме.

Нема арбитар, каква проклета црква девојко, зборуваме за единка, за твојот карактер кој ги поттикнува твоите дела а директно поврзани со тебе. тоа не значи дека честа се брани со убивање луѓе кога ќе ни текне, тоа е лудило. Туку со одбрана на честа, кога е нападната.
Прво не можеш да знаеш дали јас имам претстава за чест.

Второ, се во болдот укажува на морални одлики. И тие околината би требало да ги суди. Значи да, дефинитвно морален суд.
А, црквата ја споменав затоа што судела за истите нешта кои ти ги наброја. И тоа до 18. век во западниот свет, кога сфатиле дека за туѓ морал не може да судат, па ја укинале институцијата.

Ти тука не збориш за дела казниви со закон. Не зборш за упад во туѓи слобода и права, туку збориш за етички норми.
Среќа што таквите повеќе не се судат од никој.
 
Првиот пасус: Не, не морам да поткрепувам со лични примери. Една дебата не е бранење чест, и ако така ја разбираш тогаш премногу плитко го сфаќаш значењето на тој збор. Честа е сериозна работа, не е обичен муабет помеѓу двајца пријатели, или непријатели, сеедно.

Вториот пасус... а директно поврзан со првиот. Честа се брани со крв ако за тоа има потреба, и тоа е вистински став кој го имаш изнесено, според мене. Сепак, чест не е моментално расположение за шопинг, или ја имаш или ја немаш. Нема оставање на страна.
Оххх, честа е карактерна особина Викторе, но како и се друго е само релативно трајна, може да се појави и да си замине, ако ти си грицкал нокти во трето одделение, се се одвикнал и си почнал пак да ги грицкаш во втора година средно, тоа релативно трајно се променило.
И далеку од тоа дека ја сведувам честа на дебата, но барем според мене, за да зборуваш за нешто на начинот на кој ти се постави, мораш да го имаш како дел од себеси.
 
Јас мојата секако дека ја имам дефинирано и не сум во план само да ја чувам, туку да гребам, горам и ако треба да убивам во нејзино име, секако, мојата е поврзана и со други луѓе не само со мене, додека, да ја враќам, немам потреба, никогаш не сум ја изгубила, само сум ја оставила настрана некое време.

Ти би гориш за честа, ама моментално е на стенд бај.
Хехе, извини не планирав да пишувам ама ме насмеа постов.

Мислам дека честа каква што ја познаваме од историјата ( прво на таа чест ме асоцираше темава) се повеќе му припаѓа на културното наследство. Капитализмот ја донесе индивидуата и нејзините потреби пред вредностите и семејството. Таму каде семејството е силно, таму била и честа силна. Во Кина тоа и денеска важи, на пример.
А ете во Англија, Артур и витезите на тркалезната маса се во културното наследство. Каде што зборот вредел повеќе од потписот, и каде што витешката чест и одбраната на идеалите била повеќе од личните желби и потребите. Баш гледав еден филм за два непријателски клана од Јапонија: херојот сам ги потепа сите, а пред да го убие нивниот водач му рече дека ќе му го поштеди животот ако исполни едно ветување. Овој се согласи и кога си заминуваше херојов, еден друг од непријателскиот клан сакаше да го убие. Водачот го уби него, бидејќи не сакаше да го погази зборот.

Не дека денеска нема чест, ја има туку е различна. Човекот е препуштен сам на себе, одговорен најпрво пред себе и барајќи ја во себе, отколку порано колективот бил поважен.
И денеска луѓето стојат зад своите вредности и достоинство. Погрешно е да мислиме дека не е така.
 
Не дека денеска нема чест, ја има туку е различна. Човекот е препуштен сам на себе и барајќи ја во себе, отколку порано колективот бил поважен.

Баш така.
Имало,ја има и ќе ја има подеднакво.

Разликата е само во тоа што порано колективот бил главното мерило, а денес колективот молчи и прифаќа, па останува само личната грижа на совест, сопствениот суд.
 
Ова е моментот со моралниот суд. Кога поради одредена постапка, единка се исклучува од опкружувањето, затоа што опкружувањето решило така.

Прво не можеш да знаеш дали јас имам претстава за чест.

Второ, се во болдот укажува на морални одлики. И тие околината би требало да ги суди. Значи да, дефинитвно морален суд.
А, црквата ја споменав затоа што судела за истите нешта кои ти ги наброја. И тоа до 18. век во западниот свет, кога сфатиле дека за туѓ морал не може да судат, па ја укинале институцијата.

Ти тука не збориш за дела казниви со закон. Не зборш за упад во туѓи слобода и права, туку збориш за етички норми.
Среќа што таквите повеќе не се судат од никој.
Ти пак си тераш по свое. :toe:

Честа е карактерна особина, а карактерот никој не го суди. Тоа што желбата за чест кај некого е многу блиска до веќе пропишаните етички норми е сосема друг муабет. И ти пак суд, каков бре црн суд, honor...
Лејди Сатори напиша:
Оххх, честа е карактерна особина Викторе, но како и се друго е само релативно трајна, може да се појави и да си замине, ако ти си грицкал нокти во трето одделение, се се одвикнал и си почнал пак да ги грицкаш во втора година средно, тоа релативно трајно се променило.
И далеку од тоа дека ја сведувам честа на дебата, но барем според мене, за да зборуваш за нешто на начинот на кој ти се постави, мораш да го имаш како дел од себеси.
:pos: Грицкање нокти...
И не бре, не мора да го имам како дел од себе си... зар се што зборувам морам да го имам како дел од себе си? Зар за делата на ВМРО ако зборувам морам да бидам дел од нив? (И ја како примерот со ноктите)

Грицкање нокти не е карактерна особина, туку лоша навика, како пиење многу кока кола.
 
Ти би гориш за честа, ама моментално е на стенд бај.
Хехе, извини не планирав да пишувам ама ме насмеа постов.

Мислам дека честа се повеќе му припаѓа на културното наследство. Капитализмот ја донесе индивидуата и нејзините потреби пред вредностите и семејството. Таму каде семејството е силно, таму била и честа силна. Во Кина тоа и денеска важи, на пример.
А ете во Англија, Артур и витезите на тркалезната маса се во културното наследство. Каде што зборот вредел повеќе од потписот, и каде што витешката чест и одбраната на идеалите била повеќе од личните желби и потребите. Баш гледав еден филм за два непријателски клана од Јапонија: херојот сам ги потепа сите, а пред да го убие нивниот водач му рече дека ќе му го поштеди животот ако исполни едно ветување. Овој се согласи и кога си заминуваше херојов, еден друг од непријателскиот клан сакаше да го убие. Водачот го уби него, бидејќи не сакаше да го погази зборот.

Не дека денеска нема чест, ја има туку е различна. Човекот е препуштен сам на себе и барајќи ја во себе, отколку порано колективот бил поважен.
И денеска луѓето стојат зад своите вредности и достоинство. Погрешно е да мислиме дека не е така.

Ахам, совршено доловена слика на што, чест?
Значи, за да биде јасно, па да не доаѓаме до забуни, љубовта мене на пример ми е поважна од честа, и сега, ако татко ми по некоја веројатност ја прегазил честа, јас да се откажам од него за да ја докажам вредноста?
Да го оставам дечко ми затоа што сум дала збор дека тоа ќе го направам ако ми закасни уште еднаш на 5 минути и сега да го направам тоа во име на честа?
:pos: :pos: Се извинувам јас вака, ама стенд бај е опција за која сите научиле во животот, само некои се искрени копилиња па тоа не е скриено копче над анусот.:smir:
 
Ти пак си тераш по свое. :toe:

Честа е карактерна особина, а карактерот никој не го суди. Тоа што желбата за чест кај некого е многу блиска до веќе пропишаните етички норми е сосема друг муабет. И ти пак суд, каков бре црн суд, honor...
Човече, ти ја отвори темава носталгично гледајќи на времињата кога "не-чесните" си сервирале социјално самоубиство, кога околината ги отфрлала. Тоа не е суд на околината?
 
Ахам, совршено доловена слика на што, чест?
Значи, за да биде јасно, па да не доаѓаме до забуни, љубовта мене на пример ми е поважна од честа, и сега, ако татко ми по некоја веројатност ја прегазил честа, јас да се откажам од него за да ја докажам вредноста?
Да го оставам дечко ми затоа што сум дала збор дека тоа ќе го направам ако ми закасни уште еднаш на 5 минути и сега да го направам тоа во име на честа?
:pos: :pos: Се извинувам јас вака, ама стенд бај е опција за која сите научиле во животот, само некои се искрени копилиња па тоа не е скриено копче над анусот.:smir:

А што да ти кажам, освен дека си сеуште млада и неискусна, а притоа не ти недостига ароганција?
А сепак и не си толку млада за да разбереш.
Дадениот збор, ветувањето во било која форма е/било прашање на чест. А сепак мојот пример за зборот беше за друго некое време и место, и за нешто поважно од закаснувањето 5 минути:)
Денеска, честа е малку поинаква, и повеќе индивидуална.
 
Никогаш не ми недостигала на вистинските места.
Не го негирам јас давањето на збор, во принцип и ги почитувам моите ветувања, чисто затоа што премалку ги давам, и честа секогаш била индивидуална, само ретко кој јавно ја промовирал.
 
Cestta ne e samo davanje na zbor i drzenje na istiot.
Mnogu poveke od toa e.
Ne znam, mozebi tesko mi e da go objasnuvam i definiram, ednostavno treba da go zivees za da go razbiras i sfatis. Do mentalitetot ke da e valjda, do tradicijata, kulturnoto nasledstvo....:toe:
 
Back
На врв Bottom