Чест

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Каде се загуби оваа човечка особина? Она што во минатиот век, и вековите пред тоа, кај обичниот народ претставуваше светост... имаше ранг на божество и се чуваше исто онака како што се чува вербата во Бога.

Оној кој ќе ја загубеше честа значеше дека извршил социјално самоубиство. Тој кој заради било каква причина го загубил достоинството можеше да се прости од комуникацијата во чаршијата.

Што се случи со честа?
 
Oд каде си толку сигурен дека оваа човечка особина е комплетно загубена? Сигурно дека не е како порано но сепак имаш "старомодни" луѓе/семејства каде што честа им е на прво место и се трудат да не ја изгубат...да не бидат покажувани со прст поради било што...
 
Мислам дека за да се загуби честа кај еден поединец многу влијаат условите во кои живее, воспитувањето а најмногу од се влијае општеството кое самото ги диктира вредностите кои ке бидат ценети. Но најголемиот дел зависи од самата личност на индивидуата и нејзиниот карактер. Денес во ова модерно општество се случува едно масовно перење на мозоците на лугето и ако не сите барем некои поединци се свесни дека преголемата слобода доведе до губење на вистинските вредности. Секој е свесно суштество и секој знае дека постојат морални норми и правила и наспроти нив негативните вредности кои треба да ги отфрли. Факт е дека многу малку луге денес не размислуваат со своја глава туку го примаат здраво за готово се што ке им сервира ова ДЕМОНкратско општество.
 
Не знам друже од кај ти се тие податоци дека порано имало повеќе чест од денес.Ама сигурно знам дека минатиот век па и вековите пред тоа се имаат случувано многу нечесни и нечовечки работи.Според мене исто е можеби само малку подобро.Чесста не е старомодна работа затоа што и денес има луѓе кои што ја практикуваат таа работа.Госпоѓице Љубов-креационист, слободата и правото на избор од Бога ни е дадена, така да јас лично не мислам дека преголемата слобода ги расипува луѓето.Зар мислиш дека казнувањето и деградацијата на криминалците ќе го намали криминалот во ова наше опшество?Зар треба да воведиме инквизиција како во средниот век?Затворите ни се преполни, а криминалот не се намалува.Значи во нашиов систем нешто не е во ред и треба да се менува.А што тоа не мислам дека сум доволно компетентен да јас лично менувам.
 
Вистина дека честа порано била повеќе негувана кај народот. Сега работите се некако искривени, не само во објектот на честа, туку воопшто, не сепак секоја промена е нормална.Треба да се земе во обзир и што не чека, Второто Христово доаѓање.
 
Каде се загуби оваа човечка особина? Она што во минатиот век, и вековите пред тоа, кај обичниот народ претставуваше светост... имаше ранг на божество и се чуваше исто онака како што се чува вербата во Бога.

Оној кој ќе ја загубеше честа значеше дека извршил социјално самоубиство. Тој кој заради било каква причина го загубил достоинството можеше да се прости од комуникацијата во чаршијата.

Што се случи со честа?
Брат за брат, чест за пари... Општествената положба, алчноста за уште и уште, хедонизмот и останатите сетилни убавини, ја масакрираат честа до степен што истата мора да се повлече во некое малечко, забутано, никогаш повеќе посетено место. Ретки се луѓето кои со човечност и без манипулации, ќе остварат егзистенција. Многумина имаат лице на божества и денес, но души изедени од кисела злоба, подготвеност да се продадат себеси, својот дигнитет и човечност, за она кое им изгледа поприоритетно, да речеме "сигурен живот". Прв пример на проституирање на достоинството е за мене, бракот склучен од интерес. "Сигурна иднина" е најчестиот облик на образложение кое лицемерите ќе го дадат за да си ја погалат совеста и да ја замаскираат сопствената долност и мизерност. Колку"сигурно" може да биде нешто, во живот кој се живее еднаш, и дали парите можат да го купат мирниот сон, топлата мајчинска прегратка, сончевите зраци кои во пролет ја галат кожата...?
 
Не дека сакам да се фалам ама јас на пример со што правам правам заради другарство и пријателство а ако некој ми речи ај направи го ова 500денари ќе ти дадам е тогаш ме фаќа нервоза и нема шанси да помогнам а исто имам пријателче кое се што прави за пари прави и едвај го поднесувам и дури кога ќе му позајмиш пари не ти ги враќа туку оди од човек до човек и вика еј како сум го заебал онај ми даде 100 денари на заем и сега курац ќе му ги вратам и така
 
Каде се загуби оваа човечка особина? Она што во минатиот век, и вековите пред тоа, кај обичниот народ претставуваше светост... имаше ранг на божество и се чуваше исто онака како што се чува вербата во Бога.

Оној кој ќе ја загубеше честа значеше дека извршил социјално самоубиство. Тој кој заради било каква причина го загубил достоинството можеше да се прости од комуникацијата во чаршијата.

Што се случи со честа?

Како што се менуваат генерациите, честа се` повеќе се дефинира како мисловна именка и се` помалку и` се обрнува внимание како многу важна човечка особина.
Денес ретко кој знае за чест, скоро сите се раководат по идејата "Целта ги оправдува средствата" и не гледаат на што газат и кого повредуваат за да стигнат до нивната цел. Поради таа философија, некои и мајките си ги продале, а не па да ја изгубат честа, иако во минатото добро знаеме дека за зачувување на честа се одело толку далеку, дури и до крвна одмазда.
 
Може не е изгубена но е некаде длабоко закопана, под тепихот на нашите лични интереси. И би рекол многу повеќе глумат дека ја имаат оние што помалку ја имаат.
 
Што е Виктор чест?
Кои се нејзините дефинитивни одлики?
Пошто, за да судиш за нешто, мораш да ги имаш поставено и строго дефинирано границите на истото.

Истотака, кој е тој доволно доблесен, или која е таа група доволно доблесна, која ќе може да одреди што треба да се казни со општествена осуда и апстрахирање?

Ти тука говориш за, ни помалку, ни повеќе, туку за морален суд. Нешто што црквата во средниот век го правела.

Само нечија бескрајна ароганција може да си претпостави дека е арбитар за поим, така недефиниран и апстрактен, како честа. И таквите обиди, мора да се засекуваат во корен.

Не, нема безгрешни кои ќе имаат право да го фрлат првиот камен.
Има само нездраво самоуверени, кои ќе се дрзнат да го направат тоа.
На таквите, не камен, него карпа треба да им се џитне.
 
За Крв и Чест Ада :)
ian_front.jpg

:)

Ок, тоа, али за друго збориме тука:smir:
 
Поентата ми беше дека честа сеуште постои не би постоела ни сликата да не постоеше.
 
Што е Виктор чест?
Кои се нејзините дефинитивни одлики?
Пошто, за да судиш за нешто, мораш да ги имаш поставено и строго дефинирано границите на истото.

Истотака, кој е тој доволно доблесен, или која е таа група доволно доблесна, која ќе може да одреди што треба да се казни со општествена осуда и апстрахирање?

Ти тука говориш за, ни помалку, ни повеќе, туку за морален суд. Нешто што црквата во средниот век го правела.

Само нечија бескрајна ароганција може да си претпостави дека е арбитар за поим, така недефиниран и апстрактен, како честа. И таквите обиди, мора да се засекуваат во корен.

Не, нема безгрешни кои ќе имаат право да го фрлат првиот камен.
Има само нездраво самоуверени, кои ќе се дрзнат да го направат тоа.
На таквите, не камен, него карпа треба да им се џитне.
Ela kaj mene doma, pa da ti bide jasno sto e cestta, i koj e toj "neprikosnoven vladatel" koj go ima pravoto da odreduva sto e dobro, sto e loso, sto e doblesno, sto e cesno, sto e moralno, a sto ne.....

Eden bivsi general, na vremeto mi ima kazano edna recenica. Den denes mi e zabetonirano vo glavata.

Tatko, koj sto koga vleguva doma decata negovi ne stanuvaat na noze, ne e tatko.

p.s. ova samo eden obicen primer od sekojdnevieto...koj sto implicitno ima vrska so temava.
 
да не бидат покажувани со прст поради било што...

Покажувањето со прст е кичот во приказната за честа. Side effect. Тотално неважно.
simeon напиша:
Треба да се земе во обзир и што не чека, Второто Христово доаѓање.
Не, не треба. Каква врска има религијата со човечкиот карактер?
Cool Hand Luke напиша:
Може не е изгубена но е некаде длабоко закопана, под тепихот на нашите лични интереси. И би рекол многу повеќе глумат дека ја имаат оние што помалку ја имаат.
Многу добро кажано, тоа е како “куче што лае, не каса“.
Quark напиша:
Tatko, koj sto koga vleguva doma decata negovi ne stanuvaat na noze, ne e tatko.
Тоа нема никаква врска со чест.
ada напиша:
Што е Виктор чест?
Кои се нејзините дефинитивни одлики?
Пошто, за да судиш за нешто, мораш да ги имаш поставено и строго дефинирано границите на истото.

Истотака, кој е тој доволно доблесен, или која е таа група доволно доблесна, која ќе може да одреди што треба да се казни со општествена осуда и апстрахирање?

Ти тука говориш за, ни помалку, ни повеќе, туку за морален суд. Нешто што црквата во средниот век го правела.

Само нечија бескрајна ароганција може да си претпостави дека е арбитар за поим, така недефиниран и апстрактен, како честа. И таквите обиди, мора да се засекуваат во корен.

Не, нема безгрешни кои ќе имаат право да го фрлат првиот камен.
Има само нездраво самоуверени, кои ќе се дрзнат да го направат тоа.
На таквите, не камен, него карпа треба да им се џитне.
Ada, јас не судам никому, и ништо... прилично општо е поставена темата.

Не ада, не говорам за морален суд. Што е чест? Не ме ни чуди што не знаеш.
Чест, е она што народски го викаме цврст карактер. Она што кај нас албанците особено, односно муслиманите го имаат преку “беса“. Тоа е непогазување на одлуките, ставовите, и искажаните идеи и размислувања. Да, тесно поврзан со моралните вредности кои бараат пријателство, лојалност, непотклекнување под “убавините“ на среброљубието за доброто на човекот. Непокажување слабост, манифестирање храброст, покајание со двојно поголемо дело кон оној кому евентуално си згрешил, грижење за својата крв (изопачувањето од сликата не го земам за вистинско), па дури и зачувување на својот образ. Одење до таму, да се има обичај брат за брат е веќе девијација на честа која излегла од контрола, но... може и за тоа да разговараме.

Нема арбитар, каква проклета црква девојко, зборуваме за единка, за твојот карактер кој ги поттикнува твоите дела а директно поврзани со тебе. тоа не значи дека честа се брани со убивање луѓе кога ќе ни текне, тоа е лудило. Туку со одбрана на честа, кога е нападната.
 
Back
На врв Bottom