Чест

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Кој ја цени честа во денешно време. Модерно општество, модерни другари, модерни жени. Честа- загубена работа, окупирана од страна на парите и ретко кој ја цени и одржува. За жал, најдобрата работа според мене, честа и гордоста се дамнешно минато за повекето од нас. Штета, луѓето се голи без овие работи, сепак царува новата вредности која е најдобра и највредна од се, парите и квази гангстерството. Катастрофа за жал :uvo:
 
Затова п'к јаз веке знам - ти немаш претстава за чест.
Штом и Смирнески избриша...
Оти ти не мене негираш, а него, гуниалниот кукушанец негираш.
Па шта си ти пред него !? Ништо не си.....

Не се споредувам со него, туку одам според правилата на форумот кои велат:
1. Почитување на јазичното правило, односно пишување на Македонски и евентуално англиски јазик. За прекршување на истово следи бан.

2. Држење до темата, односно не навлегување во оф топик.

За таа цел, повели линк до подфорумот за Уметност и култура, односно темава:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=21150
каде што можеш да постираш твои омилени стихови.

Се разбира истите може да ги постираш тука, но да бидат проследени и со пост во врска со топикот, т.е да имаат и твое мислење околу конкретната тема.

Балгодарам на вниманието.

Продолжете со дискусијата.
 
Во последниве 100 год. човештвото доживеа низа револуции од секаков вид - социјалистички, сексуален, економски, научен и т.н. Се се заврти за 180 степени. Некои концепти за честа се надминати, не се одредени нови. Нема некој постојан систем на вредности, врз чија основа ќе се гради некаква чест.
На крајот и самите кон себе не можеме секогаш да бидеме чесни, затоа што сме принудени да правиме компромиси со општеството и средината која баш ја заболе за нечија чест.
 
ПРИКАЗНА ЗА ЧЕСТА

В животот никогаш не бев се надевал
на толку мил комплимент:
ме покани Ѓаволот — стариот Ѓавол —
кај него дома на чашка абсент.

Свеќата го оцртуваше остриот профил
со ивица златни зраци
и пуштајки кругчиња дим, Мефистофел
ме гледаше со влажни очи.

Во очите есенска горест му беше скриена,
но сепак беше горд и насмевнат,
и замавна со рака тој "In vino veritas!"
Ќе бидам пред тебе отворен!

Ми здодеа веќе од тој јарем на
притворство и помисла зла —
да пиеме за твојта срдечност неземна
и сивите земни дела!

Пред векови јас стапнав на земјата
и тука си изградив шега:
се венчав за земната Вистина света,
но таа ме овенча со рогот.

Возпламнав од ревност, и в црна омраза
за својата погазена чест —
човечката чест неуморно јас ја газам,
но со чест не се здобив до денес.

Намислив преку подвизи чудни да блеснам —
умирав по сто пати в бран,
но секогаш рицар на кауза чесна,
не бев пак со чест овенчан.

Очаен, окајан,еднаш во булеварот
јас тргнав неземно злочест.
И дигнав над себе си силна плакарда:
"Човек без капка чест!"

Но чудно: презир нема ни капка!
Ме пресретнуваат со интерес,
љубезно отсекаде ми симнуваат шапка:
"Без чест ли си? — Ти прави чест!"

Еден господин ме бакна: "Ах, братко,
и ти ли!... Еј, кој ли да те знај!"
Две убави дами ми кажаа слатко:
"Елате кај нас утре на чај!"

Чудесно! Невидено! Со почести ретки
испратен бев дури до дома.
Министри, цареви и придворни кокетки
ми напишаа мили писма.

И ете ме: важен, блескав, елегантен,
богат като вистински Крез!
И знам јас: крадец сум, лажго, шпекулант,
бесчесник; но... секогаш со чест!"...

И Ѓаволот замолкна. Налеа од абсентот,
срдечно се чукна со мене,
и пуштајки пушек на синкави ленти,
ме пронижа со поглед зелен.


ХРИСТО СМИРНЕНСКИ

"Црвен смев", 14 март 1923
 
Back
На врв Bottom