Chernobyl

Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
@Lurtz
Ај нека заврши серијава па ќе го доправиме муабетов, зашо сеа ако пробам да ти објаснам ќе рокнам спојлер за следните две епизоди што не би било ок за членовите што не се многу запознаени со Чернобил случајот. Не дека јас сум експерт, ама имам гледано документарци и читано за ова, а по пишувањето гледам дека и ти си доста добро запознаен со случајот, така да ќе оставиме за десетина дена да го доправиме муабетот. :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тогаш немаше интернет, ама се знаеше за опасноста од радијацијата. Проблем беше што Советите најпрво се обидоа да ја заташкаат состојбата. Никој не знаеше што се случило. Неколку дена поминаа пред да известат дека се случила нуклеарна катастрофа. Наша среќа е што радиоактивниот облак не дојде во овој правец, туку на северозапад, кон Скандинавија.
Вие што ја следите серијата, обрнете внимание дали некој од одговорните намерно го исклучил ладењето за да види до која температура ќе издржи реакторот. Претпоставувам дека имало некоја автоматска заштита од прегревање, но таа откажала послушност. Такваа верзија кружеше некогаш, а колку е точна, не знам.
Што ти е човек не дошла навака, до Грција дошла радијацијата, КГБ (ФСБ) пушти државни тајни пред некоја година, има и за ова документарец. Фотографот Костин што го спомнав неколку пати кажа дека голем дел од фотографиите кои ги покажува во документарецот не смеел на никого да ги прикаже.

Само што и УДБА си ја завршила работата како и КГБ на времето

Се е ова со цел да се помалку жртви се прикажат од инстант смрт од радијација или последиците од радијација (канцер на тириодна жлезда, деца родени со малфункции итн)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Не знаеле во што се впуштаат, борба со невидлив непријател. Пожарникарите и мештаните кои излегоа плус го наебаа зошто имаше графитни честитки во воздухот

Друго е што до пред десетина, петнаесет години, опасноста од смрт при радијација не била дефинирана во WHO како што е денес. Да, се знаело дека е проблем, дека е опасно по живот меѓутоа не во толкав размер и затоа и статистички има мал број на жртви оваа несреќа. Ќе ви пастирам од книги да видите, тешки убедувања се воделе за да се признае смрт од радијација или смрт од последиците.
Познавањето на последиците од радијација било на ниско ниво, од првата атомска бомба па децении натаму. Колку знаеле за опасноста порано, во првите времиња, покажува и планот на САД за инвазија на Јапан, преку инвазија на најјужниот остров од Јапонскиот Архипелаг (операција Олимпик). Таа ќе се случела, да не капитулирал Јапан по првите бомби. Според планот, требало да има огромна амфибијска инвазија (поголема од Нормандија) на најјужниот остров, кој бил крцат со јапонски војски, распоредени на плажите и внатрешноста, а чии позиции и утврдувања на брегот, два-три саати пред инвазијата требало да се омекнат со неколку атомски бомби.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
@Lurtz
Ај нека заврши серијава па ќе го доправиме муабетов, зашо сеа ако пробам да ти објаснам ќе рокнам спојлер за следните две епизоди што не би било ок за членовите што не се многу запознаени со Чернобил случајот. Не дека јас сум експерт, ама имам гледано документарци и читано за ова, а по пишувањето гледам дека и ти си доста добро запознаен со случајот, така да ќе оставиме за десетина дена да го доправиме муабетот. :)
се извинувам што упорно верглав без мерка. Можеби и не е така како што изгледа, само мои глупи теории. :)
Што ти е човек не дошла навака, до Грција дошла радијацијата, КГБ (ФСБ) пушти државни тајни пред некоја година, има и за ова документарец. Фотографот Костин што го спомнав неколку пати кажа дека голем дел од фотографиите кои ги покажува во документарецот не смеел на никого да ги прикаже.

Само што и УДБА си ја завршила работата како и КГБ на времето

Се е ова со цел да се помалку жртви се прикажат од инстант смрт од радијација или последиците од радијација (канцер на тириодна жлезда, деца родени со малфункции итн)
Отпрвин со години не лажеа дека овде не поминал облакот. Е тука веќе интернетот имаше своја улога :)
Цел балкан го озрачил. Имаше и анимација од движењето
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2010
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.640
После толку години, во болницата, облеката од првите изложени на јонизирачката радијација...

Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Што ти е човек не дошла навака, до Грција дошла радијацијата, КГБ (ФСБ) пушти државни тајни пред некоја година.
Најголемиот дел од радиоактивната прашина ветрот ја однесе на северозапад. Барем такви беа официјалните известувања. Можеби лажеле - не знам. Го пишувам она што тогаш се даваше на телевизија и по весниците.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Најголемиот дел од радиоактивната прашина ветрот ја однесе на северозапад. Барем такви беа официјалните известувања. Можеби лажеле - не знам. Го пишувам она што тогаш се даваше на телевизија и по весниците.
Те разбирам, и јас мислев така ама ѕирни го документарецов ако имаш време :) прв документарец по кревање на мораториумот на КГБ, некои од видеата и фотографиите се прикажани за прв пат. Тие што не сакате спојлери не кликајте.

https://youtu.be/p5GTvaW34O0

тетка ми работи на онкологија цел живот, вика дека голем дел на карциногени прогреси според времетраењето на распадот кај млади луѓе се совпаѓаат со периодот на несреќата и дејството на цезиумот на ДНК, меѓутоа, бидејќи во WHO не биле признаени карциноми на тироидеа како последица на радијација, не се водат како жртви од Чернобил.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
тетка ми работи на онкологија цел живот, вика дека голем дел на карциногени прогреси според времетраењето на распадот кај млади луѓе се совпаѓаат со периодот на несреќата и дејството на цезиумот на ДНК, меѓутоа, бидејќи во WHO не биле признаени карциноми на тироидеа како последица на радијација, не се водат како жртви од Чернобил.
Само да се напомене дека на нашиве простори, од Хрватска надоле, покрај Чернобил големо влијание имаат и војните во регионот, Косово, Србија, Хрватска, Босна, така да некои од карциномите и ден денес се предизвикани од такви ствари. Да не зборам што Американците си прават воени вежби во Македонија и пробуваат оружје со осиромашен ураниум, исто и на Косово, али да не забегуваме од темата.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Само да се напомене дека на нашиве простори, од Хрватска надоле, покрај Чернобил големо влијание имаат и војните во регионот, Косово, Србија, Хрватска, Босна, така да некои од карциномите и ден денес се предизвикани од такви ствари. Да не зборам што Американците си прават воени вежби во Македонија и пробуваат оружје со осиромашен ураниум, исто и на Косово, али да не забегуваме од темата.
Многу нормално, тоа е и појако од облакот од Чернобил. Само во периодот од 1986~1995 некаде имало зголемен прираст од очекуваното на тогашната бројка заболени од карцином.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
ѕирни го документарецов ако имаш време :) прв документарец по кревање на мораториумот на КГБ, некои од видеата и фотографиите се прикажани за прв пат.
Го симнав, па од утре (на терен) ќе најдам малку време да го ѕирнам.
Инаку, на 5 мај 1986 ме фати ситен дожд, а јас воопшто не се криев од него. Дури подоцна разбрав дека дождот ќе ја спушти радиоактивната прашина на земјата и треба да се чуваме од него. Досега не ми е откриен карцином, можеби сум имал среќа. Или радијацијата кај нас била слаба.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.334

Сериозен си со муабетов? Те фатил дожд на 5ти мај 86та, ја вчера не знам што сум ручал тој памти дожд кога и кој ден го фатило:pos:
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Сериозен си со муабетов? Те фатил дожд на 5ти мај 86та, ја вчера не знам што сум ручал тој памти дожд кога и кој ден го фатило:pos:
И ти ќе паметеше ако неколку дена подоцна разбереше дека (можеби) радиоактивно си озрачен. А дека беше баш 5 мај паметам по тоа што бевма во друго село - славевме „голема победа на партизаните над бугарската фашистичка војска“.
Инаку и јас не паметам што вчера сум ручал и дали воопшто сум ручал. Но некои работи остануваат врежани во мозокот за цел живот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.334
И ти ќе паметеше ако неколку дена подоцна разбереше дека (можеби) радиоактивно си озрачен. А дека беше баш 5 мај паметам по тоа што бевма во друго село - славевме „голема победа на партизаните над бугарската фашистичка војска“.
Инаку и јас не паметам што вчера сум ручал и дали воопшто сум ручал. Но некои работи остануваат врежани во мозокот за цел живот.
Кажи ми ти кога имало еве на тв да кажат дека некое невреме што се формирало над украина иде накај нас? Невозможно е од Украина да дојде навака било каков дожд.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom