Chernobyl

Член од
23 август 2010
Мислења
38.167
Поени од реакции
107.633
Како е можно една од двете тогаш најголеми нуклеарни сили, да нема гајгерови бројачи, дозиметри, заштитна облека, обуки за персоналот, службите во околината и граѓаните кои живееле таму, ниту службите за спасување знаеле какви опасности крие централата. Ама апсолутно никаква заштита, никакво минимално знаење, ниту познавање што е тоа што се гаси..., како телиња на клање. Дали до толку не знаеле или е вид пропаганда против совјетскога сајуза, не знам.
Како немале дозиметри? Имале. Имале и заштитна облека. Имале и обуки за персоналот. Проблемот е што секој можен физичар знаел дека не може да дојде до експлозија, баш во првиве три епизоди се чудат и Легасов и таа од Белорусија и оној со брковите Акимов мислам беше. Никој не можеше да даде логично објаснување како е можно да настане таков куршлуз.

Предобра е серијава до сега, а тоа се гледа и по самиот почеток, првата сцена е ебење.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100

Неколку, кои мереле некој нереален максимум. Нашиве сестри и доктори, дури и на рентген оддел, барем во ЈУ, секој имаа на мантилот основен индикатор за зрачење.
Заштитни одела не видов кај персоналот. Ниту кај асанаторите.
Да не споменувам неписменоста и на жителите, а и на пожарникарите, кои по дифолт кога одат да гаснат, мора да знаат што гаснат. Во крајна линија, до какво чудовиште живеат. Ние барем овде, имавме основни познавања за нуклеарна опасност и опасност од радијација.
Овие, барем во серијата се прикажани како табула раза за радијација. веројатно и реално поим немале што значи тоа.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не знаеле во што се впуштаат, борба со невидлив непријател. Пожарникарите и мештаните кои излегоа плус го наебаа зошто имаше графитни честитки во воздухот

Друго е што до пред десетина, петнаесет години, опасноста од смрт при радијација не била дефинирана во WHO како што е денес. Да, се знаело дека е проблем, дека е опасно по живот меѓутоа не во толкав размер и затоа и статистички има мал број на жртви оваа несреќа. Ќе ви пастирам од книги да видите, тешки убедувања се воделе за да се признае смрт од радијација или смрт од последиците.
 
B

Beginner

Гостин
Неколку, кои мереле некој нереален максимум. Нашиве сестри и доктори, дури и на рентген оддел, барем во ЈУ, секој имаа на мантилот основен индикатор за зрачење.
Заштитни одела не видов кај персоналот. Ниту кај асанаторите.
Да не споменувам неписменоста и на жителите, а и на пожарникарите, кои по дифолт кога одат да гаснат, мора да знаат што гаснат. Во крајна линија, до какво чудовиште живеат. Ние барем овде, имавме основни познавања за нуклеарна опасност и опасност од радијација.
Овие, барем во серијата се прикажани како табула раза за радијација. веројатно и реално поим немале што значи тоа.
Во 1986 година каква писменост сакаш да имале да бе ние ке знаевме за опасноста и за радијацијата да не беше интернетот.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734

Не знам дали знаеш за ова, малце поодамна е.

https://www.theatlantic.com/health/archive/2013/03/how-we-realized-putting-radium-in-everything-was-not-the-answer/273780/
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.167
Поени од реакции
107.633
Неколку, кои мереле некој нереален максимум. Нашиве сестри и доктори, дури и на рентген оддел, барем во ЈУ, секој имаа на мантилот основен индикатор за зрачење.
Заштитни одела не видов кај персоналот. Ниту кај асанаторите.
Да не споменувам неписменоста и на жителите, а и на пожарникарите, кои по дифолт кога одат да гаснат, мора да знаат што гаснат. Во крајна линија, до какво чудовиште живеат. Ние барем овде, имавме основни познавања за нуклеарна опасност и опасност од радијација.
Овие, барем во серијата се прикажани како табула раза за радијација. веројатно и реално поим немале што значи тоа.
Е како неколку, подоцна со што мереа ниво на радијација? Не знам зошто бараш ниво на писменост и обученот во време на комунизам, тогаш ако им речеле дека магарето лета тогаш за нив летало и чао пријатно. А не давале премногу инфо за несреќата и не разгласувале заради стравот од општа паника што сигурно ќе се случела и ќе настанел хаос, плус СССР си ги штитела своите политички позиции и за нив ќе било погубно да признаат катастрофа од таков вид јавно.

На пожарникарите им рекле идете гасете оган и чао, толку била приказната, ни кај гаснат ни што гаснат ни зашто гаснат. Не знам зошто ти е чудно тоа, плус пак ти нагласувам, ни физички ни теоретски не можеле во главите да објаснат како е можно да се случи експлозија, кога тоа според сите научници не било можно. Се работи за раритетна ситуација која се надевам во следните две епизоди ќе дознаеме барем одприлика зошто се случила, иако сигурен сум не во целост.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
А не давале премногу инфо за несреќата и не разгласувале заради стравот од општа паника што сигурно ќе се случела и ќе настанел хаос, плус СССР си ги штитела своите политички позиции и за нив ќе било погубно да признаат катастрофа од таков вид јавно.
Во СССР постоела КГБ, другото треба да ти биде јасно што понатака.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.167
Поени од реакции
107.633
Во СССР постоела КГБ, другото треба да ти биде јасно што понатака.
Не те сфаќам што сакаш да кажеш. Ок, постоела КГБ, каква врска тоа има со мојот пост? Реков дека цела комунистичка власт од СССР не сакала да открие што се случило за пошироката јавност да дознае.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Во 1986 година каква писменост сакаш да имале да бе ние ке знаевме за опасноста и за радијацијата да не беше интернетот.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Не знам зошто бараш ниво на писменост и обученот во време на комунизам, тогаш ако им речеле дека магарето лета тогаш за нив летало и чао пријатно. .
Па ние знаевме иако системот беше сличен со нашиот. Не беше проблем да се знае, проблемот беше што и нашиве власти доцнеа со информирање на населението. Интернетот не е единствен извор на знаење иако сега имате таква претстава дека без него не се можело. За зрачење се учи во средно школо. Физија и фусија беа дел од физиката. Алфа, бета, гама, кратки, долги, моќ на продорност и опасностите од истите, период на полураспаѓање, заштита и слично. Иако поминале 40тина години, сеуште се сеќавам на тие предмети, барем колку што ми треба. Покрај тоа, постојат и библиотеки, весници од разни области итн.
Значи во врска со зрачењето се работи за познавања од општа култура и надоградба по желба, но со самото доцнење на информацијата бадијала познавањата, ние веќе бевме изложени на отворено. Чудно како русите поим немале за што се работи при експлозија на нуклеарна централа, живеејќи до неа, а притоа требало да имаат основна обука од АБХО заштита.
Е како неколку, подоцна со што мереа ниво на радијација?
Општо, имале само еден бројач со нормален дијапазон и тоа заклучен во сеф. Ова другото било колку да измерат појака радијација од рентген зрачење. Напоменав, се носеа индикатори во рентген одделите каде, ако има повисока доза, индицира дека мора да се прекине со работа. Не им беше дозволено да работат прекувремено, како заштита имаа оловни плочи меѓу ѕидовите, носеа и оловни престилки...и тоа кога јас бев основно, во 70тите. Во држава која беше далеку од сила камоли нуклеарна сила. Пред 30тина години бев обучуван за пожарникар па колку се сеќавам постојат одредени правила. Што повторно ми буди сомнеж дека е мал претеризам ова екранизирање.

Еве уште еден детал- камо за војската, рударите и пожарникарите гас маски за да не вдишуваат дополнително радиоактивна прашина. И за жителите

Генерално, не мораше да знаеме како работи реактор и за што служат графитните плочи, не бевме нуклеарни физичари. Доволно беше да знаеме за опасноста од радијацијата и избегнување на поголема изложеност.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.167
Поени од реакции
107.633
Чудно како русите поим немале за што се работи при експлозија на нуклеарна централа, живеејќи до неа, а притоа требало да имаат основна обука од АБХО заштита.
Ама не сфаќаш изгледа дека првично, околу пола ден, не ни знаеле дека е експлозија на јадрото од реакторот, туку дефект во тенковите. Гледаш дека и откако дознале уствари оти се десила катастрофа, властите не му кажале на народот што точно се случило, им рекле ве евакуираме на одреден период, неколку дена и после пак ќе ве вратиме.

Војската инаку имала гас маски, пожарникарите исто, само што не прикажуваат се во серијава. Рударите ако ја гледаше третата сезона ќе сфатиш зошто не носеле ниту маски ниту заштитна опрема.

Плус да напоменам дека имало луѓе кои свесно работеле на случајот иако знаеле дека кад тад ќе умрат поради последиците од радијацијата, зборам тука за рударите, пожарникарите и доброволците. Друга ствар е како што кажав што МОРАЛЕ останатите да работат таму, такво време било, ако се издаде наредба да се работи ондак тоа е тоа, идеш, работиш и поздрав.

И извини како се информирале порано? Еден дневник на државниот програм, весник и тоа е тоа, што ќе ти кажат таму тоа знаеш, типично за тоа време.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Во 1986 година каква писменост сакаш да имале да бе ние ке знаевме за опасноста и за радијацијата да не беше интернетот.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Тогаш немаше интернет, ама се знаеше за опасноста од радијацијата. Проблем беше што Советите најпрво се обидоа да ја заташкаат состојбата. Никој не знаеше што се случило. Неколку дена поминаа пред да известат дека се случила нуклеарна катастрофа. Наша среќа е што радиоактивниот облак не дојде во овој правец, туку на северозапад, кон Скандинавија.
Вие што ја следите серијата, обрнете внимание дали некој од одговорните намерно го исклучил ладењето за да види до која температура ќе издржи реакторот. Претпоставувам дека имало некоја автоматска заштита од прегревање, но таа откажала послушност. Такваа верзија кружеше некогаш, а колку е точна, не знам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Војската инаку имала гас маски, пожарникарите исто, само што не прикажуваат се во серијава. Рударите ако ја гледаше третата сезона ќе сфатиш зошто не носеле ниту маски ниту заштитна опрема.
ако е така, тогаш (што е нормално, ова е серија, не документарец) серијата ги искривува информациите. Но, на многу снимки ликвидаторите и населението не носеле друго освен обичен филтер за воздух. Граѓаните ни тоа. Според овие информации, имало околу 600-700.000 ликвидатори т.н. чистачи.
На видеово, 2.21 минута
https://www.youtube.com/watch?v=ro_a5gw0J6w
на сликиве се гледа дека добар дел не носеле класични гас маски. Иако гас маската штити само од воздушни честички па и таа не е семоќна при радијација.
http://sputnikimages.com/selection/list_1011243/79206.html
Ова
http://sputnikimages.com/selection/list_1011243/24017.html
не се гас маски. Барем не од оние кои тогаш се користеа кај нас во јна и во резерва. Ние имавме маски слични на овие
https://www.livescience.com/39217-how-do-gas-masks-work.html
Можда си ги видел сликите со купишта оставени гас маски со црево. Тие прилично се разликуваат од овие кои ги гледаме на сликите па се претпоставува дека се извадени од складовите под школото, кои би се користеле во случај на нуклеарна војна.
Во видеово https://www.youtube.com/watch?v=porGTHLKdWg во 10та секунда и во втора минута, тоа не се класични гас маски. Во 20та секунда се класични гас маски. Прашање колку од нив имале макар минимална заштита.

The very first people to go to the nuclear hell were firefighters - they did not know about the danger and were told the radiation leak was minimal. They did not have any special protective clothing, only light gas masks. Many of them are already dead, and many are dying a slow and painful death.

Втора работа е што немале заштита за телото па според сведочења на ликвидаторите, ставале оловни плочи под алиштата

Everyone is instructed to throw a shovelful of radioactive dust and then run. Almost all the liquidators who worked on the roof of the third block were thirty-five to forty year old reservists recalled to serve in the armed forces for 'maneuvers.' General Tarakanov ordered them to remove the lead sheets covering the walls of the government subcommittee bureaus in order to make them rudimentary protective clothing. These suits were not wearable more than once: they absorbed too much radioactivity.

The smart ones made themselves a lead “fig leaf” that they inserted between two layers of underwear. But they forgot neither the lead cap that they wore as headgear nor the lead padded sole that they slipped in to their boots.

Тоа дека морале да одат, е очигледно. Но дека во серијата се прикажани како тотални аналфабети за радијација па си играле во прашината, иако слушнале експлозија, е факт.

Еден инсерт од филмот Распад од 1990. Трета минута
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom