Goddess of Chaos
Nixe Nox
Патем, за полесно визуелизирање на чакрите, најчесто се користи замислување лотосов цвет во бојата на дадената чакра и фокусирање на цветот на центарот од телото каде што чакрата е лоцирана.
THE ROOT CHAKRA

Првата чакра е лоцирана на пределот од основата на 'рбетот, на опавчето, се до предната пубична коска. Органите поврзани со оваа чакра се долниот дел од грбот, бутовите, нозете и сексуалните органи.
Оваа чакра ја има црвената боја, а нејзината енергија ви помага да се фокусирате и смирите.
Овој центар ги содржи основните потреби за преживување, безбедност и сигурност, физичка енергија и виталност. Нејзините функции вклучуваат и еротични и прокреативни нагони.
The Root Chakra (да не ги крштевам на македонски безвезално) е моќно поврзана со нашиот контакт со нашата прва мајка - Земјата, и ни обезбедува способност да бидеме приземјени и стабилни на нејзината површина, да се поврземе со природните енергии. Ова исто така е и центарот на материјалното богатство. Кога се обидувате да ги остварите целите во материјалниот свет, енергијата за да успеете ќе дојде од првата чакра.
За да се сфати својата прва чакра, мора да се познава својата сексуална енергија.
Кога е блокирана, ќе се чувствувате уплашени и нервозни, несигурни и фрустрирани.
Но кога е премногу активна, ќе бидете крути, нефлексибилни и несмасни.
Секоја наредна чакра се наоѓа над неа, што значи дека сите наредни чакри ја примаат енергијата што им ја предава првата чакра.