Владата само ја претставува државата!
Може влади да паѓаат и да се раѓаат, нови општества да се формираат, сето тоа е пролазно, државата како територија останува. Оваа наша територија што ние денес ја викаме Македонија, не е создадена од некоја влада, постои од пи*ке си материн. Тоа што владата ја има (да речеме) контролата над целата територија на државата, пошто ние сме и го дале тоа право, не значи дека е изедначена со државата. Незнам дали некаде си чул fuck the republic?! Затоа напоменав, кај нас проблемот е терминолошки, државата се изедначува со владата, што е погрешно. Државата сме ние, заедно со сите природни богатства, а владата е крлеж закачен за истото
Ве лажат на чколија...

“Ние“ не сме државата.
Имаме само илузија на избор, преку парламентарни избори.
Ниту тоа се планини, езера, реки.
Тоа си се планини езера и реки, ништо повеќе. Дали се во Габон,Македонија,Бурма или Парагвај нив им е сеедно.
Оваа територија под име РМ постои од 1991.
Пред тоа како рамноправна федерална единица на СФРЈ од 1943.
Создадена е (како и останатие екс-ју држави) преку одлука на Југословенската влада да дозволи сојузните републики да имаат право на само-определување т.е отцепување.
Државата не е природна појава како ветрот, снегот и дождот.
Си има јасни параметри и се знае како и кога се појавила и кои се ингеренциите.
Границите и државите се менуваат и менувале низ историјата, ниедна држава не е вечна.
Не е погрешно, ни во РМ ни било каде во светот државата да се изедначи со владата бидејќи како што реков, владата е стопан на се под територијата од нејзина ингеренција.
Природните богатства не се ни твои ни мои.
Тие се на располагање на владата која е власник на истите.
По своја желба и потреба може да ги продаде, поклони, изнајми под концесија или да ужива било кое власничко право над нив.
А тоа право го користи секојдневно.
Власта е и сопственик на твојот и мојот имот, бидејќи мора да се плати за правото на користење.
А се плаќа право на користење на власникот на нештото.
Значи владата...
Пробај да не платиш данок на имот, извади знаме на врата и кажи им дека ова е наша земја,заедничко добро за која се бореле Гоце, Даме,Питу и другите востаници...
