Цените секојдневно растат, а платите стојат..

  • Креатор на темата Креатор на темата gori balkan
  • Време на започнување Време на започнување
Владата само ја претставува државата!
Може влади да паѓаат и да се раѓаат, нови општества да се формираат, сето тоа е пролазно, државата како територија останува. Оваа наша територија што ние денес ја викаме Македонија, не е создадена од некоја влада, постои од пи*ке си материн. Тоа што владата ја има (да речеме) контролата над целата територија на државата, пошто ние сме и го дале тоа право, не значи дека е изедначена со државата. Незнам дали некаде си чул fuck the republic?! Затоа напоменав, кај нас проблемот е терминолошки, државата се изедначува со владата, што е погрешно. Државата сме ние, заедно со сите природни богатства, а владата е крлеж закачен за истото :)
Грешка уште на почетокот.

Владата ја води државата, државата може слободно да се поистовети со правно лице а владата со нејзините менаџер. Аналогно на ова, менаџерите ако не се контролирани, често можат да превземат преголеми ризици(кои може да доведат до пропаст на правното лице клик за еден пример) за сопствена добивка притоа знаејќи дека не губат ништо освен работното место, но профитот што ќе го направат за тоа време е сосема доволен да се надокнади платата што ја изгубиле. Сега ти поврзи ја претходнава реченица со државата и владата.

И забегавме од темата :)
 
Ве лажат на чколија...:D
“Ние“ не сме државата.
Имаме само илузија на избор, преку парламентарни избори.
Ниту тоа се планини, езера, реки.
Тоа си се планини езера и реки, ништо повеќе. Дали се во Габон,Македонија,Бурма или Парагвај нив им е сеедно.
Оваа територија под име РМ постои од 1991.
Пред тоа како рамноправна федерална единица на СФРЈ од 1943.
Создадена е (како и останатие екс-ју држави) преку одлука на Југословенската влада да дозволи сојузните републики да имаат право на само-определување т.е отцепување.
Државата не е природна појава како ветрот, снегот и дождот.
Си има јасни параметри и се знае како и кога се појавила и кои се ингеренциите.
Границите и државите се менуваат и менувале низ историјата, ниедна држава не е вечна.

Не е погрешно, ни во РМ ни било каде во светот државата да се изедначи со владата бидејќи како што реков, владата е стопан на се под територијата од нејзина ингеренција.
Природните богатства не се ни твои ни мои.
Тие се на располагање на владата која е власник на истите.
По своја желба и потреба може да ги продаде, поклони, изнајми под концесија или да ужива било кое власничко право над нив.
А тоа право го користи секојдневно.
Власта е и сопственик на твојот и мојот имот, бидејќи мора да се плати за правото на користење.
А се плаќа право на користење на власникот на нештото.
Значи владата...

Пробај да не платиш данок на имот, извади знаме на врата и кажи им дека ова е наша земја за која се бореле Гоце, Даме и другите востаници...:D

Не бе брат, погрешно се разбираме :) Затоа и на првиот пост пишав терминолошка интервенција. Ама да не забегуеме во тој правец..
Инаку ова што ти го збориш е понова историја. Точно дека ниедна држава не е вечна, ама се додека постои народот, постои и државата, што не е случај со власта или владата (да те потсетам дека не збориме за моменталната поставеност). Држава постои од создавање на првите општества, уште од родовско општество. Тоа што ние сме дозволиле или пак дури и наметнале некој да не цица, (дали со парламентарни избори или кој и да е начин) не е проблем на постоењето на државата како институт, туку на нашата алчност како луѓе.

п.с. ептен сме офтопик
--- надополнето: Jun 1, 2011 8:12 PM ---
Грешка уште на почетокот.

Владата ја води државата, државата може слободно да се поистовети со правно лице а владата со нејзините менаџер. Аналогно на ова, менаџерите ако не се контролирани, често можат да превземат преголеми ризици(кои може да доведат до пропаст на правното лице клик за еден пример) за сопствена добивка притоа знаејќи дека не губат ништо освен работното место, но профитот што ќе го направат за тоа време е сосема доволен да се надокнади платата што ја изгубиле. Сега ти поврзи ја претходнава реченица со државата и владата.

И забегавме од темата :)
Се согласувам, во сегашна конотација :) (што сепак не значи дека е исто - претставува, води, кој и да е збор ама нема равенство)
 
Ве лажат на чколија...:D
“Ние“ не сме државата.
Имаме само илузија на избор, преку парламентарни избори.
Ниту тоа се планини, езера, реки.
Тоа си се планини езера и реки, ништо повеќе. Дали се во Габон,Македонија,Бурма или Парагвај нив им е сеедно.
Оваа територија под име РМ постои од 1991.
Пред тоа како рамноправна федерална единица на СФРЈ од 1943.
Создадена е (како и останатие екс-ју држави) преку одлука на Југословенската влада да дозволи сојузните републики да имаат право на само-определување т.е отцепување.
Државата не е природна појава како ветрот, снегот и дождот.
Си има јасни параметри и се знае како и кога се појавила и кои се ингеренциите.
Границите и државите се менуваат и менувале низ историјата, ниедна држава не е вечна.

Не е погрешно, ни во РМ ни било каде во светот државата да се изедначи со владата бидејќи како што реков, владата е стопан на се под територијата од нејзина ингеренција.
Природните богатства не се ни твои ни мои.
Тие се на располагање на владата која е власник на истите.
По своја желба и потреба може да ги продаде, поклони, изнајми под концесија или да ужива било кое власничко право над нив.
А тоа право го користи секојдневно.
Власта е и сопственик на твојот и мојот имот, бидејќи мора да се плати за правото на користење.
А се плаќа право на користење на власникот на нештото.
Значи владата...

Пробај да не платиш данок на имот, извади знаме на врата и кажи им дека ова е наша земја,заедничко добро за која се бореле Гоце, Даме,Питу и другите востаници...:D

колку е само погрешно, а ако бевме кралство и немавме влада тогаш немаше оваа земја да се вика Македонија?

Владата е само контролен механизам ВО државата и ништо повеќе. Народот е оној по чија воља на одредена територија создава нешто што го нарекува држава и народот е сопственик на тоа нешто. Тој исто така го одбира и начинот на уставното уредување или попросто кажано начинот на управување со цел подобра благосостојба на народот т.е. државата.
А нека дојде некој од власта и нека проба да ми го одземе мојот имот без посебен интерес и доброто на сите граѓани и затоа што тој бил нејзин а не мој :)
 
Оти нашите тутунари насадија толку тутун и сега не им го откупуваат?
Ај немој со такви глупи споредби. Спореди не со Африка, да можеме да размислуваме и дебатираме. Вака, не споредуваш со Германија каде што тој сељак живее подобро од тебе и од 95% од Македонците...
Заштото се повеке и повеке намалува вкупната потрушовачна на тутун во светски размери. Кога се бара помалце на светските пазари,помалце и ке изкупат,а коjто сел тутун и не му го изкупат - за негов рачун си е.
Во ЕУ има програми за намалуване на тутунот и за заменуването му со други видови продукциja. Државите дават еднократни субвенции да се откажеш от тутун.
 
А ние ги поставуваме владите....
НЦ... владите ни ги поставуваат олигархијата ние бираме само како ќе изгледаат на крај секад Ѕинго и Сител ќе бидат со нив...
 
Цените не' сотреа, инфлацијата над 5 отсто

Најголем раст има кај исхраната - 9,6 проценти и кај станарината, водата и услугите - 6,8 проценти
Соња Маџовска


Цените не' сотреа. Секој месец се' повеќе одат угоре, а џебовите и куповната моќ се потенки. И статистиката потврдува дека инфлацијата и натаму расте. Во мај годинава, во споредба со истиот месец од минатата година, трошоците за живеење се повисоки дури за 5,2 отсто, објави вчера Државниот завод за статистика. Најголем раст има кај исхраната - 9,6 проценти, кај станарината, водата и услугите - 6,8 проценти, а кај хигиената и здравјето зголемувањето е за 3,4 проценти. Според Статистика, порастот на индексот на трошоците за живеење во мај годинава, во споредба со претходниот месец, бележи намалување за 0,2 отсто. Во првите пет месеци од годинава, во однос на истиот период од минатата година, инфлацијата е повисока за 4,5 проценти.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3FF1296C6E75E74EA046A9F82E49DE0B
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom