- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.793
- Поени од реакции
- 33.604
Серијава мора да има своја тема. Значи мора, дефинитивно! Ќе го сфатите тоа уште по само неколку епизоди, ама епизода 8 е таа со која ќе го потврдите, без двоумење. Ама ај, да почнеме од почеток.
Castle Rock е хорор-мистерија anthology серија на Hulu, креирана од Сем Шоу и Дастин Томасон, а базирана на местата и ликовите од романите на Стивен Кинг. Продуцирана пак е од извонредниот Џеј Џеј Абрамс. Во тој состав, не можеш да не ја споредиш со некој спој на Lost, The Leftovers и Carnivale, и тоа по само неколку епизоди. Во главните улоги ќе ги видите Андре Холанд, Мелани Лински, Бил Скарсгард и Сиси Спејсек. Дејството се случува во измислениот град Castle Rock во Мејн, САД. Тоа е градот во кој се наоѓа на сите нам добро познатиот Shawshank затвор и каде се случуваат многу убиства, мистерии и надприродни нешта. Не би сакал да откривам никакви детали за дејството во воведново мислење, само можам да кажам дека е една епска приказна за доброто и лошото. И за едно место во кое ова второто почнува да победува.
Серијата е полна со метафори, алузии, мистерии од типот на оние од Lost, па и The Leftovers, и прикази на нешта кои честопати ќе ве останат подзинати со мислата: what the fuck I just watched... И триста прашалници во главата.
Останува уште финалето од првата сезона, па кој не ја фатил со ред, има време да нѐ стигне - секако ова се проголтува без застанување, во 1 ден.
Серијата е обновена за втора сезона.