canon eos 7d

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Деновиве сакам да нарачам canon eos 7d, од пиксплус гледам дека доаѓа и во кит со објектив EF S18 135IS, е сега прашањето ми е ( или повеќе како совет ) да го земам со овој кит или да си земам друг објектив. Моментално поседувам ( службен ) никон д40 со стандарден објектив 18-55 плус си земав сигма 10-20 ( кој ептен мерак ми прави ) и еден телеобјектив 70-300 исто така сигма ( маана нема стабилизатор и нема ауто фокус, но затоа има макро ).
Искрено јас го меркав објективот на канон 18-200 кој тука е некој си 45000 ден ( скупо бате ).
Ваш совет за објективот а и за камерата.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.345
Поени од реакции
7.466
Камерата би требало да е ТоБ :)
Искрено, јас користам EOS 40D на работа а овој е директен наследник на тој модел (во меѓувреме имаше и 50D). Објективот што го користам е од китот Canon EF-S 17-85mm 1:4-5.6 IS USM.
Разликата од тој апарат што ти го користиш сега до 7D е... гооолема :) Додуша веќе си го одбрал, и верувај ми најдобар е за тие пари.

Кога веќе сме кај објективите, фактички испаѓа дека објективот ќе те чини 20 илјади, што е сосема коректна цена за таков објектив. Мене да ми одобрат средства на работа одма одам со 2 раце и купувам тоа :) Додуша јас би земал 15-85 затоа што за она што ми бараат да фотографирам 15мм повеќе ми врши работа.
 
Камерата знам дека е топ, иначе 7д е нешто еден вид ( јас би рекол ретардиран ) наледник на 5д марк2 ( ради видеото ) но со нешто послаб квалитет на фотографија, у ствари ова им е маркетиншки трик на канон евтина камера ( за 1/3 поевтина од марк2 ) со подобри видео перфоманси но со нешто послаба слика, користи С објективи и има вграден блиц. Единствена мана што ми смета е големиот шум на високо исо. По странските форуми профисионалците ( кои веќе го имаат купено марк2 ) многу ја критикуваат камерата ( моја проценка е така затоа што им е криво што се испрчиле повеќе парички а реално тие 21мп никогаш нема да ги искористат како што треба, па и јас сликам со никонот во 3мп поѓаволите ), но тие што ја земале за прв пат се фалат.
Сума сумариум се двоумам околу објективот, дали ако се опрчам уште 20000 ден за 18-200 наместо 18-135 ќе добијам нешто плус со тој објектив. Уште од времето со зенитот знам дека објективот е всушнот 50% од камерата.
Иначе за цената види тука што нудат, а одалечени се само 445км ( и без виза ).
И мој совет ти е ако веќе имаш потреба од широкоаголен земи си 10-20 на сигма, закон е.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.345
Поени од реакции
7.466
Па не би рекол дека 7 е наследник на 5 Марк2. Ова со видеото... што им текна на Никон да стават у D90... сега сите почнаа со тоа :(
Не знам за шумот на високо ИСО. 40D имам сосема пристојно ниско ниво на шум на 1000ISO што комбинирано со бааги отворена бленда сосема би требало да врши работа у голем број ситуации. За жал мојот објектив се отвора блендата до 4, ама и така сум вадел коректни фотографии.

A за 10-20, за жал имам еден апарат, па не би сакал да менувам објективи по 3-4 пати на еден настан.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Канон 7 е про серија али најниската. Значи према бројките би одело најдолу 7 па 5 па 1. Но сепак тоа е ПРО серија на канон и нема сомнеж за квалитет.
Околу објективот.
Што ќе сликаш?
Кон што се стремиш. ПРО серија на апарати не се коистат со еден објектив (освен ако не си стриктно определен да покриваш одреден тип на фотки) на пример портрети или природа или макро или пејсажи а и тогаш на толку скап апарат греота е да се ограничиш на еден објектив. Па и малце понапредни аматери (во кои се сметам и јас) тежнеат да имаат повеќе “стакленца“ за разни сцени. До некаде тоа се ублажува со некој универзален објектив кој би имал и пристоен зум и макро и отвор и брзина али за ПРО серија тоа е хендикеп.
покрај објектив за ПРО апарат МОРАШ да имаш и солиден блиц.

18-200 е прилично слаб објектив по карактеристики
На таков објектив ќе имаш гоолема barel дисторзија така да на 18 речиси ќе биди неупотреблива сликата, имаш доста vingeting, chromatic и остали аномалии , некои ги имаш на 18-24 некои на 100, оштрината на сликата не му е баш нај нај...
Толку пари за апарат а ќе го осакатиш со таков објектив.
Значи пиши што скаш да сликаш за да ти препорачам некој солиден објектив.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.345
Поени од реакции
7.466
Да поедноставиме. Канон апаратите за про употреба имаат црвени линии на ременот. Ентри левел имаат бели.
Канон про објективите имаат црвена линија (прстен) на крајот на објективот. Ентри левел имаат сребрена. Има понекогаш и со златна боја. Тоа се ретки примероци, ама ги има и нив.

Така да, фино би било да се спари црвено ремче со црвена линија :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Да поедноставиме. Канон апаратите за про употреба имаат црвени линии на ременот. Ентри левел имаат бели.
Канон про објективите имаат црвена линија (прстен) на крајот на објективот. Ентри левел имаат сребрена. Има понекогаш и со златна боја. Тоа се ретки примероци, ама ги има и нив.

Така да, фино би било да се спари црвено ремче со црвена линија :)
и бордо торбица....
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
356
Поени од реакции
18
Искрено, јас користам EOS 40D на работа а овој е директен наследник на тој модел (во меѓувреме имаше и 50D)
Тешко дека 7д е директен наследник на 40д,50д. 7д си е сосема друга класа, и од канон го извадија само за да му направат конкуренција на никон за 300д.

А наследник на 50д ке си остане 60д. :wink:

Канон про објективите имаат црвена линија (прстен) на крајот на објективот.
Тоа ти се викаат L објективи и срамота е на некој апарат од XD серијата да се слика со некаков друг објектив. И така по 5-10 години квалитетниот објектив ке си држи цена, а телото што сега е топ по 5-10 години ке нема никаква вредност.

Nako, пиши за што ке го користиш апаратот?
 
nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Искрено повеќе го зимам за кратки видеа, макро фотки, то ес за сток фотки.
Како ли да е сепак ке си земам уште еден широкоаголен објектив а понатаму уште еден теле објектив.
За 20-25 дена ми го носат апаратот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Искрено повеќе го зимам за кратки видеа, макро фотки, то ес за сток фотки.
Како ли да е сепак ке си земам уште еден широкоаголен објектив а понатаму уште еден теле објектив.
За 20-25 дена ми го носат апаратот.
За видео - тешко дека СЛР апарат може да биди подобар од мини ДВ камера од 10.000 денари. Објективите на СЛР апаратите не се ни толку брзи ни толку тивки за да можат да дадат подобар квалитет на снимка. Затоа ако ти е ПРИМАРНО снимање видеа, подобра работа (и попрофесионална) ќе завршиш со камкодер.
Гледам дека си почетник во фотографија и дека и самиот не знаеш што точно ќе сликаш (широкоаголен, теле, макро...). али искуството и експериментите ќе те научат.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.345
Поени од реакции
7.466
Mickeymkd, верувам дека имаш забележано дека во меѓувреме излегоа неколку модели кои некако не можеш да ги стави во досагашните класи како на пример EOS 1000D, Nikon D5000. Дури и самиот наследник на Nikon D300 е горе доле истата машина само со додадено видео, 2 мемориски картички (CF и SD) и тежина аф корс :)
Енивејз поширок избор, подобра можност за фотографите да одберат камера којa највеќе ќе им одговара по цена и перфоманси.

А за тоа кој ќе биде следниот модел на Канон дали 60D или 5D Mark III, ќе видиме најверојатно до нова година. Тогаш ќе можеме да коментираме дали 7D е нова класа или само еволуција на 50D.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
356
Поени од реакции
18
За видео - тешко дека СЛР апарат може да биди подобар од мини ДВ камера од 10.000 денари. Објективите на СЛР апаратите не се ни толку брзи ни толку тивки за да можат да дадат подобар квалитет на снимка. Затоа ако ти е ПРИМАРНО снимање видеа, подобра работа (и попрофесионална) ќе завршиш со камкодер.
Гледам дека си почетник во фотографија и дека и самиот не знаеш што точно ќе сликаш (широкоаголен, теле, макро...). али искуството и експериментите ќе те научат.
Со 7Д може доста квалитетно видео да се сними. Далеку подобро од која било мини ДВ камера. Многу работа тука вршат објективите, и плиткиот DOF.

.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Со 7Д може доста квалитетно видео да се сними. Далеку подобро од која било мини ДВ камера. Многу работа тука вршат објективите, и плиткиот DOF.

.
Не би рекол. Кој објектив ќе го користиш да снимаш?
Некој макро па ќе смениш на теле за да доближиш подалечна сцена, и после ќе смениш широкоаголен..... Како ќе избегнеш да се слуша звукот на објективот кој фокусира или зумира додека снимаш непрестано? Имаш објекиви кои се доста бучни (а квалитетни) пошто во време кога се конструирани не постоеше опција за снимање на клип на ДСЛР (СЛР) или постојат квалитетни објективи али кои бавно фокусираат или потшко фокусираат во затемнета просторија. На 4 ГБ картица собира 12 минути снимка во ХД (максимално може да снима на 4 ГБ)
Мислам дека за 1500+ долари нема некои предности како видео камера.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
356
Поени од реакции
18
Не би рекол. Кој објектив ќе го користиш да снимаш?
Некој макро па ќе смениш на теле за да доближиш подалечна сцена, и после ќе смениш широкоаголен.....
Па и кога фотографираш во зависност од што фотографираш, таков и објектив користиш, така и тука.

До сега немам снимано со ДСЛР па неможам да кажам какво е ракувањето, дали се слушаат објективите и сл............Но, има голем број на видеа кадешто се гледа крајниот производ од снимањето, кој е исклучително квалитетен. А да не беше квалитетна снимката немаше да се користат овие фотоапарати за снимање на професионални видеа, како реклами, спотови и слично.............
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Канон може да сними 12 минути ХД.
Кој снима професионални видеа со ДСЛР?? или спотови??
Јас имам и ДСЛР апарати и камкодер (основен модел од некои 10.000 денари). Со камкодер покривам од вајд до 24х зум со квалитет кој беше доволен да се прикаже снимката на МРТВ. Ако земеш да снимаш со ДСЛР некое видео од пола сат при што треба да испукаш сат сатипол материјал (од кој после ќе измонтираш пола сат) па мораш 4-5 пати да преминиш низ барем 3 објективи и сето тоа да го снимиш во секвенци од по максимално 12 минути.....
Инаку звукот се слуша и тоа доста, објективи кои јас ги имам сите даваат звук при фокусирање некои повќе некои помалце па замисли кога микрофонот на ДСЛР-то кој е на неколку сантими од леќата фаќа и константно зуење на објективот.
Ова мода на снимање на видеа со ДСЛР брзо ќе помини пошто за разлика од компактните модели на дигиталци каде корисниците се аматери или фамилијарни луѓе кои сакаат да снима ти слика и клипче од роденденска забава кај ПРО ДСЛР моделите стриктно се бара фотографија. А ако се бара ПРО видео продукција, за тоа постојат ПРО видео опрема.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom