C#.NET

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Имам база на податоци со две табели кои имаат примарни клучеви и така натаму . . .
Ја дебагирам програмата внесувам во база податоци и ги читам и се е ок. Ако исклучам Visual Studio податоците ги нема или ако отидам десен клик на табелата и Show Table Datа не покажува дека нешто има во база.

???

Edit: Во VS е така, ако го стартувам ехе-то е ок работи.

Ако базата си ја додал во проектот со визардот за бази... тогаш на секое дебагирање базата ќе ти биде онака како што била пред да ја додадеш во проектот. Значи ако базата била празна пред да ја додадеш, тогаш после секое дебагирање базата ќе ти ја дава празна, ако пред да ја додадеш била 50% полна... тогаш после секое дебагирање ќе биде 50% полна и се така... мислам дека ме разбираш. Ова се дешава ако го користиш визардот, а за да VS-то не ти ја менува базата после секое дебагирање наместо визардот користи код...

На странава има добри објаснувања, само неможам да ги најдам тие „целосните“ објаснувања :jaj:

Проблемот со Show Table Data не е решен ?

Не сум 100% сигурен, ама мислам дека истиот случај е со тоа горе што го објаснив :toe:
 
Фала ќе се снаоѓам . . .
 
Фала ќе се снаоѓам . . .

Имаше мислам во Properties на .mdf датотеката во ВС опција copy on compile и имаше опции (always, never ...) пробај од таму да средиш, ако не можи поврзи се директно со базата односно со код ако користиш ADO или drag&drop ако користиш LINQ.
 
Користам ListView контрола која има повеќе колони (subitems), на сите можам да го подредам текстот TextAlign освен на првата колона ?

некој нешто искуство ?
 
Користам ListView контрола која има повеќе колони (subitems), на сите можам да го подредам текстот TextAlign освен на првата колона ?

некој нешто искуство ?

Факт.
Првата колона МОРА да биде лево подесена. You can't do nothing about it... барем на регуларен начин.
 
Факт.
Првата колона МОРА да биде лево подесена. You can't do nothing about it... барем на регуларен начин.

Изгледа заради CheckBox-овите што може да се наместат а може и не, мавнав една празна :) :)

фала
 
Како во listView контролата текстот (името) на колоните да биде во два реда ? има ли начин, готова апликација да не менувам сега контрола и код.

?
 
Во ListView контолата не можи текстот горе во колоната да биде во два реда.
Пробав со \n и со \r\n ама ги отстранува тие знаци.

Подобро ти е кога со глувчето ќе дојди до горе да се покажува балонче (tooltip) каде ќе имаш подетален опис.
 
Контрола што покрај име на колона ќе може да зададам име и на редица ?
Listview е само со колона ...
 
Импровизирај. Првото поле од секој ред некa биде име. Односно така се сите ListView-а.
 
Импровизирај. Првото поле од секој ред некa биде име. Односно така се сите ListView-а.

Импровизирав нешто, само така како што викаш ќе има проблем а може и не. Колоната каде што треба да бидат запишани имињата на редиците не смее да се менува од страна на корисникот за разлика од останатите “ќелии“ кои се наменети за корисникот.
 
Не сум 100% сигурен дали во ListView имаш да местиш Read Only поединечно на колони... ако е како во DataGridView ондак вака некако би било...

Код:
listView1.Columns[indexNaKolona (Во случајов 0)].ReadOnly = true;

...ова е за ако сакаш да направиш првата колона да биде Read Only (доколку е тоа возможно), а за тоа да направиш и име на редици ондак најубаво би изгледало со Custom Forms и Custom Controls али така ќе се дупнеш од куцање код, а ти треба доста добро да ги знаеш можностите на .NET за да испадне се како што треба :toe:
 
Стварно ми треба нешто такво бре луѓеее. Контрола да има и редици и колони. Не е баш да импровизирам работава.
 
Полињата ListView контролата не можат да се изменуваат. Можно е првото поле од секој ред да се изменува ако наместиме ListView.LabelEdit = true.
Така тоа ќе можи да се изменува со троен клик.
Со евентот DoubleClick можи да се направи и со двоен клик
Код:
private void listView1_MouseDoubleClick(object sender, MouseEventArgs e)
{
	listView1.SelectedItems[0].BeginEdit();
}

Е сега со кодов погоре не можи да се направи да се изменува било кое поле. Ако можеше, едноставно ќе беше решението. Ако селектираното поле е прво поле во редот, не го изменувај. Ама финтата е тоа што селектирани полиња можат да бидат само првите полиња.
ListView е наменета да содржи по еден објект во ред, а останатите како споредни, затоа е така. Што ако ListView ја прикажуваш со големи икони. Тогаш би се гледал само главниот објект.

Има финти со евентиве да направиш на двоен клик да се прикажува EditBox, пa да измениш во него и да се направи измена. Има и цели посебни контроли со вакви финти кај ListView. Пример ObjectListView

Значи ако користиш ListView со некоја од финтиве, стави го ListView.LabelEdit = false, и во кодот кај што се покажува EditBox-от проверувај дали полето кое е два пати кликнато е прво поле по редот. Ако е не менувај, ако не е, менувај.

Контрола која е наменета за податоците во нејзе да се менуваат во живо е DataGridView. Полесно е со оваа да се работи. Ете погоре SkyDriver напиша како да ја заклучиш цела прва колона од менување.
 
Добро, ќе пробам со DataGridView. Треба во ќелиите да има како во ексел опција за паѓачко мени = comboBox
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom