Здраво,
Ми треба помош околу алгоритам за проверка/поправање на грешки во Хамингов код. Дадена е кодирана порака со минимално растојание 4 (последниот бит е бит за парност)
На пример, позиција 0 во една низа е контролен бит кој ги контролира позициите 2, 4, 6, 8... (check one, skip one)
потоа, позиција 1 е контролен бит кој ги контролира 2, 5, 6, 9, 10... (check two, skip two),
потоа, позиција 3 е контролен, ги контролира 4, 5, 6, 11, 12, 13, 14... (check four, skip four) итн....
Кодираната порака е со неодредена должина! па за тоа потребен ми е универзален алгоритам кој ќе се движи низ контролни позиции и ќе пресметува онолку битови колку што се потребни (според позицијата).
Има некој идеја како ќе се движиме низ контролните позиции со циклус(и)?
Фала.