Здраво, нов сум на форумов па сакав да прашам нешто во врска со место за кампување и палење логорски оган. Во темата ''Кампување со шатор'' веќе напишав па си велам и тука да прашам. Да не должам, имате ли некое предлог место за неколкудневно кампување во природа, и секако сакав да прашам нешто во врска со оганот, односно дали смее/не смее секаде да се пали(и нешто околу законите на таа тема). Благодарам многу.