Денеска зедов 50 денари во Астра, па ај си реков дур ми оди, да го истипувам гермасково за утре.
ХСВ - Вердер - 1 (ХСВ полека си ја враќа формата, врзаа три натпревари без пораз, и мислам дека нема да дозволат еден ваков изгубен Вердер каков што е моментално да им ги земе трите бода)
Нирнберг - Келн - Х (и тоа 3:3)
К'лаутерн - Гладбах - 2 (во одлична форма се, мислам дека К'лаутерн нема шанси против овој тим на Гладбах, па макар и дома. Можеби нема да биде убедлива, но ќе биде победа)
Херта - Дортмунд - 1 (кој да ја прекини победничката серија на Дортмунд, ако не Херта. Мораат да излезат од таа опасна зона за испаѓање и да се заковаат таму малку погоре, да ја издржат сезонава, па за в година нека му ја мислат. Дортмунд мора да бидат плеснати од земја утре, без Кагава и Гетце, добри се шансите за ова.
добро сеа, малку и навивачки ова )
Леверкузен - Аусбург - 1 (се надевам не се изморија во ЛШ. Не би требало оваа да ја кикснат)
Фрајбург - Баерн - 2 (навивачки, офкорс)
Ни две нема да погодам, туку ај.