- Член од
- 13 октомври 2007
- Мислења
- 3.175
- Поени од реакции
- 435
Бугарскиот конзулат бара финансиска поддршка од битолски фирми за прослава на националниот празник
Во пресрет на одбележувањето на Националниот празник на Република Бугарија, трети март, Бугарскиот генерален конзулат во Битола упати писмено барање до битолски фирми за финансиска поддршка до 500 евра.
“Со желба за достојно одбележување на Националниот празник на Република Бугарија во Република Македонија генералниот конзулат со оглед на ограничениот буџет на мисијата, се обраќа со молба за финансиска поддршка за предвидените прослави.”-стои во писмото потпишано од генералниот бугарски конзул Наум Каичев, при што се бара поддршка до 500 евра.
Прославата започнува со концерт на 1 март во Домот на културата во Струмица, а официјален дипломатски прием ќе се одржи на 2 март во Битола.
Поради писменото барање за поддршка до фирми чии бизниси се поврзани со патувања во Бугарија или преку Бугарија, а за што се потребни бугарски визи, некои од бизнисмените во ова гледаат притисок да донираат, иако има и такви кои велат дека немале можност да помогнат и не го сториле тоа. Бизнисмените не сакаат да зборуваат пред камери, но писмото го доставија до медиумите.
Генералниот конзул во Битола на прашањето за коментар побара истото писмено да биде доставено.

...