od taaa triologija na talev (prilepcanecot wanabe bugar) vo delot
Во романот „Илинден“ од Димитар Талев, меѓу другото, е прикажан говорот што го одржал македонскиот револуционер Гоце Делчев, а по повод неговиот престој во Преспа есента во далечната 1901 година. Во тоа време пред преспанчани Гоце Делчев изјавил: „Во нашата борба да сметаме, пред се', на себе, на своите сопствени сили. И разјасни дека оној што самиот ја ора нивата, ќе ја изора добро и самиот ќе го прибере нејзиниот плод. Не и' мислат добро на Македонија кнезовите и кралевите околу нас, нивните генерали и министри, се демнат меѓу себе и острат заби за грабеж. Тие мечтаат за голема Бугарија, за голема Србија, за голема Грција и погледнуваат лакомо кон Македонија, секој гледа да го надитри другиот, секој се токми да зграби поголемо парче од нашата земја. Македонија веќе има сопствена судбина. Македонија има свои интереси и своја политика, таа им припаѓа на сите Македонци. Оној што копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин и ли за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го поддржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи. Да работиш за присоединување на Македонија кон кнежевството Бугарија, тоа значи да си непријател и на Бугарија и на Македонија. Против таквото присоединување ќе се дигнат сите други балкански држави“.
ikao od ona sto go izigbav po net
имитар Талев е роден во Прилеп, а живеел и работел во Бугарија. Тој е еден од најпознатите бугарски писатели кој во целиот свој опус пишува за Прилеп и за Македонија. Но, лично, тој се чувствувал како Бугарин. А во 1944 година Талев бил уапсен од бугарските Власти заради своите патриотски и антимакедонски ставови и испратен во централниот затвор во Софија, од каде што подоцна бил префрлен во работните логори „Бобов дол“ и „Куцијан“. Македонската научна јавност се има оградено од Димитар Талев откако по втората светска Втората светска војна тој и неколкумина други признати Македонци во Бугарија одбиле да се вратат во татковината и да работат на подигнувањето на научната мисла и творештво на македонскиот народ. Димитар Талев умира во Софија 20.10.1966 година.
Инаку, тој е еден од најпочитуваните бугарски писатели кој бил предложен и за Нобеловата награда