Bron/Broen

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ова е втора тема што ја отварам за серија наречена Мост. Едната што ја отворив беше The Bridge, навидум добра серија, а сега жалам што мене ме има како автор на отворената тема. Огромен минус за таа серија која не е ниту малку достојна до фасцинантниот оригинал, серијата Bron/Broen, или мост на двата јазика дански и шведски кои го следиме во текот на серијата. Приказната за некому непозната, се случува убиство на политичарка на средината на мостот кој ги дели Малме и Копенхаген. Детективката Сага од Малме и Мартин од Копенхаген ќе бидат оние на кои ќе им припадне задачата да ги откриваат виновниците на низа убиства кои следат всушност предизвикани поради социјалните проблеми што се случуваат во обете држави.

Темата ја пишувам откако ја изгледав првата сезона чиј крај дефинитивно можам да го сместам во една од највозбудливите и напнати 58 минути во телевизиската историја. Одличната музика, ладната атмосфера се она што е вистински белег на скандинавската кинематографија од филмовите која можеме да ја видиме и во серијава. Сага е фасцинантен лик, полуаутистична жена која има врвна меморија, а и со текот на епизодите гледаме како полека се обидува да се социјализира и ја гледаме нејзината желба да се вклопи во општеството. Моментално ја гледам втората сезона и подолг коментар ќе оставам во друго мислење, засега тематиката ми се допаѓа уште повеќе од прва. Огромна препорака.
(сликата е од втората сезона)

:cuc::cuc:

--- надополнето: 14 декември 2013 во 21:45 ---
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Јас малку каснам со серијава, меѓудругото затоа што го изгледав меричкиот пилот и сум се откажал од идејата.
Како и да е, симнав веќе втора сезона.
Серијава е сериииште.
Како што реков, после The Killing - ова!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Мене The Killing ми е наредна, ме чека забава :icon_lol:

Инаку ја гледам втора сезона сега, ептен повеќе ми се допаѓа ситуацијава со епидемијата, сакам такви приказни, башка и Сага тука уште подобра ми е!

За оние кои веќе ја гледале малку ми е нејасно, на четврта епизода сум и многу измешани работи има, ептен имам прашања и стварно сега засега не знам кој би можел да биде поврзан со ова. Многу ми е чудна жената која доби од мажот ѝ за поклон силикони, тој нејзиниот е ептен чуден типац и може он да е нешто вмешан o_O
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Ремек Дело!!

Баш ми е ќеф што повеќе тука од вас се решија да ја гледаат, јас им тупам на другарите постојано се обидувам да натерам некој да ја гледа.

Кинематографијата од мене има оцена 20 од 10 :)

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Не е така лоша преработката. Имам на два пати почнато да го гледам и оригиналов, ама некако не ми иде кога не е на англиски. (од едукативни причини)
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Јас ја изгледав цела, едвај чекав да заврши вторава сезона. Серијата врв :cuc: И ќеф ми е што е на шведско-дански и што е квалитетна, да ти е мерак да ја гледаш и затоа што од американски серии веќе преку такво :rolleyes:
 
Како тоа едвај чекаш да заврши а ти е супер серијата, јас сум на 2x06 намерно ја забавувам по една дневно не сакам никако да заврши :place:
Полека елиминирам можни луѓе, и туку наеднаш нешто ќе се деси и пак се враќам на нула, тотално е непредвидлива сезонава, кој знае што ќе излезе на крај...
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Изгледана за неколку дена, топ серија.
На почетокот можеби малце ми сметаше јазикот али после 3/4 епизоди си легна се одлично. Воопшто не ни го приметував.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Како тоа едвај чекаш да заврши а ти е супер серијата, јас сум на 2x06 намерно ја забавувам по една дневно не сакам никако да заврши :place:
Полека елиминирам можни луѓе, и туку наеднаш нешто ќе се деси и пак се враќам на нула, тотално е непредвидлива сезонава, кој знае што ќе излезе на крај...

Грешка во падежи де :P Со нетрпение чекав да излезе нова епизода, во недела ја даваа во Шведска/Данска, јас во понеделник веќе ја барав на Замунда. Ете тоа сакав да кажам ;)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Грешка во падежи де :P Со нетрпение чекав да излезе нова епизода, во недела ја даваа во Шведска/Данска, јас во понеделник веќе ја барав на Замунда. Ете тоа сакав да кажам ;)
Јас ги гледав среда или четврток кога ќе излезеше од Норвешката телевизија бидејќи имаше HD а и беше без никакви вметнати титлови.

За оние што ќе ја гледаат сега ќе им препорачам така да си ја симнуваат или пак прва сезона ја има од BBC со вградени титлови на англиски.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Еден малце подолг коментар сега за втора сезона!

Денеска ја изгледав, и сум уште под импресии, едно од најладнокрвните финалиња некогаш изгледани, така одлично напишано, осмислено, дури и ги почитувам тоа што нова сезона ќе нѝ понудат дури во 2015-та затоа што треба време да се осмисле ова совршенство, да се гледа и до најситен детал се да биде перфектно изрежирано.

:cuc:

Затоа што има многу да искоментирам со спојлери, се ќе ставам во таг, би сакал некој да ме реплицира да имаме некоја дискусија за мислење околу сезонава ликовите општо, гледам никој не кажува нешто повеќе, само околу тоа дека е добра серијата.
Ни на крај памет немаше да го помислам тоа епско финале дека Мартин го труел Јенс во затворот со кафе, се стаписав кога Сага ги најди шишенцата во архивата:eek: , апсолутно брилијантно, и да и на крајот сепак ја видовме вистинската Сага - ладнокрвна, но секогаш праведна, па дури и да го издаде нејзиниот единствен вистински пријател. Тоа е таа Сага. :cuc:

Она што не ми се допадна беше околу нејзиниот дечко, можеше таа приказна подобро да се формира, но од друга страна пак си викам конечно сфати таа самата дека не може да опстане со некој постојано до неа, нема емоции за на некого да му ги даде, само секс и ништо друго, смешно но за жал така беше:)

Перниле:eek:ааааа толку сум тажен, таман си ја засакав како лик и ми ја рокнаа, стварно не очекував така да заврши нејзиниот лик.

Целата ситуација со Викторија, брат ѝ, Гертруде ми беше одлично осмислена, уште на почеток сите работи што ни ги даваа беа испреплетени и стварно не знаев каде ќе оди сето тоа, но сепак се си се намести на своет место, фасцинантен завршеток за Викторија која беше марионета наменета да ги зарази сите, одлично, за мене подобра приказната од првата сезона!
 
Што да се реплицира. (Шта речи :) ) Од каков почеток до каков крај беше оваа сезона. Мене искрено не ми ни падна на памет дека е жена му на оној шмокљанот е до толку флипната да смисли такви комбинации. Како почна вторава сезона мислев дека тоа децата се во филм, па дека некој стои позади нив, ама ни на крај памет дека може до толку далеку да отидат богати луѓе без памет. Ептен добар заплет и добра серија што успешно држи до крај. Али ликот на Сага ми е врв, камо среќа да се учеше како да бидеш така ладнокрвен и без силни емоции, јас прва ќе се запишев на таков курс:P А за другар и ми падна жал - греота човекот, така ладнокрвно му рече жена му „Абе не те сакам веќе“, што ми дојде да го гушнам :(
--- надополнето: 20 декември 2013 во 23:09 ---
Еден малце подолг коментар сега за втора сезона!

Денеска ја изгледав, и сум уште под импресии, едно од најладнокрвните финалиња некогаш изгледани, така одлично напишано, осмислено, дури и ги почитувам тоа што нова сезона ќе нѝ понудат дури во 2015-та затоа што треба време да се осмисле ова совршенство, да се гледа и до најситен детал се да биде перфектно изрежирано.

:cuc:

Затоа што има многу да искоментирам со спојлери, се ќе ставам во таг, би сакал некој да ме реплицира да имаме некоја дискусија за мислење околу сезонава ликовите општо, гледам никој не кажува нешто повеќе, само околу тоа дека е добра серијата.
Ни на крај памет немаше да го помислам тоа епско финале дека Мартин го труел Јенс во затворот со кафе, се стаписав кога Сага ги најди шишенцата во архивата:eek: , апсолутно брилијантно, и да и на крајот сепак ја видовме вистинската Сага - ладнокрвна, но секогаш праведна, па дури и да го издаде нејзиниот единствен вистински пријател. Тоа е таа Сага. :cuc:

Она што не ми се допадна беше околу нејзиниот дечко, можеше таа приказна подобро да се формира, но од друга страна пак си викам конечно сфати таа самата дека не може да опстане со некој постојано до неа, нема емоции за на некого да му ги даде, само секс и ништо друго, смешно но за жал така беше:)

Перниле:eek:ааааа толку сум тажен, таман си ја засакав како лик и ми ја рокнаа, стварно не очекував така да заврши нејзиниот лик.

Целата ситуација со Викторија, брат ѝ, Гертруде ми беше одлично осмислена, уште на почеток сите работи што ни ги даваа беа испреплетени и стварно не знаев каде ќе оди сето тоа, но сепак се си се намести на своет место, фасцинантен завршеток за Викторија која беше марионета наменета да ги зарази сите, одлично, за мене подобра приказната од првата сезона!

А за Мартин и Сага. Мислам дека некогаш нешто треба да се премолчи. Можеби ова беше тој момент, ама ликот на Сага е сам по себе доволно психопатски така што и нејзината реакција воопшто не ме изненади.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
А за Мартин и Сага. Мислам дека некогаш нешто треба да се премолчи. Можеби ова беше тој момент, ама ликот на Сага е сам по себе доволно психопатски така што и нејзината реакција воопшто не ме изненади.
Баш така, во многу сегменти ме нервираше нејзиниот лик но сепак на крајот преовладуваше она восхитувачко чувство. И за Размус еве ќе го спомнам, и таму праведноста си ја истера до крај, не му даде на човекот да биде со случајот до крај а толку се жртвуваше и сам откри некои работи.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Мене па тој лик воопшто не ми се допаѓаше. Пустиот запна да се истакне, па од гомна во гомна паѓаше. Немаше добар пристап, скока ко заклана кокошка и од сите најде на Сага паметен да и се прави (не дека нејзе нешто многу ја заболе :) ). Искрено, за него ич не ми беше жал што го шутнаа. Само не знам кој ќе и биде партнер во третата сезона, затоа што нема логика пак да биде цајкан. Сигурно ќе стават некој друг кој пак ќе и се чуди на паметот, а може и ќе ја ожени - којзнае што ќе се случува, али како и да е ЕДВАЈ ЧЕКАМ (ама да ја гледам, а не да заврши ;) )
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Само не знам кој ќе и биде партнер во третата сезона, затоа што нема логика пак да биде цајкан. Сигурно ќе стават некој друг кој пак ќе и се чуди на паметот, а може и ќе ја ожени - којзнае што ќе се случува, али како и да е ЕДВАЈ ЧЕКАМ (ама да ја гледам, а не да заврши ;) )
Што мислиш ќе го вратат Мартин како лик во некоја ситуација, не знам дали има смисла неговото враќање, еве исто како што и би немало смисла Броди да е жив во Homeland некако исти ми се ситуацииве, залудно е да го враќат, иако ми е феноменален лик. Некако не би ми била Сага таа што е без него, некој што ќе ѝ кажува што како треба да биде, што не треба да праве, а таа пак ќе го направе тоа. Во врска со нешто што ми остана нејасно е таткото на Лаура, таа што работеше во IT фирмата, не го објаснаа тој лик до крај па имам некој сомнеж дека може да го вратат, ми беше сомнителен уште кога го покажаа, кој знае може само глупави претпоставки ми се ова.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom