Може да се носи бројаница..или да се користи при молитвта..се додека не премне во идолопоклонство некој си фетиш или суеверие..односно додека не ја замени молитвата или кон кого е упатена...Мислам дека монасите ја вовеле..ама не сум сигурен..и намената и била како што кажува името за броење на молитвите...
Христос не рекол дека треба да се бројат молитвите.
Тој што ги вовел нема библиска поткрепа за тоа.
Едноставно нема потреба да постојат во молитвениот живот.

И тоа зато што монасите кои и се посветуваат на Господовата молитва го прават тоа постепено па се повеќе и повеќе. Е во та смисла духовните Оци им даваат на своите чеда за почеток помалце молитви да кажат на ден па се повеќе. Значи може да биде по 1-2 круга, по 100 на ден, по 500, по 1000 за да на крај самата Господова молитва стане дел од човекот и да од едно правило за кое на почеток требало труд стане еден интегрален дел од човекот и да се кажува и неприметно со секој здив. Тие што отишле подалеку можат да прават и други, напоредни, работи со кажувањето на Господовата молитва. Да работат и да ја кажуваат па дури и да зборат со други луѓе и да ја кажуваат!!! Доколку сте приметиле во некој манастир (обично таму може да се види) дека некој збори и ја врти бројаницата тоа е управо тоа!