Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Фантастично финале, без ниту една замерка. Предвидливо беше, но сепак одлично скоцкано.

За мене лично Брејкинг Бед ќе остане една од најдобрите серии на сите времиња. Шоу со врвна глума, со фантастичен актер во главната улога кој заедно со Гандолфини/Сопрано за мене се најдобро одглумените ликови во серија на сите времиња. Шоу со одлична и ™ камера, фантастична музика и сценографија.


Но воедно и една од најпреценетите серии за која се крена преголем хајп и фановите не ги ни приметуваа пропустите, особено во делот со приказната. И тоа со преувеличеноста на симблоликите and stuff.

Али да не јадам гомна. И мене ќе ми фали...

Chemistry is the study of change... и би тоа!
 
Момци нема потреба од заблагодарување, за мене доволна е сатисфакцијата што можам да делам импресии и да ги видам рекациите на другите кога го гледаа/ќе го гледаат ова ремек дело! како и секој филм ентузијаст :)

Се надевам дека ќе налетаме на шоу од овој калибар во иднина, после SFU/Sopranos/The Wire,мислев дека нема да се случи, но ете бев демантиран. Не за друго, сега критериумите се толку високи, што све друго ми.....е онака....:(
 
Сцената со саатот ја протолкував како одбројување на последните часови, го остава за да ги отчука секундите до неговиот крај, пред да отиде и да ги заврши работите на оној за него препознатлив генијален начин..

Сцената за саатот испадна дека била поради континуитет xD
 
Прво, едно големо благодарам до ценетите господа Гилиган, Кранстон и Пол, како и сите други од екипата што ни овозможија вакво ремек дело проект, едно од најдобрите, ако не и најдобар тв производ.

Второ, благорам и до Psyside што ја отвори темата и ја промовираше серијата како и до сите што коментираа на првите страни, дефинитивно придонесоа да одлучам да ја гледам серијава.

За самата серија не вреди да се трошат зборови, најдобро од најдобрите.

За финалето конкретно, емотивно, не премногу нападно тивко, малце предвидливо но сепак некои работи логично мораа да се случат. Кулминацијата беше во 14- епизода и таа епизода ме остави без здив, последните две беа расплет, затворање на кругот.

Нема да цепидлачам и да барам мани во поедини сцени, јас немам замерки ( а читам на нетот особено за сцената со убивањето на нацистите, како не му го претресле багажникот, како знаел дека сите ќе бидат во една соба, како баш се наредиле сите нацисти за да бидат погодени и сл) ама тоа не е поентата на финалето.

Ќе издвојам некои прајслес сцени од финалето кои ептен ми оставија впечаток.

1. Сцената во куќата на Шварцови, кога Волт ја гледа куќата и си најверојатно си вика во себе „е можев и ас да имам вакво нешто“.

2. Дијалогот со Скајлер, многу емотивна сцена, како и тие со децата во продолжение.

3. Рингтонот на мобилниот на Тод кога го бараше Лидија :)

4. Фацата на Лидија, онаква разбушавена и без шминка кога и кажува Волт дека ја отрул.

5. И секако последното збогување на Волт и Џеси, кога човечки, јас би рекол и пријателски се простија со климање на главата.

6. И последната сцена, Волт кој мирно умира во лабораторијата со некаков мирен, пријатен дури и среќен израз на лицето.

Она што јас планирам да го направам во наредниот период, а ви препорачувам и на сите вас е да повторно ја изгледате серијата од почеток. Верувам дека сега ќе имате поинакво чуство кога ја гледате, веќе ќе знаете што следува и верувам дека морници ќе ве полазат особено во првата сезона, кога ќе размислите до каде сите ликови стигнаа и што се се случи, кои се овие луѓе во првата а кои во петта сезона, буквално Breaking Bad, за сите ликови, не само за Волт, оти сите се променија, сите станаа други луѓе, некои не преживеаа а некои имаат сосем нов живот.
 
Фантастично финале, без ниту една замерка. Предвидливо беше, но сепак одлично скоцкано.

За мене лично Брејкинг Бед ќе остане една од најдобрите серии на сите времиња. Шоу со врвна глума, со фантастичен актер во главната улога кој заедно со Гандолфини/Сопрано за мене се најдобро одглумените ликови во серија на сите времиња. Шоу со одлична и ™ камера, фантастична музика и сценографија.


Но воедно и една од најпреценетите серии за која се крена преголем хајп и фановите не ги ни приметуваа пропустите, особено во делот со приказната. И тоа со преувеличеноста на симблоликите and stuff.

Али да не јадам гомна. И мене ќе ми фали...

Chemistry is the study of change... и би тоа!
Малце контрадиктарно да не е ова?
Јас сум сигурен дека во секоја серија може да се најдат пропусти. Еве моментално ја гледам The Wire, која уопште не е толку „позната“ и исфорсирана како некои други серии (секако огромен удел има и тоа што одамна е завршена со снимање), исто ни таа не е без грешка. Оние што ја гледале знаат дека се работи за фантастична и доста реална серија, која секако спаѓа во таа група „најдобра на сите времиња“. Во истата спаѓа и Брејкинг Бед.
За хајпот нормално дека ќе се создаде, за една популарна оngoing серија. Не знам само зошто секогаш ви смета тоа, демек јас сум кул затоа што ја гледав пред да биде кул.
Не знам искрено, зошто барате грешки на ваква серија?

За мене серијата има 10/10, од глума, до приказна и све живо.После втора сезона, серијата станува како дрога и не можеш без неа. Не можеш да не мислиш, што ќе се случи со Волт/Хајзенберг, колку пати ќе го спасува Џеси, па после се обрнаа улогите и практично Џеси го држеше во живот Хајзенберг.
Соработката со Гас и сите заебанции во врска со него. Покажување на тоа, колку претпазливо работи и пази да не биде откриен.
 
Еве моментално ја гледам The Wire, која уопште не е толку „позната“ и исфорсирана како некои други серии

хахаххахах не.
XD
у пакет иде форсирањето на BB и The wire :D
 
Уствари нај Breaking Bad™ момент во епизодата беше ringtone-от на телефонот на Тед. :pos:

Феноменален црн хумор има серијава (не за сцената него општо зборам)
 
Invader абе во таа група „најдобрите на сите времиња“, сметај дека има 5-6, од тие што сум ги гледал, за останатите не можам да судам. :)

Али ај, не е време сега за тоа, се извинувам, темава ќе остане отворена, за тоа понатака, сега да жалиме што серијата заврши.

п.с.

1379573_10151922492952722_1452849758_n.jpg


:cuc:

Колку ли е само најјако да работиш на ваков проект... Dream job!
 
Еве го легендарниот пост :cuc:

Се сложувам целосно со мислењата на другите во однос на самато финале и воопшто серијата. (y)

Инаку да се надополнам, покрај тоа што ја сакам серијава заради сите тие причини, што ги спомнаа останатите во нивните одлични reviews (глумата, приказната, музиката ....), за мене оваа серија има големо значење, затоа што на некој начин помогна да се зближам повеќе со моето семејство. Ова најозбилно го мислам :X3:. Никогаш претходно не сме биле толку сплотени и во таква хармонија, како она лето во 2012 кога ја гледавме маратонски серијава. :гик:

Ах, доста се препознав во постот на Џимеј... :X3:
 
хахаххахах не.
XD
у пакет иде форсирањето на BB и The wire :D
Не може никако да се споредат. Еве спореди ја со некоја завршена серија во поглед на форсирање. Сикс фит андер и Сопранос ќе ти ги дадам само за пример.
 
Инаку уште еден foreshadowing OMGVINCEISGENIUS момент.
На крај идеата на Saul за ласер(тагот)ите испадна дека стварно е успешна е дека баш заради ласери семесјтвото на Волт ќе си ги добие парите :D
 
Се ОК, не најуба епизода од сите, ама солиден крај.....ама како полицијата дојде на местото после пукањето не знам
 
Фалеше сцена за Хенк и Гомез, мислам дека заслужиja и овие карактери барем 5 сек да ги прикажат како ги пронаоѓаат и да се долови и таа слика а не ние да си правиме филмови.
Се згазив смеејќи кога ги видов Беџер и Скини како ги собира Волт откако ги окаректеризира како "the two best hitman West of the Mississippi" :pos: момент кој даде една ведрост на самото финале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom