Можни зомби спојлери... Уствари тук там по некој...
Ако ви кажам дека имав трема пред да ја изгледам 05 01 ќе ми се смеете. Не? Ја одложував намерно и сега конечно и се препуштив и на раат ја изгледав. До душа со пивце де, ама ќефски да. Малку и поднапиен ви го пишувам постот де, ама иако сте навикнати еве Ви едно сори за грешки у правопис.
Пукаше од симболика почетоков на епизодата. Не знам ептен ми е сомнителна таа игра со сланината. Ви текнува на ова кога славеше 50-че:
Хммм, значи ќе поживе Волт, барем уше некое време.
А уствари каде се наоѓа? Некаде во Ново Мексико? У бегство е, се крие, мош да конечно е пак слободен човек макар и далеку од фамилијата? Али ако се крие зошто келнерката му се обрати со " Среќен роденден господине Ламберт! ". Ламберт? Колку шо имам читано тоа е девојачко ( моминско) презиме на Скајлер. Ебаго ако е у илегала сигурно нема да преземе лажен идентитет кој на некој начин го поврзува со неговото минато.
Играта со сланината ни кажува дека ќе е жив и здрав, уствари сјебан е да, али дише, барем уште на некое време. Четвртата епизода од оваа сезона е 51, значи по некоја логика на нештата треба да е тука барем уште една година. Хммм... А може па тоа не е ни 5, може е S2? Мош да е само стапица и погрешно надеување од страна на продуцентите?
Еве нешо гратис додека да си ја префрлам мислата на друга сцена. После ова сликче сфатив дека проклето добро ќе го личи да ни е на знамето. Еве јас покренувам иницијатива
И сеа прави бек ту реалити и мене одма ми боде в очи чашката алкохол. Луѓе сака да ја удави совеста со алкохолот или пак слави? Ја искрено не можам да го скапирам.
И дефинитивно Тед беше одличен мртов. Мислам уат д фак им е филмот шо го вратија. Се ми се чини дека немаат такво Скајлер да премине на страната на лошите и да расчисти со себе. Јака ми беше паралелата Тед- Скајлер - Волт и кругот на стравот. Тед се плаши од Скајлер, а Скајлер од Волт.
Толку ај.
П.с "Keys, scumbag. It's the universal symbol for keys." "You know how they say it's been a pleasure? It hasn't been."