Како воопшто можеш човечкото општество да го споредиш со вирус? Со вирусот нема дијалог, тој нема способност да мисли и сфати, за луѓето веруваме дека имаат. Пак филмски примери, ама ако сакаме да сме реалисти и утопијата да ја оставиме на страна, со тоа мораме и вакви смешни примери со вируси, риби и лавови. Различно е едноставно.
Грција не ја признава Македонија, не отстапува од своите ставови, демонстрира воена сила, ги малтретира Македонците во Беломорјето, а се смета за „лулка на демократијата“... Имаат ли тие способност да мислат и да сфатат? Или едноставно ги мрзи да ја користат?
Да не цитирам се`... Крусер, друже, прво, мислам дека не можеш баш све да поврзеш со капиталистичкиот систем. Особено не љубовта. Ако ја споредиш, по комунистичко нешто од љубов нема... бидејќи тогаш нема граници, нема закони, нема крадење, нема лажење. Глуп муабет со политички и општествен систем да ја споредам љубовта, ама ако морам, тогаш така е.
Плус, и на други луѓе сум им рекол, ти комунизмот не го ни разбираш воопшто што значи. Она кое беше во Југославија не беше комунизам, ниту во било кое друго место на планетата, тоа беше обид. На кратко, комунизмот ми е подраг од ова гомно од општество сега, бидејќи се темели на разум и почит, а не на профит.
Интересно... Ако добро се сеќавам, во Германија даноците се пониски за брачните двојки. Значи, тоа е стимуланс (и тоа материјален) за да се официјализира, т.е. институционализира љубовта. А она со комунизмот, мислам дека си сосема во право и се согласувам.
И целиот проблем настанува кога се обидуваш нешто да темелиш на *емоција*, бидејќи таа по дефиниција е немерлива и секој има право да ја толкува како сака. Ако некој, на пример, е хомосексуалец, и ти се пушта тебе, ти мислиш дека тој сака да те силува, кога тој всушност ти покажува нежности.
Тука лежи проблемот: кога ќе се успее да се најде единица мерка за емоции, верувај дека ќе се биде многу близу до достигање на господ и апсолутноста и крајот на конфликтите. Но од тоа сме прилично далеку и јас искрено не знам дали тоа воопшто може да се достигне.
Тука ќе прекинам, бидејќи надоврзувањето на последниот параграф води во сосема нова тема.
Некогаш да, но тоа не е борба со друг човек за да добијам некој ресурс. Темата, според тоа како ја имаш поставено, мене ме асоцира на други работи т.е. баш на борби и нервозни конфликти со останатите, најчесто за материјални нешта.
Вакви борби како во овој и наредниве твои примери не ми се вклопуваат некако во темава, а ни во конкретниот пример со кучињата кои те поттикнале да размислиш за ова. Мислев дека зборуваме за такви подрастични борби.

:smir:
Па, не беше поентата баш на насилнички борби, туку на борби воопшто - дали сè може да се гледа низ призмата на борба. Според мене - да. И да ги видиме другите мислења. :smir:
Да, имам семејство кое се грижело за мене и ми помогнало да стигнам до местото на кое сум денес. Но, тоа не значи дека јас сум седела со скрстени раце. Не од 10, ама од 16-17 години сум работела кога сум можела, а после средно училиште постојано. Ако не се трудев, немаше ни со нивна помош да сум толку успешна и самостојна сега.
И тоа е, што знам, не ми звучи како борба. Повеќе како желба за постигнување нешто во својот живот и вложен труд во тоа. Не се борам со никого за да создавам, туку си го работам тоа што треба и тоа е.
Двете заболдирани реченици се всушност контрадикција една со друга, според мене. Самото вложување на енергија и работата кон постигнување на некоја цел е всушност борба.
Повторно, мој личен став. :smir:
И ова исто така не го сметам за соодветен пример на првиот пост со кој ја постави темава. Разбирам што сакаш да кажеш, но ова би можело да се дискутира можеби на друга тема, бидејќи сепак, љубовта не е материјална работа поради која двајца партнери би се бореле постојано за да ја задржат. Ако јас за некого треба да се борам постојано за да не ми го земе друга, значи дека го сакам и ме сака? Да, има и такви работи ама во патетичните турбофолк песни, а и помеѓу нелуѓето кои погоре ги спомнав, кои секако би се бореле за некој кој има пари, моќ или добар општествен статус. Има негување на љубовта, но борење за неа ... што знам ...
Ако некој има оштетување во оние региони на мозокот каде што се генерира тоа чувство на љубов, заедно со хормоналниот систем, дали би можел да почувствува љубов? Упростено, дали човек во кома или во клиничка смрт може да чувствува љубов?
Според мене - не. Љубовта, како именка и апстракција, можеме да претпоставиме дека е нематеријална, но недостатокот на мозочни бранови и/или хормони и тоа како може да ја спречи. Значи, лексички - љубовта е нематеријална; физиолошки - таа е збир (од засега непознат број и состав) на мозочни бранови во одделни региони на мозокот, заедно со соодветни хормони. Со други зборови - и тоа како е материјална.
И од самиот почеток, љубовта така и се наоѓа: зарем не сме излегле во град, не сме се дотерале, не сме вежбале став, зборови итн., за некому да му се допаднеме и тие нам? Тоа е чист маркетинг. А од каде средства за облеките итн.? Па пари, нормално - ете материјална основа.
И научно е потврдено дека првиот впечаток е најважен и е чисто визуелен. Со други зборови: кој подобро се дотера има подобри шанси да си најде партнер. Или: подобар маркетинг значи повеќе шанси за успех. Типичен капитализам.
И еве типичен пример: имаш двајца што ти се бендисуваат подеднакво, физички подеднакво се добри, ги пробуваш двајцата во кревет и подеднакво се добри, муабетот подеднакво добро ви оди итн., ама едниот има повеќе пари од другиот или долгорочно ќе направи повеќе пари (по некоја основа тоа го знаеш). Кого ќе го одбереш?
Еве друг пример: одиш со тип, но тој не се секира за работа и не носи пари дома, ти го издржуваш, а тој не ти возвраќа со соодветно добро однесување дома (т.е. какво што е прифатливо за тебе), не ти го нуди она што го бараш од твојот постојан партнер... Зарем ќе го задржиш покрај себе и покрај тоа?
И те молам не вели дека однесувањето не е материјална работа, бидејќи во сите книги по менаџмент главното е менаџерот да научи да се *прилагоди* на своите работници, за тие да му го направат она што тој го бара од нив. Со други зборови, меѓучовечката комуникација и знаењето на однесување во општествени ситуации и тоа како е менаџмент со човечки ресурси (пријатели, на пример).
А за он-топик прашањето ... т.е. не можам да одговорам дека не знам баш дали се разбираме со Крусер, а и колку сите ние исто ја разбираме темата. Сепак, ако зборуваме за се` што може да се нарече борба, преопшто е и
ќе тераме вака со несогласувања до бескрај.
:smir:
Еве го клучот: *зошто* ќе тераме до бескрај?
Според мене, зашто секој сака да покаже дека знае нешто повеќе, дека го бива нешто повеќе, да остави нешто зад себе по што ќе го паметат... Баш поради тоа што нешто такво ќе му осигура *маркетинг* за во иднина и добар глас. А добриот глас надалеку се слуша и секој сака да има некој таков покрај себе. Дури и потенцијалните партнери (особено тие).
Секој сака *објективно* да биде оценет со висока оценка во она што го смета за важно. А бидејќи „објективно“ = „она што го поддржува мнозинството“, маркетингот станува клучен.
Сè она што му стои на патот на остварување на некоја своја цел на човекот (па нека се и други животи, ако смета дека со нивно отстранување ќе си ја оствари целта) е само проблем што треба да се реши. Ако целта е на пример да се одржи во живот еден човек, сите животни што ќе умрат за него ги снашла добра смрт. И бог нив ќе ги благослови и тие ќе одат во рајот. И месарите, што ги убиваат/дерат/сечкаат/итн. тие животни, се исто така благословени (да, има иронија, ако ја гледате).
Мислете на ова идниот пат кога ќе јадете кравјо/овчо/свинско/пилешко/итн. месо.