Вештаки трепки, руса перика, гламурозен фустан со длабоко деколте и тазе издепилирани нозе, вака изгледа двојникот на шоу менот Бојан 13. Сега за сега Боки 14 како што се нарекува себе си не сака да си го открие вистинскиот идентитет. Тој вели дека е многу поубав и позгоден од оригиналниот Боки 13 и дека без проблем ќе му ја земе титулата Најдобар Шоу- мен во Македонија.
Боки 14 за разлика од Боки 13 како што ни рече има рамен стомак, набилдани гради и згодни нозе. Најавува голем бум на Македонската сцена со своја шоу програма. Ексклузивно за нас Боки 14 открива дека зад периките и шминката која е одлично ремек дело на студиото Бубе Ин се крие лицето на Струмичанецот Антонио Маџовски- Принц.
:trepka::trepka::trepka::trepka::trepka:
Манекенот а сега студент за мода и дизајн во Римини, Италија, вели дека му било предизвик да се нашминка и дотера како оригиналниот Боки 13 и дека со оваа негова трансформација сакал да го подржи Бојан Јовановски во неговата мисија. Тој дури и посака да се запознае ,со него па и да снимат дует.
Пс ми се гади од двајцата:nesvest::nesvest:
Јас кога бев на фест у Белград тоа се вика таму Sweet & Sexy - саем на еротика имаше многу вакви типци(типки) од кај нас и играа се занесуваа...
само што се кријат од јавност.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.