Бог ги создал македонците

  • Креатор на темата Креатор на темата Zedd
  • Време на започнување Време на започнување
јас сум Аристотел и оваа пукнала од смеење

Пола ФЕИТ професорите беа со грчки имиња, Аристотел Тентов, Леонид Грчев, Аксенти Грнаров...
 
ахахахах, абе јанко што све мора да трпиш

Деветиот ден македонците а десетиот ден продолжил со развој, цел живот се развиеме и никако да се доразвиеме.
Саде мозокот заборајл да му се развијет.
 
Пред 3-4 години, тогаш кај Миленко, зборуваше дека накај јуни 2012 планетата Нибиру ќе биде видлива со голо око на јужното небо во облик на голема црвена топка. Зошто?!
 
А ти текнува колку сереше за владава на предавања? :pos:

Тентов е едини од институт за информатика на ФЕИТ кој не замина на ФИНКИ пред 5 години, вмроФски бил факултетот. How things can change :D Предавањата му беа како на митинг да си.
Од 2010 год го немам слушано, ама ич не сеќавам дали тогаш сереше за владата. :unsure:
Се сеќавам само кога го снема и ни кажаа професорот не може да доаѓа, асистентката ќе ви предава. А оно ете зошто избегал, вмровски е и нашиот универзитет. :D

Предавањата може се митинг, ама 6ка да добиеш ќе чекаш колку цел мандат.
 
..... во кое професор на ФЕИТ во емисијата на Јанко кажува како ние сме го создале банкарскиот систем ....
Па за кој курац ги ругам евреиве цело време !?!??! :eek:[DOUBLEPOST=1430262306][/DOUBLEPOST]
АРИСТОТЕЛ СЕ ВИКА! АРИСТОТЕЛ СЕ ВИКА! АСЈАХАХАХ
Па учителот на Аце наш како се викал а !?!? @RickyLFC9 дај одржи кратко предавање
 
Чим има тема, да си го цитирам постот од Драга Кајгана. Имам спомнато и за името негово :D

Драга...

... мило ми е што гостуваше Тентов кај Јанко. Уште помило ми е што видеото волку се прошири за сите да го видат. А најмило ми е тоа што луѓево конечно гледаат каква тешка идиотчина без никаков грам историско познавање, дегенерик од невидени размери и апсолутно анти-социјално битие е истиот Тентов. Такво лупање глупости за Каменот на Розета ме фрустрираше последниве неколку години и се нервирав што никој реагираше на тоа што типов стекнува слава базирана на лаги. Конечно се појави да се избрука пред народот. За тие што нема да го пуштат видеото пошто е предолго и не се запознаени, на кратко да ви објаснам (инаку професор на електро е и нема допирна точка со историјата).

- Тврди дека на Каменот на Розета (познат археолошки наод поради тоа што на него се испишани три јазици, два вида египетски и еден на старогрчки и служел за дешифрирање на античките писма, КОИ СЕ ВЕЌЕ ДЕШИФРИРАНИ И МИЛИЈАРДА ТРУДОВИ СЕ НАПИШАНИ ВРЗ БАЗА НА ТИЕ ЈАЗИЦИ ИДИОТУ ЕДЕН!), демек имало старомакедонски јазик и новомакедонски јазик.

- Старомакедонскиот го промовирал одамна, уште во 2006та и нормално луѓето се попалиле по тоа. Демек тоа е јазик на античките македонци. Убиј се. Еве многу убава статија на мојот професор уште од тогаш, човек кој има можност кај сака да работи у светов пошто е буквално гениј, но од некоја икс причина за наша среќа одлучил тука да остане и да ги трпи идиотиве ко Тентов.

- Новомакедонскиот му е ново „откритие“, демек третиот јазик не бил старогрчки, туку новомакедонски. Да, the very старогрчки јазик кој јас го изучувам. Јазик кој ЈАС МОЖАМ ДА ГО ПРОЧИТАМ ЈАСНО на фина резолуција од слика од каменот најдена на гугл, камоли пред мене да е.

- Тврди и дека тој новомакедонски јазик го создал ФИЛИП ФАКИНГ ВТОРИ за полесна примена низ империјата. ИМПЕРИЈАТА КОЈА НЕ НИ ПОСТОЕЛА ВО НЕГОВО ВРЕМЕ! ФИЛИП ВТОРИ САМ ИЗМИСЛИЛ НОВ ЈАЗИК ЗА ИМПЕРИЈАТА КОЈА ЈА НЕМАЛ ААААААААААААААА УБИЈ СЕЕЕЕЕЕЕЕ!

- Тврди и дека во Библијата пишувало дека светот бил создаден за 10 дена, дури и Јанко му пререче за ова, викајќи дека он е Христијанин и знае дека во библијата пишува дека за 7 дена е создаден. Дебилов Тентов тврди дека тоа не било убаво разјаснето ( :tapp: ) и дека на деветтиот ден БОГ ГИ СОЗДАЛ АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ! УБИЈ СЕ БЕ УБИЈ СЕЕЕЕЕЕЕ!

- Типот на својот факултет држи КУРС ПО АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ!

Со овие тези, овој... овој.... не знам... не знам каков збор да употребам за што повеќе да го навредам, муле глупаво и издрогриано... со овие тези тој не сфаќа дека ги негира апсолутно сите досегашни сознанија за антиката на целиот свет од 19ти век навака. И после ни се смеел светот. Ќе ни се смее кога промовираме вакви кретеноиди. Би го тепал ко магаре да ми се може. Остај им ја историјата на историчарите, ти ебам името глупо, само не оцрнуваш повеќе, губи се од таму кај што не ти е местото и УБИЈ СЕ!

Овој за историјата е тоа што Гулабица е за музиката.
 
НЕ Е ОНА КРИВА! ЖИВЕЕШЕ ВО ЕКОТ НА ТОПИЛНИЦАТА ВО ВЕЛЕС И Е ОЗРАЧЕНА!:(
 
Не го јаде овој Алекса Малчески.
Он објаснуваше дека елементите од периодичната скала се поставени така не случајно (и не ради нивните атомски броеви и други спецификации) туку тоа е масло на илуминатите, тоа се кодови, а потоа објаснуваше како Ма-ке-до-нија се слогови кои се архајски и се Зборови на Моќта, дека светот почнал од тука.
Гарант во одредена точка од време-просторот, седнале на кафе со овој другиов улави Паљо во бифето на Машински и се договориле да напишат книга заедно.
Книгата ќе се вика:
„Античките Македонци како дел од Божјиот План за Кабалистичка Христијанска Гематриска Македонија и докази за раѓањето на Мојсеј во Крушево.“
 
Го слушав дур седев на пц и доста глупости истресе,на моменти ќе се укочи и го чекаш 5 секунди дур се врати во колосек :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom