Без разлика кој за што вежба никој не е должен да му води грижа на другиот кои се неговите причини за тоа што зема и колку зема. За некој во животот можеби приоритет е да го лајкуваат, за друг приоритет е да врти што може повеќе девојки, трет да има само атлетско тело, четврт да се натпреварува и уште многу други комбинации, со оглед на тоа секој е „доволно паметен“ да си одлучи што понатаму. Искрено сум против дечките што замараат „Еј брат што земаш“, од што си таков и бла бла, посебно деца кои влегуваат првите месеци во теретана и гледаат дека не е така лесно и таму.
Еве ти една случка за која се извинувам што ќе ја полнам темата со такви работи до модераторот,
пред 2 годни некаде бев во одлична форма (иако еве за инфо никогаш не сум зел недозволени работи, сум земал (м-стак, стак2, мутант мајхем, џек 3д, хорс, креатин монохидрат, креатин етил естер, кре-алкалин, бца, и ред други работи протеини и гејнери скоро и да ги немав прекинато 2 години). Правев дроп сетови на бенч и до отказ се форсирав со што ми се слоши и истрчав во вц да повратам и ми идат 2ца да ми држат лекции дека то ми било од стероидите затоа и сум бил толкав, ете ќе сум умрел ако сум продолжел така и тн и тн. Прво со кое право ми доаѓа да ми попува што и како посебно кога не ме познава ниту пак знае што навистина земам јас? НЕ ги оправдувам тие што замараат така и ми се гади кога ги гледам искрено така да секој си знае за себе што ќе земе и колку ќе земе, речиси поголемиот дел што вежбаат се полнолетни со што би требало да се свесни горедолу за последиците и предностите.
По 3ти пут кажав што мислев,не сум ја дете што трча по сите и ги замара,и сега за сега не сум прашувал никој голем батка како и што зима,пошто знам што ќе биде одговорот а тоа е дека нема да ја каже вистината.
А за такви што замараат и мене ме напињаат,јас на 16 години бев во топ форма,изгледав префектно за тие години,дигав по 80-85 кг,бев животиња,и многу луѓе мислеа дека се боцкам,со оглед на тоа што имав бубуљици по тело,по фаца ги немав пошто идев на третмани,ама телото ми беше со бубуљици,што од генетика,што од пубертетот,што од потење пошто тренирав во тоа време по 2 пати на ден,кошарка од сабајле теретана навечер.