Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Без разлика кој за што вежба никој не е должен да му води грижа на другиот кои се неговите причини за тоа што зема и колку зема. За некој во животот можеби приоритет е да го лајкуваат, за друг приоритет е да врти што може повеќе девојки, трет да има само атлетско тело, четврт да се натпреварува и уште многу други комбинации, со оглед на тоа секој е „доволно паметен“ да си одлучи што понатаму. Искрено сум против дечките што замараат „Еј брат што земаш“, од што си таков и бла бла, посебно деца кои влегуваат првите месеци во теретана и гледаат дека не е така лесно и таму.
Еве ти една случка за која се извинувам што ќе ја полнам темата со такви работи до модераторот,
пред 2 годни некаде бев во одлична форма (иако еве за инфо никогаш не сум зел недозволени работи, сум земал (м-стак, стак2, мутант мајхем, џек 3д, хорс, креатин монохидрат, креатин етил естер, кре-алкалин, бца, и ред други работи протеини и гејнери скоро и да ги немав прекинато 2 години). Правев дроп сетови на бенч и до отказ се форсирав со што ми се слоши и истрчав во вц да повратам и ми идат 2ца да ми држат лекции дека то ми било од стероидите затоа и сум бил толкав, ете ќе сум умрел ако сум продолжел така и тн и тн. Прво со кое право ми доаѓа да ми попува што и како посебно кога не ме познава ниту пак знае што навистина земам јас? НЕ ги оправдувам тие што замараат така и ми се гади кога ги гледам искрено така да секој си знае за себе што ќе земе и колку ќе земе, речиси поголемиот дел што вежбаат се полнолетни со што би требало да се свесни горедолу за последиците и предностите.

По 3ти пут кажав што мислев,не сум ја дете што трча по сите и ги замара,и сега за сега не сум прашувал никој голем батка како и што зима,пошто знам што ќе биде одговорот а тоа е дека нема да ја каже вистината.

А за такви што замараат и мене ме напињаат,јас на 16 години бев во топ форма,изгледав префектно за тие години,дигав по 80-85 кг,бев животиња,и многу луѓе мислеа дека се боцкам,со оглед на тоа што имав бубуљици по тело,по фаца ги немав пошто идев на третмани,ама телото ми беше со бубуљици,што од генетика,што од пубертетот,што од потење пошто тренирав во тоа време по 2 пати на ден,кошарка од сабајле теретана навечер.
 
Ima mnogu nagoren trend na koristenje steroidi vo Makedonija vo posledno vreme,se e udreno na klen,na test i na hgh.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
JETKUNDO те вервам брат и јас за кратко време постигнав убај резултати.
Нека зборуваат
 
Види мајката сите на форумов разбацотини и тоа за кратко време , а по теретаниве само жголјави типови и сламарици....на прсти се бројат дечки со добра форма :/
 
Ме интересира дали може еден преворкаут да не реагира? Конкретно станува збор за C4, го користам некое време но не осеќам ништо од него, пробав и со дуплирање на доза, но пак ништо.
 
Можно е да не реагираш но можно е и цедевита да има внатре
 
Ме интересира дали може еден преворкаут да не реагира? Конкретно станува збор за C4, го користам некое време но не осеќам ништо од него, пробав и со дуплирање на доза, но пак ништо.
Може посебно ако претходно имаш земано веќе некој стимулант, креатин, бета аланин и сл.
 
Ima mnogu nagoren trend na koristenje steroidi vo Makedonija vo posledno vreme,se e udreno na klen,na test i na hgh.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Од кај па ти знаеш дека баш тие работи највеќе се користат, како прво ХГХ испод 250 евра не го наоѓаш и тоа кинески. Не се правам дека знам или па дека сум користел лекови, туку се чудам како вакви го***јадци од нигде никаде ќе кажуваат кој што-како земал, а самите појма немаат кога се работи за таа тема. Ова важи и за оние кои случајно ќе се препознаат.
 
Да ми препорачате нешто до 2500-3000ден да земам од Get-Ready по клубска цена. Се мислам за pre-workout Hot Blood или некој друг, а и некои амино киселини.

Едит:
Уште ова заборавив. Дали можи да купувам од било кое продажно место на get-ready со иста картичка т.е. сум ја зел картичката од Битола, а пазарам во Охрид или Скопје?

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk
 
Си зедов ваков протеин, дали има некој искуство дали е океј марката и слично, и дали пред легнување треба да се пија пошо типов од кај шо го купив така ми рече а на интернет читам поинаку. Или не е многу битно тоа.

whey_protein.jpg
си погодил кој да го пиеш, погаден вкус во живот немам начекано од протеините.
АКо имаш вишок пари пиј една дозерка наутро после појадокот на 2-3 часа, една после тренинг. Инаку за навечер идеален ти е казеинот не вејот.
 
Имам монохидрат кој рокот му истекува 9.2014 значи месецов. Може ли уште да го пијам, или во ѓубре да иде?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom