Бодибилдинг дневник

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ме мене пак, раката заздрави полека почнувам да се враќам во форма ко за старт неколку дена ќе одам со тренинг во домашни услови.
79 кг направен сум како вол после огромнава пауза па еве ме 2ден од терапијата се држам со исхранава, калориски дефицит од -800ккал удрив од старт иако ризикувам да губам многу мускул али времето за чистење ми е кратко.не дека имам некоја потреба да се чистам али ајде да се вратам барем до кај 12% боди фат па одам после неколку месеци малку на маса али со long clean bulk :)
 
Се направив стока, нема ни знак од стомачни , па време е да почнам со кардио.
Малце рипнав од платото, рипна косиот бенч на 90 кила конечно, а утре ќе видиме мртвото, се надевам до 180 ќе биде , ако не сеа бар до идната недела.
Немам веќе идеи што да јадам за протеини, многу малце типови на месо јадам, ама ќе се снајдам.
 
Денес во посета до кај претседателот @Gjoroski, се подновив со каиш, ракавици, протеинче и креатинче, време е да се вратиме во форма.
BEAST MODE ON.
 
Договорено, ајде за неколку месеци ќе има и бефоре и афтер и слики од досегашна најдобра форма што сум ја имал, т.е крајот на Мај годинава :)
 
82 кила, бар 3 од нив масти. Ергенски живот, се запустив.
Ама ако, од денес строго со јадење - нема прости шеќери, нема заситени масти. Бар не многу заситени масти.
Ќе идев на кето диета искрено, ама ми треба интелигенцијата моментално.
Поголемо богами, не сум изгледал, ама спојлери си фрчат, ако горни стомачни се гледаат.

Ќе си фатам сега редовно кардио, поголем фокус во вежбање, до мај има солза чист да бидам.
75-6 кила на 8% bf, одлично би ми чинеле.
 
82 кила, бар 3 од нив масти. Ергенски живот, се запустив.
Ама ако, од денес строго со јадење - нема прости шеќери, нема заситени масти. Бар не многу заситени масти.
Ќе идев на кето диета искрено, ама ми треба интелигенцијата моментално.
Поголемо богами, не сум изгледал, ама спојлери си фрчат, ако горни стомачни се гледаат.

Ќе си фатам сега редовно кардио, поголем фокус во вежбање, до мај има солза чист да бидам.
75-6 кила на 8% bf, одлично би ми чинеле.

Ако од 82 кила, 3 се масти тоа значи имаш 3% телесни масти.
 
Ај и јас да се олеснам...после 7 месеци опоравување од повреда денеска првиот тренинг :) Изгубени 10тина кила и многу сила ...ама секогаш е тежок почетокот :D
 
Морав да те посетам, суплементацијата била ништо во споредба со умот. Денес без никаква суплементација 150кг на мртво дигање, 95кг лат машина 1REP. Живеам со надеж за подобри времиња кога конечно ќе се најдат финансии па да падне и 100ка на лат :)
 
Уште 11 дена и доста одмор беше :)
Иначе секој втори ден трчање по 5 км. Топам и сало и мускул, and I dont give a fuck :)
Целта ми е извајано тело, наместо набилдано.
 
Рамото сеуште подзаболува, вратило 2 месеци како не вежбам, а последнава недела и едната лопатка ме боли. Некој сака да ме откаже од фитнесов или што е работава? А и сам сум крив, не сум отишол кај стручни лица да видат... Годинава тешко дека ќе видам напредок како претходната, ако останам ист треба да сум среќен, ќе видиме, прво да ги отклонам горенаведените проблеми, па после со нови дострели...
 
Драг Дневнику,
Кинеме на стари години со стари финти - Кето - Јаки килажи - Јаже и маање. Апдјет брзо со бројки.

п.с. Штеф ако чита му ја искантираа темата тамам сакав нешто да му пишам - на кето сум и бицепсов ми ја скина кошулата пред некој ден :):)
 
Дневниче еве ме мене пак, денес си срушив нов рекорд. Веќе 3 години ги меркам 50кг бучиците да ги дигнам на бенч, али мн страв имав од нив се до денес. 3х50кг, 6х45кг, 10х35кг без никаква суплементација, воопшто несредена исхрана и со спиење од 5 часа. Е сега има една лоша вест прекинувам извесен период со вежбање поради многу обврски, но битно мотивиран за подобри времиња бидејќи тежините кои некогаш ми беа страшни паднаа во неколку дена без суплементи.
 
86 кила.
10 кила качив зимава, не се бунам уопште. Дознав дека чак и на оваа килажа сум цел со вени по раце и рамења. Едино стомакот ми страда малце.
Уште 25 дена па почнувам со чистење, тешко ќе биде, ама имам доволно мотивација да стигнам до кај што целам.
Одамна немам кардио правено, најискрено, мака ќе помачам со тоа првите 2-3 недели, од тоа едино ми е страв.
Само обврски да не им попречат и ќе ја биде .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom