Бодибилдинг дневник

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
С

Инаку моментално 3 недела од качување маса, од 72 на 77 кила, задоволен сум, стомачните уште си се тука. Уште 4 кила само до нова година да кренам и добра зима ќе биде. Малце проблеми почнав да имам со облека, ама јебига, кога се сака...
Може Хинт што суплементација користиш за булкинг? И јас се припремам за булкинг па може совети:)
 
Може Хинт што суплементација користиш за булкинг? И јас се припремам за булкинг па може совети:)
Се држам до основите.
Си порачав гејнер, по грешка протеин ми стигнал па со храна зголемен внес на јаглехидрати имам (ја би гејнер у секој случај ако уште немаш ништо земено).
Декстроза за после тренинг.
Креатин монохидрат, со тоа што дневен внес на вода ми е околу 5-6 литра .
Толку ми е од суплементација за bulk, пред се од финансиски причини :icon_lol:.
Покрај тоа ZMA и Омега 3 само што имам, ама тоа не би го рачунал за bulk-материјал (и покрај наводното покачување на тестостерон за 30% од ZMA-то)
 
Драг бодибилдинг дневнику :)

Денес славам 91-от ден од стартот на физичките промени. Од буре, се намалив како конзерва :) Првите два месеци скинав 20кг, изминатиов месец се трудам да ја задржам килажата но да ги топам само мастите. Има ефект, правам еднаш месечно со фотографии пред и потоа, денес ја направив третата фотографија и презадоволен сум.

Исхраната ми е иста, не сум воопшто гладен, но не јадам леб, пржени работи, не јадам свинско, јадам само овошје и зеленчук и секако по некое мевце. Информацијата дека сум гладен си ја покривам со пиење на вода.

Околу колковите кога започнав бев 114цм сега сум 96цм, незнам како успеав. Од вежби си практикував кардио секој ден освен во Недела по 40 минути, по некој склек и десетици чучњеви. Пред 3 недели започнав да одам во теретана и да се вратам на старите води на кик-боксот.

Има добри дечки на форумов, кои стварно знаат да кажат нешто што ќе држи вода и да те посоветуваат, во врска со тренинзите и исхраната. Сега се двоумам за некои суплементи, како аминокиселини, глутамин, протеини, се мислам како кое со што да искомбинирам. Деновиве ќе си купам л карнитин и декстроза да пијам, а за погоре набројаните ќе размислам, уште чекам добри совети.

Не застанувам тука, не застанувам додека не си ги видам стомачните кои се сеуште покриени во не толку дебел слој на сало кое што беше огромно до пред три месеци.
 
Драг бодибилдинг дневнику, зошто слабо те користат, ете пак ја на ред.

69447_372513406173362_1569511422_n.jpg


Денес 92-от ден, уморен сум, капнат, утепан. Убаво ми дојде во теретана денес тренингот на пладне, вечерва уште подобро ми дојде Insanity кардио вежбите, добар туш и сега само релаксирање.

Додека чекам да ми дојде некоја пара за некој ден, ќе си јадам белки само со ред други инспиративни јадења, нема стек, с`к су скупе паре, и едвај чекам да пројдат уште 30 минути да го средам сутлијачот, и со него импровизирам, немам декстроза да му ставам, да ми биде благ, па од бабами Натрен ставам :)

Со квалитетна импровизација до видливи успеси :cool:

П.С несакам да сум професионален билдер, ниту пак ги сакам луѓето кои мислат дека ако одиш во теретана си бодибилдер кој ќе неможе да си го почеша грбот од што му е голем грбот.
 
Ај да те сефтосам драги дневнику.

Скинав 10тина кг за 90 дена, топ, одиме уште надолу, па здравје кај нова година и 6-пак ако даде дедо мраз :)
 
Стигна гејнерчето и креатинчето за зимава што иде, утре одам да купам вага што мери на грами да се осигурам дека внесувам доволно калории и уште едно пакување омега 3 зошто во гејнеров нема. Исто за проба земав харинги во КAM маркет во конзерва делуваат како супер оброк за пред спиење (доста протеини и многу здрави масти) Почнувам со 4 дневен сплит со среден волумен и висок интензитет. Конечно започнав да го пробивам платото на бенч значи на прав пат сум :D
 
После 1 месец пауза заради испити и глупости конечно прв ден во нова теретана. Не е како старата и ќе ми треба време да се навикнам на справите и луџето ама тоа е што е. Дојдов до некој денар плус па може да се удри појако на суплементација, тоа ме радува. Како прв тренинг се разочарав, сум паднал бааги за овој 1 месец ама нема гледање назад. Се надевам дека од следната недела ќе ми се врати силата и ќе бидам позадоволен од тренинзите. Го очекувам тоа убаво запалење вечер/ утре на градите :)
 
Се надевам дека народов еднаш ќе сфати дека во теретана најдобро топиш масти со добро кардио после вежбите.

67636_375519439206092_1504245953_n.jpg
 
Стигна гејнерчето и креатинчето за зимава што иде, утре одам да купам вага што мери на грами да се осигурам дека внесувам доволно калории и уште едно пакување омега 3 зошто во гејнеров нема. Исто за проба земав харинги во КAM маркет во конзерва делуваат како супер оброк за пред спиење (доста протеини и многу здрави масти) Почнувам со 4 дневен сплит со среден волумен и висок интензитет. Конечно започнав да го пробивам платото на бенч значи на прав пат сум :D

Каков им е вкусот на харингите ? Имам слушнато дека лошо мирисале.
 
Денеска гради , трицепс и абдоминални.

Храна : млеко со мусли + банана + јабука за доручок , грав за ручок со морков и магнезиум , 4 белки + 1 чаша мултивитамин + 1 таблета Омега 3 + 1 банана после тренинг и за вечера спремам урда со цвекло :)
 
Денес тренинг на 0 степени, маде пукаше упм
 
Денес тренинг на 0 степени, маде пукаше упм
Hardcore! :)

Иначе, да пишам и јас во дневников за прв пат. Понеделнечки, заедно со првиот снег, почнав и јас во теретана! Од зимница имам: Critical Mass 4.5kg, ВИТРУМ - витамини и минерали и 1Л рибино масло! Може тука да се додаде и залихата од 5кг овесни снегулки..
Ама... :) во упатството од ВИТРУМОТ пишува дека не се препорачува паралелна примена на со други препарати кои содржат витамин А и Д, за да не дојде до предозираност. Така да, прво ќе го испијам рибиното масло, па после ќе одам со ВИТРУМ-от.

Има уште еден проблем/прашање, ама тоа ќе го постирам во соодветната тема.
 
Денеска ми беше ден за проверка на силата (ја правам на секој 3 месеци) на 3те основни вежби.
1.Чучњеви - 130x1
2.Мртво - 165x1
3.Бенч - 112x1
разликата од претходниот пат, пред три месеци е: чучњеви +10, мртво + 25, бенч +7...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom