Драг бодибилдинг дневнику
Денес славам 91-от ден од стартот на физичките промени. Од буре, се намалив како конзерва
Првите два месеци скинав 20кг, изминатиов месец се трудам да ја задржам килажата но да ги топам само мастите. Има ефект, правам еднаш месечно со фотографии пред и потоа, денес ја направив третата фотографија и презадоволен сум.
Исхраната ми е иста, не сум воопшто гладен, но не јадам леб, пржени работи, не јадам свинско, јадам само овошје и зеленчук и секако по некое мевце. Информацијата дека сум гладен си ја покривам со пиење на вода.
Околу колковите кога започнав бев 114цм сега сум 96цм, незнам како успеав. Од вежби си практикував кардио секој ден освен во Недела по 40 минути, по некој склек и десетици чучњеви. Пред 3 недели започнав да одам во теретана и да се вратам на старите води на кик-боксот.
Има добри дечки на форумов, кои стварно знаат да кажат нешто што ќе држи вода и да те посоветуваат, во врска со тренинзите и исхраната. Сега се двоумам за некои суплементи, како аминокиселини, глутамин, протеини, се мислам како кое со што да искомбинирам. Деновиве ќе си купам л карнитин и декстроза да пијам, а за погоре набројаните ќе размислам, уште чекам добри совети.
Не застанувам тука, не застанувам додека не си ги видам стомачните кои се сеуште покриени во не толку дебел слој на сало кое што беше огромно до пред три месеци.