Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Mи треба некаков упат на приватна или само да одам и да кажам што сакам да испитам?
Не треба упат, само да знаеш што треба да ти проверат.
 
Може ли да ми кажете кој од овие 2 протеини е подобар?
 
Attachments

  • Screenshot_20181119-211907_Chrome.jpg
    Screenshot_20181119-211907_Chrome.jpg
    479,2 KB · Прегледи: 25
  • Screenshot_20181119-211805_Chrome.jpg
    Screenshot_20181119-211805_Chrome.jpg
    384,2 KB · Прегледи: 24
Bmw или Audi? Може да ми кажете која кола е подобра?

- Два добри бренда, што и да земеш нема да згрешиш...

Уште еднаш листа на добри суплементи:
- BioTechUSA
- MyProtein
- SciTec
- Trec Nutrition
- ON*
- UN*
*Overrated, overpriced!
 
Може ли да ми кажете кој од овие 2 протеини е подобар?

Зависи што сакаш,
скитек има помалце протеин и повеке засладувачи повкусен е,
мајпротеин малце поиште протеин, помалце засладувачи и поневкусен
 
Мајпротеин го земав вчера, супер е. (y)[DOUBLEPOST=1542716889][/DOUBLEPOST]Ме интересира што друго да земам освен протеин ? Имам 175 цм 83 кг, нејкам да паѓам многу во килажа (докај 80 може). Сакам да ги претворам мастите во мускулна маса.. 6 пати неделно тренирам (3 пати кик бокс, 3 пати теретана, 1 ден одмарам).
Bcaa да земам или нешто друго?
 
Мастите да ги претвориш во мускулна маса, тоа е неизводливо. Индиректно можеш да ги искористиш како извор на енергија, со чија помош ќе правиш посилни и по интензивни тренинзи кои ќе поттикнат раст на мускулна маса. Што ќе одбереш плус од додаток во исхраната по крај протеинот, зависи од тоа што друго ти недостига, да би дополнил.
 
Мајпротеин го земав вчера, супер е. (y)[DOUBLEPOST=1542716889][/DOUBLEPOST]Ме интересира што друго да земам освен протеин ? Имам 175 цм 83 кг, нејкам да паѓам многу во килажа (докај 80 може). Сакам да ги претворам мастите во мускулна маса.. 6 пати неделно тренирам (3 пати кик бокс, 3 пати теретана, 1 ден одмарам).
Bcaa да земам или нешто друго?

Ќе бидам краток:
1. Претпоставувам дека имаш напорни тренинзи а таквиот тип на тренинг доведува до пре-тренираност.
- Можеш да комбинираш теретана и кик-бокс но треба да ти биди добро оптимизирано.
2. Не може да претвориш сало во мускул. Како што ти кажа @Gjoroski...
3. Суплементите ти помагаат во овај процес, но ако не си ја средиш прехраната тогаш ништо не правиш.
- Потребно е да ги користиш точно и правилно додатоците во исхраната, во спротивно со ги исфрлил парите...
4. Бирајте добри суплементи не лапајте степчина... Бирајте квалитет...
 
Фала ви многу на одговорите...
Исхраната ја средив, протеин земам 2 пати дневно (насабајле и после тренинг). Е сеа незнам дали да земам нешто друго, највеќе мислам на Бцаа и како истата да ја земам дали пред или за време на тренинг... Па ако може да ми помогнете што и ДАЛИ да додадам друго освен протеин, зошто немам искуство со суплементи многу.
 
Whey не се зема после тренинг, ова е мое лично мислење и незначи дека така треба да правиш и ти. После тренинг се конзумираат прости шеќери (декстроза) со БЦАА и глутамин, а после тоа се знае...
 
Па кога е најдобро да се зема протеин? Иначе земам декстроза со протеин одма после тренинг.БЦАА е најдобро да се зема после тренинг или за време на самиот тренинг?
 
Здраво форумџии
Гледам и читам разни искуства за вежбање хранење и сакам да прашам дали може да се изграде естетско фит тело ете немора 6 коцки да има ама да се постигне солидно естетско тело без Суплементација и вежбање во домашен амбиент?
Муабетот ми е за лоу буџет бодибилдинг, возможно ли е или не?
 
ти ако имаш воља една шипка да имаш дома да се креваш ќе бидеш подобар од пола од тие што идат у теретана. Сеа до тебе зависи тоа кој резултат ќе го имаш, а за да направиш нешто треба да поченеш од некаде. Никој не може да ти каже еј за толку време тоа и тоа ќе направиш супермен ќе бидеш итн.
 
Имаш право не велам не а за мотивација/воља имам колку ти душа сака
Моето патештествие со рекреативно вежбање започна од 2015та год и до ден денес си вежбам ма да оваа година запнав малку поинтензивно работата е што вежбам има резултати сегде само не околу стомакот мислам има ама се ми се чини бавно се топи глечерот околу стомачните.
Условите ми се тие работам градежно на терен не сум дома и се што имам со мене се ластици како отпор за дигање едниот е до 15кг др до 35кг склекови,стомачни и преку пролет лето есен кардио трчање 3х неделно по 10км ама сега тешко од темно до темно на работа.
П.С Немам пристап до теретана и не ми се дават баш пари за суплементи.
 
Промени ја исхраната, и ја имав стомак додека јадев леб, откако го тргнав и почнав да правам по едно 150 склека на ден, стомакот го снема. Исто и пешачењето или трчањето е многу добро ако сакаш да стопиш стомак.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom