GavolRulz
hippopotomonstrosesquipedaliophobia
- Член од
- 23 март 2008
- Мислења
- 12.847
- Поени од реакции
- 11.892
- Возраст
- 32
- Локација
- Струмица
- Веб-сајт
- www.manutd.com
Ќе останеш потентен само ако си толку глуп што нема да седнеш и сам да се едуцираш за тоа како, кога и колку треба да земаш, туку некој батко од теретаната ќе ти "објасни" и одреди терапија.може ќе е Offtopic ама сакам да прашам дали има вистина во тоа што викаат дека подолго земање стероиди влијае на сексуалната потенција и носи до проблеми со ерекција?
сум чул уз муабет, ама никој не потврдил ниту ми негирал до сеа
Колку што јас имам читано, со земањето на синтетички тестостерон (викаат бил најдобар стероид за мускулна маса) се гаси функцијата на тестисите да го произведуваат природниот тестостерон, пошто нели веќе го примаш преку инекции (или орално)... по завршувањето на циклусот следи post-cycle терапијата, најверојатно уште еден месец со што ќе ти се врати природниот тестостерон во нормалните граници (НО НИКОГАШ КАКО ШТО ТИ БИЛ ПРЕД ДА ЗЕМЕШ ТЕСТОСТЕРОН). Мислам дека и додека трае циклус се зема анти-естроген, пошто самото тело го претвара тестостеронот во естроген (женски хормон) и оооп - зизги

Затоа ти викам, ако планираш да почнуваш, прво седни на интернет и прочитај што како, кога и колку треба, пошто тоа ти е цела наука, да не се заебеш.
Горепишаното е тоа што ми текнува од тоа што сум читал некогаш (вака на просто), исправете ме ако сум згрешил

Кога ќе станеш од спиење овесни снегулки со млеко и една доза веј протеин, по 2-3 саати бадеми/ореви/индиски ореви/лешници/кикирики/путер од кикирики ќе се набуташ, по 2-3 саати црн леб и туна/сардина/ослич/харинга, по 2-3 саати црн леб со компир/ориз/грав/грашок и пилешко/телешко/свинско, по 2-3 саати банани и уште една доза веј протеин, по 2-3 саати интегрални шпагети со урда. Измеѓу негде и белки од јајца ќе пиеш или ако неможеш живи, вари ги белките. Еднаш неделно апни си и пица/хамбургер/помфрит/палачинка/торта/бла бла....Некој со искуство, from skinny to fit?
178цм / 55 кг / 22 години (знам, звучи лудо)
Ве молам за совети околу режим на исхрана, суплементи, програма на вежбање за максимални резултати, целта ми е минимум 15кг во следните 5 месеци![]()
Јади го ова секој ден (ама не по 2-3 зрнца овесни снегулки, 2 ронки црн леб, 3 влакна месо и еден гриз банана и тн... туку 6 солидни оброци, на крајот на денот да се осеќаш и повеќе од фул. Има да качиш килажа, по 3 месеци ќе прашуваш за совети за слабеење

Ова го имам пишано пред некоја година во друга тема, ама членот не се врати на форумот да каже како поминал

Последно уредено: