Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
може ќе е Offtopic ама сакам да прашам дали има вистина во тоа што викаат дека подолго земање стероиди влијае на сексуалната потенција и носи до проблеми со ерекција?
сум чул уз муабет, ама никој не потврдил ниту ми негирал до сеа
Ќе останеш потентен само ако си толку глуп што нема да седнеш и сам да се едуцираш за тоа како, кога и колку треба да земаш, туку некој батко од теретаната ќе ти "објасни" и одреди терапија.

Колку што јас имам читано, со земањето на синтетички тестостерон (викаат бил најдобар стероид за мускулна маса) се гаси функцијата на тестисите да го произведуваат природниот тестостерон, пошто нели веќе го примаш преку инекции (или орално)... по завршувањето на циклусот следи post-cycle терапијата, најверојатно уште еден месец со што ќе ти се врати природниот тестостерон во нормалните граници (НО НИКОГАШ КАКО ШТО ТИ БИЛ ПРЕД ДА ЗЕМЕШ ТЕСТОСТЕРОН). Мислам дека и додека трае циклус се зема анти-естроген, пошто самото тело го претвара тестостеронот во естроген (женски хормон) и оооп - зизги :D

Затоа ти викам, ако планираш да почнуваш, прво седни на интернет и прочитај што како, кога и колку треба, пошто тоа ти е цела наука, да не се заебеш.
Горепишаното е тоа што ми текнува од тоа што сум читал некогаш (вака на просто), исправете ме ако сум згрешил :D[DOUBLEPOST=1520361647][/DOUBLEPOST]
Некој со искуство, from skinny to fit?
178цм / 55 кг / 22 години (знам, звучи лудо) :D

Ве молам за совети околу режим на исхрана, суплементи, програма на вежбање за максимални резултати, целта ми е минимум 15кг во следните 5 месеци :)
Кога ќе станеш од спиење овесни снегулки со млеко и една доза веј протеин, по 2-3 саати бадеми/ореви/индиски ореви/лешници/кикирики/путер од кикирики ќе се набуташ, по 2-3 саати црн леб и туна/сардина/ослич/харинга, по 2-3 саати црн леб со компир/ориз/грав/грашок и пилешко/телешко/свинско, по 2-3 саати банани и уште една доза веј протеин, по 2-3 саати интегрални шпагети со урда. Измеѓу негде и белки од јајца ќе пиеш или ако неможеш живи, вари ги белките. Еднаш неделно апни си и пица/хамбургер/помфрит/палачинка/торта/бла бла....

Јади го ова секој ден (ама не по 2-3 зрнца овесни снегулки, 2 ронки црн леб, 3 влакна месо и еден гриз банана и тн... туку 6 солидни оброци, на крајот на денот да се осеќаш и повеќе од фул. Има да качиш килажа, по 3 месеци ќе прашуваш за совети за слабеење :icon_lol:

Ова го имам пишано пред некоја година во друга тема, ама членот не се врати на форумот да каже како поминал :pos:
 
Последно уредено:
Гледам имаме нов Стеф Шеф на јутјуб :D

Паљото на 60 години има повеќе мускулна маса од пола јутјубери што постираат, а голем дел и од нив се на боцка ;)

П.С за стероиди е забранета дискусија на форумов или барем беше во минатото.
Делуваше без душа а и во лицето многу чуден, првпат тука го гледам уствари остарен дека е и дека има речиси 50 години. Стомакот малце поподуен му е од вообичаено и тоа дека едвај се стегаше, ради ова вајда изгуби. Бонак си напредува во кариерата супер, он е можда новиот убиец на џинови, ако не извади Реми максимум од себе може да го јаде од Бонак понатака. Кај Бонак маана гледам во рамењата, рацете му доминираат во однос на рамењата, градите исто се малку назад... другото ми делува одлично. Инаку на Роли Винклар сум голем фан ама нема сеуште финоча и детаљи за да биде најдобар, има 40 години така да прашање е и дали ќе успее многу да подобри во скоро.
Не дека очекувам нешто бомбастично да направи ама ме интересира Леврони колку успеал да ги подобри нозете, што и да направи не е битно, одвај чекам да го видам на сцена (веројатно за последен пат), он ми е во топ 3 натпреварувачи што се појавиле било кога.
Бонак е ѕверотина, останатите со негова висина се натпреваруваат во 212 категоријата, овој влезе и на Мр Олимпија и тука со големите батки и им лапна титула :)
Жално е што отиде Далас, дечкото беше главна закана за големите батки.
Каи и Волф исто недостигаат да ја направат поинтересна ситуацијата, овој Волф што се врати сега нема да биде уште барем 2 години реална закана за прво место.
Роли е посебна приказна, човекот го имаше најдобриот трицепс, ама некако со хормоните за раст изгледа како да треба да се породи во секој момент, грбот оваа година ми се допадна кај него, треба да поработи на финеси малку, цело време форсира само масивност и ја изгуби естетиката.
28158296_230327714203478_8975902635508891648_n.jpg
Некој со искуство, from skinny to fit?
178цм / 55 кг / 22 години (знам, звучи лудо) :D

Ве молам за совети околу режим на исхрана, суплементи, програма на вежбање за максимални резултати, целта ми е минимум 15кг во следните 5 месеци :)
ЈАДИ!
ВЕЖБАЈ!
СПИЈ!
Јади како луд, барем 2 пати месо, ориз, овес, јајца, риби, компири, зеленчук, јаткасти плодови, овошје, нема што да му ја мислиш со таа висина и тежина, стегај дури можеш, биди редовен, научи ги вежбите правилно, форсирај го секој следен тренинг да ти биде потежок од претходниот.
 
П.С за стероиди е забранета дискусија на форумов или барем беше во минатото.
ПОГЛУПО нешто од таа забрана не постои на овој подфорум.
Па подобро некој што се мисли да се боцка да научи нешто овде и да не се заебе ако тера по свое...
 
ПОГЛУПО нешто од таа забрана не постои на овој подфорум.
Па подобро некој што се мисли да се боцка да научи нешто овде и да не се заебе ако тера по свое...

Со оглед на тоа што се нелегални а ова е доста мејнстрим форум не е баш паметна идеја да дозволат такви дискусии.
Памтам на времето постоеше еден форум steroidi.com.mk или така нешто, како што кажува името таму се збореше за све и свашта поврзано на таа тема :). Сега колку што знам на hercules.com.mk има подфорум кај што може да се праша и чита за тие работи, иако тамо нема живо пиле и никој не постира.
 
Има една тема и за марихуана таму во Здравје, ај и неа да ја затворат дека марихуаната е нелегална.
Во ред е да си има дискусија, сите ќе дознаеме повеќе, а кој реши нека се боцка после тоа :D
 
ПОГЛУПО нешто од таа забрана не постои на овој подфорум.
Па подобро некој што се мисли да се боцка да научи нешто овде и да не се заебе ако тера по свое...
Забрането е до одреден степен. Подфорумов е бодибилдинг, па да ги третираме стероидите ко волдеморт е не само глупо туку и не практично.
Информирање за стероиди во смисол на негативни ефекти, ако дозволува темата на муабет, не се забранети.

Забранет е муабет за шеми и дози, набавки и преференци, и други пропратни тематики.
Не е форум за стероиди ова. Овде се пропагира здрав живот и исхрана, не психолошки растројства околу body image и користење на супстанци со значителни негативни ефекти, настрана од легалноста на сето тоа.
 
ПОГЛУПО нешто од таа забрана не постои на овој подфорум.
Па подобро некој што се мисли да се боцка да научи нешто овде и да не се заебе ако тера по свое...
Не знаеш кој го чита форумот, стероидите се осетлива работа и може да предизвикат трајни последици и буквално да уништат нечиј живот. Ако некој решил да зема нека се едуцира на друго место, има соодветна литература, лекари и најлошото место тој што му ги продава, дури и да го заебат вината ќе биде делумно нивна, делумно на негова одговорност.
Јавна тајна се и сите знаеме горе долу по некој од тие што ги продаваат, но и покрај што се забранети ги има на секој чекор и ќе ги има и понатаму, исто како и дрогата.
Ако решил да се боцка без воопшто да прочита што прави и кои се последиците, тогаш нема ништо да му помогне од тоа што би го пишувале тука, ако решил да се боцка и прочитал кои се последиците тогаш оди ваљда на неков „пресметан ризик“ и пак нема да му промениме со некакви совети.
Една од најдобрите книги кои сум ја прочитал на таа тематика е:
William Llewellyn Anabolics -9th Edition

Така да ако си намислил да научиш до најситни детали и да се едуцираш или било кој на форумов, топло ви ја препорачувам, книгата е на висок стил со стручна терминологија, па си захтева многу време да ги минете речиси 630страни, но е објаснето се прецизно и детално од експерт во таа област.
 
Затоа ти викам, ако планираш да почнуваш, прво седни на интернет и прочитај што како, кога и колку треба, пошто тоа ти е цела наука, да не се заебеш.
Горепишаното е тоа што ми текнува од тоа што сум читал некогаш (вака на просто), исправете ме ако сум згрешил
не чисто инмформативно ме интересираше, теретана одам ради фит кондиција, не сум нешто многу навлезен
 
Ене го Виталиј видете го, неколку месеци стероиди се напраи стакло ама на лицето акни му излегоа и личи 7 години постар :D
 
Ене го Виталиј видете го, неколку месеци стероиди се напраи стакло ама на лицето акни му излегоа и личи 7 години постар :D

И косата му опадна. А и Фуси му ја заеба работата со тоа што го тера да се тестираат, сеа на 15-ти на reveal видеото сите ќе спамираат дека не е нати :D.
 
Со шифри почнавте да се допишувате, дај ставете го тој Виталиј да го опулиме шо сурат е, многу експерти има по јутјубот, се нема време сите да ги видиме :D
 
Со шифри почнавте да се допишувате, дај ставете го тој Виталиј да го опулиме шо сурат е, многу експерти има по јутјубот, се нема време сите да ги видиме :D

Нема везе овој не е од фитнес заедницата, тежок заебант е, прави pranks и такви срања :). Еве го сега: https://youtu.be/CV8oK6oWAlY?t=7m35s
A еве го од пред некој месец: https://youtu.be/FBwPwvIvN-U?t=8m39s

И пред тоа има зимано, не му е сега прв пат:

Capture.PNG
 
Aman be, kakov se naprajl.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Сепак имал основа, не дека од сучка дошол до формава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom