Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Абе се знам ја ова брат, го студирам ова али ете побарај погоре да видиш дека имаше некој пишано така...Иначе студирам на ДИФ и сите професори што се искрени и со кои ке си напраиш искрен муабет викаат дека професионалниот спорт НЕ е здрав

Sent from my SM-G900F using Tapatalk

Ти објасни погоре членот, мајтап е тоа за природни, пред се поради изјавите на истите тие професионалци дека не земаат недозволени работи, сите за спонзори имаат компании што произведуваат суплементи, па прават филм дека од суплементи се толкави и од добра генетика.

Тоа што имаат добра генетика е факт, не секое тело може да издржи таков режим и не секое тело може да стави толку мускулна маса дури и со тоа што го земаат, исто генетиката им игра улога и при облик на мускул, ширина на струк и тн, но без стероиди генетиката е ЏАБЕ!

Не само бодибилдерите, дури и овие денес популарните физик, фитнес, пауерлифтери, кросфитери, па дури и во сите останати спортови, професионалците се на некаков допинг, ретки се индивидуи кои до толку драстично може да се разликуваат од останатите на природна база.
 
Пијам iso whey zero после вежбање е сега имам една мака со него, т.е. со вкусовите.

Сменив три вкуса, јагода, ванила и лешник и сите на почеток ми се вкусни и се супер. Ама за брзо време ми стануваат толку одвратни што кога ќе стигнам негде до кај 300 грама едвај можам да го испијам а да не ми се згади до повраќање.

Прво мислев да не е до јагода вкусот ама после и со другиве два истото ми се случува. Го пијам само протеинот мешан со вода.

Некое чаре за ова или да препорачате некој неутрален протеин без вкус.

јас земам млеко >1% масленост и плус го мешам со вода, па после ставам протеинче, пробај така можда појке ке ти се свига, треба и малце ментално да се спремиш дека ти е убаво тоа и добро делува на твоето тело.
Некој еве цигари пуши па ужива во тоа, ти па од протеинот се гадиш.
 
Многу силен е вкусот.

Некоја препорака за понеутрален протеин некој ако знае, нека каже.
 
Многу силен е вкусот.

Некоја препорака за понеутрален протеин некој ако знае, нека каже.
Многу силен вкусот!? Во колку вода/млеко го пиеш, во 100мл? Тури повеќе млеко, не мора строго по упатство да одиш. Јас, на пример, го пијам во пола литро млеко.

Понеутрален протеин нема, освен чиста сурутка, без вештачки вкусови и засладувачи. Али тоа е многу погадно, за разлика од протеинот што го пиеш.
 
Многу силен е вкусот.

Некоја препорака за понеутрален протеин некој ако знае, нека каже.
Друже мора да се привикнеш, од чоколадо и ванила ако не ти засладува вкусот немој да очекуваш дека ќе добиеш некој протеин со помек вкус. Ти кажа членот погоре, мора ментално малце да се спремиш. Никој овде не ужива додека пие протеин секој ден, со години, ама ко ќе размислиш и осетиш колку ти помага, 3/4/5 секунди се пичкин дим и можеш да издржиш.

Најдобро и најефикасно е протеин да се пие со вода, млеко не. И не е препорачливо да отстапуваш од начинот на употреба, убаво му е пресметано секој детал на колку мл,
 
Последно уредено:
Biotech веј протеинот добар е? Т.е дали би ми го препорачале

Sent from my SM-G900F using Tapatalk
 
Многу силен е вкусот.

Некоја препорака за понеутрален протеин некој ако знае, нека каже.

Пробај го Iso Sensation 93 cookies and cream, мене на вкус многу ми пријаше. Ја го пиев во 300мл чаша пола со ладна вода пола со ладно ниско маслено млеко, као милк шејк ми доаѓаше. :)
 
Друже мора да се привикнеш, од чоколадо и ванила ако не ти засладува вкусот немој да очекуваш дека ќе добиеш некој протеин со помек вкус. Ти кажа членот погоре, мора ментално малце да се спремиш. Никој овде не ужива додека пие протеин секој ден, со години, ама ко ќе размислиш и осетиш колку ти помага, 3/4/5 секунди се пичкин дим и можеш да издржиш.

Најдобро и најефикасно е протеин да се пие со вода, млеко не. И не е препорачливо да отстапуваш од начинот на употреба, убаво му е пресметано секој детал на колку мл,
Јас уживам додека го пијам. :D
И затоа го пијам со пола литро ладно млеко. Ова се однесува на шејкот што го пијам во текот на денот, не на тој после тренинг. Тој после тренинг се пие со вода, нормално.

Инаку, после тренинг секако си подуен од вода, плус 100мл вода во after-workout шејкот не прават никаква разлика. Дали го пиеш протеинот со 250мл вода или со 350мл, исти курац ти е. :toe:

Јебеш упатства, бајо мој.
 
Јас земав еднаш протеин една канта, околу 30-тина дена го пиев по три пати на ден, кога не одев на тренинг два пати. Насабајле после станување и навечер пред легнување со млеко го миксав а после тренинзи со вода.
Мене со вода кога го мешав ми беше малце гаден, а тој со млеко беше превкусен. Од Ultimate Nutrition овој го имав земено со вкус на јагода.

159_WheySup2.27KgStrw.png
 
Па не мора чист протеин и млеко да пиеш - ако имаш блендер, земи си со вкус ванила и додај замрзнати јагоди или капинки нешто такво, значи со блендер буквално каков сакаш вкус можеш да направиш мајтап и зелка да му ставиш)
 
Biotech веј протеинот добар е? Т.е дали би ми го препорачале

Sent from my SM-G900F using Tapatalk

Нема збор дека е добар, цената е топ, содржински е супер, квалитетен, а вкус има како несквик. Едвај чекам да дојде време да го пијам.
 
Нема збор дека е добар, цената е топ, содржински е супер, квалитетен, а вкус има како несквик. Едвај чекам да дојде време да го пијам.

По кој репер заклучи дека 3900 денари за 2.3кг е топ цена?
Еве ти една проста споредба на два протеини што ги имаме на пазарот.
Nitro pure Whey има 74 грама протеин на 100гр, тоа ти е веќе просечен протеин (особено фактот дека станува збор за бленд на концентрат и изолат).

nitro-purewheygold2280.jpg

SUPERIOR ISO-PRO ZERO 2200 gr пак бленд на изолат и концентрат е 3200 денари, гледано на хартија е почист.
Iso_Pro_Zero_-_LINK_SOSTAV.png

Донираш за името на биотеч.
 
По кој репер заклучи дека 3900 денари за 2.3кг е топ цена?
Еве ти една проста споредба на два протеини што ги имаме на пазарот.
Nitro pure Whey има 74 грама протеин на 100гр, тоа ти е веќе просечен протеин (особено фактот дека станува збор за бленд на концентрат и изолат).

Прегледај го приврзокот 156738

SUPERIOR ISO-PRO ZERO 2200 gr пак бленд на изолат и концентрат е 3200 денари, гледано на хартија е почист.
Прегледај го приврзокот 156739

Донираш за името на биотеч.

Зборам за 500 грама вреќа не канта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom