Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Ако моеш да направиш 15 склека, 6-7 дигања на вратило и 20тина чучњеви - иди у теретана.
Ако не моеш - џабе ќе ја платиш кога подобро ти е основата дома да ја исфураш да не си апла почетник.
Реално ја не поштувам луѓе шо не можат дома да вежбаат а не напраиле ни склек, и се зачлениве во теретана и на бенч само со шипката вежбаат.
Шипки и тегови се за кога си го совладал тренингот со своја тежина.

Е сеа дома е различна мотивацијата него во теретана.
Ама ако не моеш да најдеш дома мотивација само се залажуваш со теретана и ќе се откажеш за 2-3 месеца.

Не е иста мотивацијата дома и во теретана, кога одиш во теретана фокусиран си на тој саат време и цело време вежбаш а дома е сосема подруго.. плус нема подобра мотивација од промените во огледало, јас со месеци вежбав дома па промените беа минимални а сега неполн месец вежбам во теретана и одма има повидливи резултати што те мотивираат да продолжиш. Да не напоменувам дека во теретана е многу полесно за разлика од дома, еден куп справи со кои полесно активираш разни групи на мускули и различни тежини па како напредуваш и ги зголемуваш.

Јас би му препорачал на членот погоре одма да си тргне во теретана..
 
Индивидуално е ова, јас одам на оваа твоја логика али со малку посериозни бројки за тие вежби. Еве паузирам доста долг период од теретана и паднав премногу, сега почнав да трчам на кеј и да вежбам на справите. Да би бил постабилен со кеш, ќе си платев без проблем во теретана и ќе си терав таму, бидејќи имам на 200 мети теретана али скапичка ми е за да „преболувам“ таму.
Не би се согласил со бројката што ја имаш напишано во целост, али ок. Еве имам пријател кој е висок 197цм и тежок 135кг, реално на вратило не може ни да се помрдне, а не да се крене 6-7 пати. Почна во теретана, на бенч сега си тера со 90-95 кг, на лат машина си вежба со 70кг и веќе има солидни резултати (ако чека да се дига со своја тежина ќе мора да потроши уште неколку месеци). Е сега мора да стопи барем до 100че, а дотогаш малку потешко да се подигне.[DOUBLEPOST=1427621561][/DOUBLEPOST]
Не е иста мотивацијата дома и во теретана, кога одиш во теретана фокусиран си на тој саат време и цело време вежбаш а дома е сосема подруго.. плус нема подобра мотивација од промените во огледало, јас со месеци вежбав дома па промените беа минимални а сега неполн месец вежбам во теретана и одма има повидливи резултати што те мотивираат да продолжиш. Да не напоменувам дека во теретана е многу полесно за разлика од дома, еден куп справи со кои полесно активираш разни групи на мускули и различни тежини па како напредуваш и ги зголемуваш.

Јас би му препорачал на членот погоре одма да си тргне во теретана..
Се согласувам дека не е иста, али реално според мене се е во главата, имам дома 50кг со кои можев да вежбам рамо и раце, али фаќаа прашина со месеци и не ги имав помрднато, али ако решам да го правам нештото ќе го правам и дома и во теретана.
Постави си цел, направи си распоред на времето и секаде ќе си мотивиран.[DOUBLEPOST=1427621705][/DOUBLEPOST]@mule еве ти тема, каде што ставаме такви видеа, песни и слично за мотивација.
 
Последно уредено:
Прашање:

Дали да избегнувам deadlift ако имам мало искривување во грбот? Може нешто дополнително да се зезне? Главна причина што не сум дедлифтал до сега е страв од ова.
Доколку се е во ред и можам да дедлифтам, дали би било во ред да имам 2 "грб сесии" во неделата? Пример Понеделник правам вратило прогресија до +30-тина кила на мене, а Петок правам втор ден груда, дедлифт, и подлактица (трет ден подлактица во неделата).

Данке.
 
Еве имам пријател кој е висок 197цм и тежок 135кг, реално на вратило не може ни да се помрдне, а не да се крене 6-7 пати. Почна во теретана, на бенч сега си тера со 90-95 кг, на лат машина си вежба со 70кг и веќе има солидни резултати (ако чека да се дига со своја тежина ќе мора да потроши уште неколку месеци). Е сега мора да стопи барем до 100че, а дотогаш малку потешко да се подигне
Затоа има негативни пулапс т.е. само спуштањата а кревањата со асистенција.
Али нема веза секој си има свое мислење, моето е чисто поише настроено за штедење на пари пошо сите мислат дека треба да се расфрлаш со пари за да вежбаш.
 
За да почнеш со мртво кревање почни со романско мртво кревање, научи ја формата правилно и после почни со мртво кревање.
Најбитно е да ја одржуваш кичмата во неутрална положба, и да ги користиш колковите за првобитното кревање.
Google hip drive.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-

Ојој ти најде за форма да збориш. Иди ѕирни си ги старите видеа кај шо грбот ти е крив ко срп при мртво. Чудо како не си се л`цнал до сеа.
 
Прашање:

Дали да избегнувам deadlift ако имам мало искривување во грбот? Може нешто дополнително да се зезне? Главна причина што не сум дедлифтал до сега е страв од ова.
Доколку се е во ред и можам да дедлифтам, дали би било во ред да имам 2 "грб сесии" во неделата? Пример Понеделник правам вратило прогресија до +30-тина кила на мене, а Петок правам втор ден груда, дедлифт, и подлактица (трет ден подлактица во неделата).

Данке.
Какво искривување? Сколиоза? Колку степени и каде (средина, долен дел, горен дел) ? Види дали рамената ти се на иста висина левото и десното.
Ако си во можност на вратило доека висиш, некој нека види дали ти се исправува грбот или ти останува кривината.
Зависно од ова можеш, до кој степен и како, или неможеш да правиш мртво кревање.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-
Ојој ти најде за форма да збориш. Иди ѕирни си ги старите видеа кај шо грбот ти е крив ко срп при мртво. Чудо како не си се л`цнал до сеа.
Човек се учи дур е жив.
Формата сега ми е многу подобра.
 
Какво искривување? Сколиоза? Колку степени и каде (средина, долен дел, горен дел) ? Види дали рамената ти се на иста висина левото и десното.
Ако си во можност на вратило доека висиш, некој нека види дали ти се исправува грбот или ти останува кривината.
Зависно од ова можеш, до кој степен и како, или неможеш да правиш мртво кревање.
лошо е ако ти е едното повисоко од другото ? мене мислам дека ми е едното повисоко од другото...
 
Многу зависи од што е, некои се од мускулни причини лошо држење односно постура, а други поради деформитети.
Најчесто поради сколиоза (странично искривување на `рбетот), меѓутоа може да е и поради пократка нога, лошо зглобување итн.
Ама генерално, ништо страшно.
 
Совет како најдобро да почнам со исхрана, не сум почетник во теретана ама за прв пат планирам да внимавам на исхраната и да користам Whey protein (како најдобро нели?). Дали храната треба да ми биде протеин ориентирана и со прашоков или смеам да јадам се, освен брзи шекери?
Моментална состојба 190цм 84кг 8.7% body fat mass(измерено со биорезонанцен апарат)
 
Мајке ти добра генетика имаш.
Почни да следиш калории и прочитај ја статијата.
http://karas4training.com/mk/nutrition/general/prirachnik-za-stanuvanje-dzver
 
Не е до генетиката, цел живот се бавам со спортови и како што кажав сум одел предтоа во теретана а дома многу здраво се храниме, него прашањето конкретно за старт ми е дали треба дополнително да внесувам протеини и како да правам со прашокот дека стварно сум нов во ова(ептен ништо не знам).
 
Протеин од прашок има амино киселини исто како и амино киселини од пилешко, јајца, млечни производи.
Ако внесуваш над 1.5 грам протеини што сигурно внесуваш немаш потреба.
Повеќе протеини= глукоза.
 
Имам 13 години (за неполни 3 месеци полнам 14) и сакам да почнам во теретана, но незнам дали ке има некакво лошо влијание врз растот или други несакани ефекти. Ако возраста одговара за во теретана предложете некој план за вежби и за исхраната исто така и некои совети... Благодарам :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom