Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Епа возможно е, ако се сака.
Јас кревам 130 кг на бенч, 150 кг на чучњевите и 185 кг на мртво. Преса за рамења 80 кг.
 
Епа возможно е, ако се сака.
Јас кревам 130 кг на бенч, 150 кг на чучњевите и 185 кг на мртво. Преса за рамења 80 кг.

Познавам луѓе кои дигаат по 40-50 кг помалце од твоево,а имаат 10 пати подобро тело.

Што ќе кажеш на ова ?
 
Мислам дека се претренирав, ме интересира ваше мислење за распоредот што го имам.
Вежбам понеделник, вторник, среда, петок и сабота.
Правам 5 вежби со по 5 серии со 10-12 повторувања и 30 секунди одмор измеѓу серии.
Дали е ова многу или нешто друго е причината за омалаксаноста што ја чуствувам.
Според мене, многу е тоа. Намали на 3-4 вежби, 3-4 серии со по 8 повторувања. Ќе имаш повеќе сила да накачиш на тежини, а и на килажа.

Епа возможно е, ако се сака.
Јас кревам 130 кг на бенч, 150 кг на чучњевите и 185 кг на мртво. Преса за рамења 80 кг.
По колку повторувања во серија правиш со таа тежина?

На ретко кој помага,само дава некои глупи коментари не потребни.

И што ако имам јас 120 кила,треба да кревам 240 кила според тебе ?
180, според него. Мада нема врска тоа.
 
Тоа е една од алатките за прогрес, силата е битна за вежбање без стероди.
Сите мускули освен некои реагираат на големи тежини.
 
Јас вчера дигнав 110 на мртво 6 пати...највеќе до сега..
А неам ни 70 кила...
мада небитно,ако сакам рекорд да срушам еднашка да кренам како стеф што праи сигурно би можел...
не е мерило ич тоа...
 
Епа можеби за вас не е мерило, но така се дизајнира програма за вежбање.
Значи реков дека е еден од битните работи, зашто секој го мотивира кога напредува.
И плус ниски повторувања повеќе регрутираат мускулни влакна, од средни и високи.
Но може да прогресирате ако, додадете повеќе серии, повторувања, намалите на пауза или темпото на вежбата.
Најлесно е со тежината и сите основни програми се креираат така.
 
Не треба да имаш рак за да студираш како да излечиш рак, ако советот се базира на како изгледам, а не за тоа што зборам, слободно обратете се кај Дејвид Бекам, Париз Хилтон итн.
Но ако мојот муабет држи вода и ина аргументи тогаш е валиден.
И лесно е да осудувате.
Сам се раководам.
Суплементи, сајт, клиенти, едукација, само контрола...
И ова не се изговори, реални работи.
Што трагедии доживеав овие две години.
Кога ќе бидеш во моја кожа тогаш ќе речеш дека сум прав.
За да бидеш во врвна форма треба да немаш стрес.
Во оваа држава тешко.
 
Епа можеби за вас не е мерило, но така се дизајнира програма за вежбање.
Значи реков дека е еден од битните работи, зашто секој го мотивира кога напредува.
И плус ниски повторувања повеќе регрутираат мускулни влакна, од средни и високи.
Но може да прогресирате ако, додадете повеќе серии, повторувања, намалите на пауза или темпото на вежбата.
Најлесно е со тежината и сите основни програми се креираат така.
За тежини колку креваш можеш да се правиш мангуп од оправдани причини, има факти на јутуб и се гледа, за исхрана не можеш бидејќи колку и да јадеш правилно, не ти успева и тоа се гледа, и во овој случај ќе немаш изговори од типот: генетика итн. Сето ова дава до знаење дека ти си пауерлифтер, и се гледа по твоите размислувања, прифати дека си пауерлифтер и ако продолжиш како таков ќе успееш, додека пак бодибилдингот не е спорт за тебе, што значи дека и подфорумов не е место за тебе од причина што даваш погрешен поглед кон бодибилдингот. Баш тие три вежби горе се пресудни во пауерлифтинг. Ае да те извадам, да не даваш реплика за ова горе, каде ти е кардиото, никогаш не си го спомнал кога правиме муабет за бодибилдинг, и знам дека правиш ХИТТ по два пати на ден (карикирам), тогаш каде се резултатите? И каде се резултатите од исхраната? Ги нема на виделина. И овие две работи се во бодибилдингот, не спомнувај тежини, тие настрана. Чим нема резултати на тебе, нема потреба да даваш совети, не биди како оние продавачине во продавници за суплементи, кои ти кажуваат колку се ефективни и кога да ги пиеш, а тег не фатиле во живот, колку глупаво чувство.
 
Кога ќе ти се случи трагедија ќе видиме што попрво ќе правиш
Советите се точни, јас сум си проблемот и се Средувам психички.
 
Кога ќе ти се случи трагедија ќе видиме што попрво ќе правиш
Советите се точни, јас сум си проблемот и се Средувам психички.
Ти си супер, само иритира тоа што наместо вистински да им помогнеш на луѓето, ти самиот сакаш да извадиш корист преку проблемите на другите. Кога стварно ќе им помогнеш на луѓето, самите тие дупло ќе ти возвратат. Ист е случајот каде ти сакаш да имаш ќар од луѓето на кои сакаш да им бидеш личен тренер, без да им помогнеш, или барем да не биде толку грубо кажано, -без тие да ти бидат приоритет врз кои треба да обрнеш највеќе внимание, туку приоритет ти е да собереш што повеќе луѓе за да го изнесеш тоа на интернет.
 
Јас повеќе обрнувам на клиентите отколку на себе.
Сите досега што сум ги вежбал немаат лош збор кажано.
Соработка со нив е супер, со самиот себе е отидена.
Но се враќам полека и учам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom