Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Кажете ми како да ги израмнам стомачните да ми бидат под винкла што сте вика, не ми се рамномерни едниот ред погоре другиот подоле, цика цака ми се, а и у големина ми се различни...?

Постои ли начин? или со тек на вежбање ке се израмнат, исто ми рекоа дека е и генетски тоа дека неможе сите да имаат перфектни у линиа стомачни или нема врска?
Неможеш никако да ги израмниш, такви ќе си останат
 
По колку серии и повторувања да се прават за следниве мускули-трапези,подлакт и врат?

каде да најдам добар појас и стегачи за рака со бандажери,само за зглобот,не ракавици ?
 
По колку серии и повторувања да се прават за следниве мускули-трапези,подлакт и врат?

каде да најдам добар појас и стегачи за рака со бандажери,само за зглобот,не ракавици ?
4 серии се доволни за трапез, за подлакт 3-4 за флексорите а екстензорите вежбај ги со бицепс. Врат ако правиш доволно стомачни немора да вежбаш директно а ако имаш професионална потреба (боречки спорт и сл) консултирај се со тренерот. Ако пак навистина имаш тенок "пенкало" врат , постојат посебни појаси за врат на кои се става плоча тег и на тој начин се вежба, но не прави над 4-5 серии зошто почнува да боли глава поради делумна исхемија во мозокот.
 
Eии "пенкало" кај ти текна бе:pos:
Јас пак за вратни по 20 25 повторувања прам ама не со некое завидно темпо на повторување не сега дека ко будала се нишам. Но некогаш одам до 12 повторувања но со правилно темпо и форма и задржувам на крајот на повторувањето секунда две
 
Како се вика squat rack на македонски?

BXxrF9M.jpg
 
Трапези треба да се вежбаат сите страни(горе-доле,напред и назад) или доволно е само класично подигање на тегот-горе доле ?

колку пати во неделата е доволно да се вежбаат,сите овие мускули ?

Основна и најдобра според мене, тешки бучици во двете раце и горе-долу движење, никако вртење со рамења и слично, ќе изместиш нешто и лесно можеш да заработиш повреда. Рацете исправени само со трапезите да дигаш не да виткаш лакти и да си помагаш со рацете.
За колку пати неделно, нема правило за ниеден мускул, едноставно пробуваш различни начини на вежбање (мислам на волумен и интензитет) додека не најдеш тоа што ти одговара највеќе.
 
17 години,174цм,60кг скакулец сум со салце, идам теретана 3 пати неделно (сеа ќе почнам 5), веќе 3 месеци вежбам со протеин и креатин и немам накачено килце (изглеа до пропуштањето оброци) дали да земам гејнер? и ако да, кој е најдобар?
 
Да ти кажам право и јас бев како тебе,на 17г. 180цм и имав 65-66кг.Со сало во стомакот сум од кога паметам за себе.И јас бев скакулец,малку по висок и малку по тежок.Тука негде сме.Се поправив за една година за 10кг.се проширив во рамењата,ама стомакот ми остана :) Тоа се случи откога си фатив женска-на твои години.Се полови односи,частење,јадење,пиење ова-она качивме и двајцата по 10кг.Теретаните и хемикалиите ми се најглупавите работи што постојат.Еден пример-Брус Ли ставал во блендер телешко месо,млеко,јајца и мислам мед и го пиел целото,арно ама за него скоро како да не постоеле справи.Со склекови на еден прст,стомачни со кол над рамења и вадење прашина од боксерските вреќи бил таков како што сите го знаеме.Затоа батали теретани,хемикалии и глупости,земи на често користи презервативи,оди сега летно време да товараш вреќи и гајби каде што има земјоделие или цепи и товарај дрва и немај гајле.Со хемикалиите само ќе се надуиш,а сила и издржливост ќе имаш помалку од мене што седам по 10 часа на компјутер и ретко нешто работам.

лесна работа се жените се додека се има пари, сепак кога работам на телото се чувствувам многу по успешно во животот, добро тело = повеќе шанси во животот... ГЕЈНЕР?
 
Голем проблем имаш брат, сочувство.
Не знам како не ти е срам да одиш со такви стомачни, искривени... јас да сум на твое место веднаш би ги покрил со слој од масно ткиво.

Ја да сум на твое место би се лишал од тоа да давам совети. Што му фали ако не му се тотално прави стомачните? Ги спречило асиметријата атлетите, или што знам, моделите да ги шлапаат на фотографии и сл.? Дека абсолутна симетрија сегде е едино знак за физичка естетика е абсолутен булшит. Животов малку комплекси ни набива, фалат луѓе ко тебе некој плус комплекс да му набијат некому.
 
images

Денеска го земав оваа профи мас и не ми е баш најјасно како се пие?!Пишува од 1-4 пати да се пие дневно,јас сакам 2 пати после тренинг и пред спиење.
Е сега не ми е јасно колку грама се зема,еден човек кој е бил боди билдер и кој има теретана ми вели 2 пати по 30 грама,додека на кесичката пишува 50гр.
И не ми е јасно се раствора во само 100 мл млеко или бода,нели е тоа премалку?
 
Ја да сум на твое место би се лишал од тоа да давам совети. Што му фали ако не му се тотално прави стомачните? Ги спречило асиметријата атлетите, или што знам, моделите да ги шлапаат на фотографии и сл.? Дека абсолутна симетрија сегде е едино знак за физичка естетика е абсолутен булшит. Животов малку комплекси ни набива, фалат луѓе ко тебе некој плус комплекс да му набијат некому.
(y)
 
Сарказам е :D.
 
Стеф, збор два за појасов http://www.bidifit.com.mk/cel-na-vezhbanje/slabeenje/u-slender-pojas.html вика: ,,Ги тонира и зацврстува стомачните мускули, без активно вежбањ, имитира стомачни вежби, што помага во зајакнувањето на стомачните мускули“ дали ова е револуција во фитнесот и не мора веќе да се замараме со напорни тренинзи? :)[DOUBLEPOST=1405348451][/DOUBLEPOST]
Ја да сум на твое место би се лишал од тоа да давам совети. Што му фали ако не му се тотално прави стомачните? Ги спречило асиметријата атлетите, или што знам, моделите да ги шлапаат на фотографии и сл.? Дека абсолутна симетрија сегде е едино знак за физичка естетика е абсолутен булшит. Животов малку комплекси ни набива, фалат луѓе ко тебе некој плус комплекс да му набијат некому.
Де бе, бар ти препознаваше сарказам
 
Де бе, бар ти препознаваше сарказам

Радарот изглеа ми се заебал :D. Или тоа или потсвесно издувен вентил процедура па нит сум запазил ни ништо него пушти се :/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom