Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Купив креатин па ако сака некој да ми објасни како да го користам пошто сум почетник и до сега немам користено.


Поздрави фала многу.
3-5 грама сабајле по станување и 3-5 грама одма по тренинг според повеќето тука, а јас го пијам 3-5г пред тренинг и 3-5г после тренинг.
 
Дали има некаква врска со топење масти ставањето појаси и кесиња на стомакот за време на тренинг демек повише се слабеело.. може мислење??
 
Дали има некаква врска со топење масти ставањето појаси и кесиња на стомакот за време на тренинг демек повише се слабеело.. може мислење??
нема логика, тоа обично е само привремено губење течности. Башка постои и масно ткиво кај внатрешните органи т.н. висцерално масно (некаде стои длабинско внатрешно масно ткиво) ткиво кое (покрај поткожното масно ткиво) е исто ако не и поопасно по здравјето. Најлонот и појасите може повеќе да наштетат. За мене е битно облеката што се носи при било каква зголемена активност да дозволува на кожата да "дише" и да не доведува до прекумерно зголемена дехидратација.
Пливање, возење велосипед, џогирање или некоја од кардиопрограмите (доколку здравјето ти е во ред) во комбинација со помалку и поквалитетна храна поделена во повеќе помали оброци би требало да даде резултат.
 
Последно уредено:
Дали има некаква врска со топење масти ставањето појаси и кесиња на стомакот за време на тренинг демек повише се слабеело.. може мислење??
Зар немаш приметено дека тие со најлоните и појасите имаат најголеми мешишта. Тука ке ги додадам и тие што спијат на делот каде што се вежбаат стомачните.[DOUBLEPOST=1397764001][/DOUBLEPOST]стомачните справи се вечно окупирани од мешлестите пошто веруваат упорно дека така ке го скинат стомакот...и што е начудно упорни се со години
 
Липолизата е сложен биохемиски процес,како еден најлон би ги извадил мастите?
 
3-5 грама сабајле по станување и 3-5 грама одма по тренинг според повеќето тука, а јас го пијам 3-5г пред тренинг и 3-5г после тренинг.
А тоа во една чашка вода така ?
 
Купив креатин па ако сака некој да ми објасни како да го користам пошто сум почетник и до сега немам користено.


Поздрави фала многу.
Ако правиш фаза на полнење(што е маркетиншки трик за да го потрошиш побрзо) пиј по 10 грама на ден. Но 5 грама после тренинг ти се доволно.
 
А тоа во една чашка вода така ?
Доволно е како шо ти кажа ЃаволРулз, 5 пред тренинг со 3-5 после тренинг. Ставаш едно кафено лажиче во чаша, преферирај да е пластична тураш 100-150 милилитри вода, 10тина секуди замешуваш и пијаш. Или можиш едно лажиче директно во уста и да го турниш со чаша вода.
Ако правиш фаза на полнење(што е маркетиншки трик за да го потрошиш побрзо) пиј по 10 грама на ден. Но 5 грама после тренинг ти се доволно.
Фаза на полнење е со 20грама на ден, 4 пати во денот по 5 грама.
 
А тоа во една чашка вода така ?
Јас го ставав креатинот на јазик и пиев вода колку да го голтнам... гадно ми е да го мешам у чаша со вода и да го пијам :D
Ама ти ако не можеш така, мешај го со вода. Не е битно колку вода ќе ставиш, битно е креатинот да го внесеш во организмот :D
 
Дали има некаква врска со топење масти ставањето појаси и кесиња на стомакот за време на тренинг демек повише се слабеело.. може мислење??
jas kade idam u teretana covekot e prof po biologija i mi bese kazal deka taka ne topis masti tuku ja isfrlas vodata od teloto :D
 
Фаза на полнење е со 20грама на ден, 4 пати во денот по 5 грама.
фала на поправката, не знаев точно колку е дека не правев фаза на полнење... И така и вака треба време за да се осетат ефектите дали си правел фаза на полнење или не..
 
А и не ти ни треба полнење.
5 грама е доволно секој ден.
 
Едно прашање. Имам 15 години и сакам да почнам да вежбам за гради, бицепс, трицепс, стомачни... Дали ако почнам да одам во теретана тоа ќе ми се одрази на растот или не? И што да вежбам дома (ако не одам во теретана)?
 
Нема да ти се одрази на растот.
Тоа е повеќе генетика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom