Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Ок професионалци се извинувам што поставив прашање.Колку за информација до сега имам симнато 27 кг и ми требаат уште некои си 5 кг да бидам со идеална тежина.Можеби не изгледам како сите вие што вежбате со месеци и години во теретана но за мене е сосема доволно.
Многу си дрзок офсет,се понашаш како да си шампион.Уствари и шампионите се понашаат подобро од тебе поради тоа што они не забораваат дека и на нив некој им помогнал и на нив некој им дал насока и повеќето знаат да помогнат.
Нити сум професионалец а уште помалку шампион, ниту пак бев дрзок - јас само го кажав единствениот начин на кој според мене се слабее а тоа со вложување на труд. Нема човек што после напорен тренинг не е истрошен и ако сакаш да го трансформираш телото ке мораш да се навикнеш на тоа.Всушност доколку не си истоштен тренингот (дали кардио или тежински) не ја постигнал целта...
 
Дајте предлог некој ефективен стимуланс што не содржи многу кофеин ?
 
Дајте предлог некој ефективен стимуланс што не содржи многу кофеин ?
Целата ствар околу стимулансите е кофеинот така да со среќа да најдеш нешто такво.

Место тоа да размислиш за креатин и бета аланин?
 
Целата ствар околу стимулансите е кофеинот така да со среќа да најдеш нешто такво.

Место тоа да размислиш за креатин и бета аланин?

Не не, ако мислиш на монохидрат имам користено на два пати, и немав речиси никакви придобивки.

За разлика од Хорсот на пример кога земав десетина дози за проба, страшни неколку тренинга направив во поглед на сила, издржливост, пумпа..
но ме кочи многу кофеинот има околу 250мг во доза, осетлив сум на него а претежно вежбам накај 19-00h и после имам проблеми со спиење.
 
Креатин не е за енергија туку за сила и за да добиеш придобивки треба да пиеш подолго време - не се добиваат инстант резултати.
Пробај земи само кофеин апчиња и пиј помала доза, пошо според мене 90% од ефектот на preworkout суплементите е до кофеинот.
 
Совети за побрзо губење на вишокот сало во деловите кај стомакот и градите? Моментално сум 180 со 67 кила, но имам уште преостанато сало поради тоа што пред 3 години имав 87 кила. Почетник сум во теретана (претходно искуство од домашно вежбање имам), одам 3 пати неделно, само што ја поминав првата недела. Нешто поспецифично што би можел да го правам таму освен обично кардио?

Исхраната е 80% средена.
 
Креатин не е за енергија туку за сила и за да добиеш придобивки треба да пиеш подолго време - не се добиваат инстант резултати.
Пробај земи само кофеин апчиња и пиј помала доза, пошо според мене 90% од ефектот на preworkout суплементите е до кофеинот.

Друже јасно ми е за монохидратот, сакам да ти кажам дека месец дена пиев монохидрат али немав скоро никаков ефект од него.
дечки шо демек се "разбираат" во суплементи ми кажаа дека фирмата билата тиња..земав на друга фирма исто маде :D

Ќе најдеме некое чаре за ова со кофеинов, прочитав дека има NoExplode2 без кофеин, којзнае дали го има кај нас во продажба.

Ако не се најде некое идеално решение ќе одам со проверено, Хорс Пауер наместо 15gr ќе мавам по 10gr и решен проблем :)

или пак ќе направам некоја комбинација од кофеин апчиња, аргинин, бета аланин и сл.
 
Најефтина и најдобра комбинација како preworkout е да комбинираш креатин + бета аланин + кафе ( или таблетки кофеин )
 
Нема врска фирмата,твоите очекувања се дека креатинот ќе ти даде супермоќи или било кој додаток што не е вистина.
Има други фактори кој треба да ти бидат во ред
Калориски внес и макросостав,тренинг и фрекфенција и одмор.

Sent from my ME173X using Tapatalk
 
Што ќе кажете за Амино киселините? Што ефект даваат? Се слабее со нив, се зголемува мускулна маса? Не сум запознаен со нив толку многу.
 
Да не има некој пробано од Olimp AAKG е мислам такви да земам
 
Се слабее со калорискин дефицит,се зголемува мускулна маса со калориски сурпулус.
Намесрто да прашуваш,нешто што има ефект среди ја исхраната,почни дневник да раководиш и ако има некакви пречки тогаш размисли за суплементација.

Sent from my ME173X using Tapatalk
 
Што ќе кажете за Амино киселините? Што ефект даваат? Се слабее со нив, се зголемува мускулна маса? Не сум запознаен со нив толку многу.
Аминокиселини се разложени протеини.
Прво запознај се со макро вредности на исхрана и научи нутриција после запознавај се со суплементи.
Чисто мој совет.
 
Прашање до поискусните:
-Трибулусот на гладно или после јадење ? ... Некој вика после јадење некој на гладно, на гладно по се разложувало...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom