Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
се мислам да купам шипка + тежини (до кај 90 кг). знае некој од каде може да се купи и колку пари од прилика ќе ме фати?
 
шипките се од 1200 до 1400 зависи дали 1.5м или 1.8м за стандардни зборам ги имаш на повеќе места, а тежини гумираните од 80-100 ден кило, железните 120-140 ден, ова на ново ако купиш, за на старо се наоѓаат поефтино
 
Кој користи Door Bar
Horizontal_Door_Bar-1491412.jpg
да ми каже како е задоволен и дали вреди да се купи...
???
 
Момци ај да прашам и јас за еден проблем, генетски сум предодреден со големи рамена, трапез и грб, доста ми е развиен тој дел, а на трапез дигам доста големи тежини, но во последно време забележав дека секогаш после вежбање на трапез имам големи болки во главата (плус неможам да се сконцентрирам, нервозен сум премногу тој ден), се додека не заспијам, а често и другиот ден продолжува се додека не се опушти малку тој дел. Дали некој сте имале слични проблеми, читав по интернет, но ме интересира од искуство на некој ако бил на лекар, од медицински гледна точка, како превентива планирам од нареден тренинг да пробам со мали тежини или ќе го исфрлам трапезот од тренинг програмата.
 
Од медицинска гледна точка е сосема нормално поради преоптеретеност на мускулатурата околу вратот да се јават главоболки, незнам дали си пробал да вежбаш пример и врат, но еве кај мене и кога врат вежбам често ми се јавува главоболка, слично се случува и кога имаш неадекватна перница за спиење поради оптеретување на вратната мускулатура главоболката ја има веднаш наутро со станување. Затоа јас директно трапез не вежбам, само индиректно со мртво дигање.
 
Само врат немам пробано да вежбам немам ни потреба за тоа, но трапезот дефинитивно ќе го исфрлам од планот со вежби поединечно само за него, 2 пати неделно мртво дигање му се доволни и на трапезот да се активира.
 
Има некој искуство со German Comp Training ?
Јас веќе 3-та недела терам и сум презадоволен.

HIIT тежински тренинг со 4 суперсета full body вежби и 3 круга на повторување на сетовите. Ти ја вади маста буквално :)
3 пати неделно вежба тежински HIIT , и 3 пати неделно HIIT кардио.
Резултатите се видливи многу многу брзо.
Ама мама ебе. Сета енергија ви ја троши. Посебно првите 2 недели ќе бидете ко прегазени со ваљак.
 
Што мислите за "Multi Hypotonic Drink " ? Добро е да се консумира за време на тренинг ?

BT-MULTI-HYPOTONIC-DRINK-cherry.jpg
 
Чисто ме интересира која е разликата помеѓу склековите чисто на раце и на овие додатоци ?
Set%2Bof%2BPush%2BUp%2BBar.jpg

Дали отпорот со нив е поголем ? или пак има поголем ефект ? Благодарам.
 
Јас имам дома вакви, искрено не гледам на кој начин помагаат, исто ми е. Дури и рацете почнуваат да болат после некое време на овие, така да мене дури и боље ми е без.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Не би сакал да ја спамам темава со други постови но не видов каде да прашам, да не знае некој кај има боксерски вреќи но со солидна цена затоа што во приде.мк што гледав цениве горат. Имаше едни “боди скалп..’’ во Орка, но веќе ги нема изгледа како што разгледував, така да не има некој запознаен? Одговор подобро во пп да не ја спамаме темава.
 
Во Runners барај има поефтинки од 1800-3000ки големи.
 
Не би сакал да ја спамам темава со други постови но не видов каде да прашам, да не знае некој кај има боксерски вреќи но со солидна цена затоа што во приде.мк што гледав цениве горат. Имаше едни “боди скалп..’’ во Орка, но веќе ги нема изгледа како што разгледував, така да не има некој запознаен? Одговор подобро во пп да не ја спамаме темава.

Овде можеш да прашаш во иднина, a и оваа гледам дека е иста, модератор ако чита убаво е да се спојат тие две теми.
 
Чисто ме интересира која е разликата помеѓу склековите чисто на раце и на овие додатоци ?
Set%2Bof%2BPush%2BUp%2BBar.jpg

Дали отпорот со нив е поголем ? или пак има поголем ефект ? Благодарам.
Склекови стандард или на боксови машки испукај се, на крај краева ако ти е мерак земи 2 бекатонки рацете на нив и лупај биди по хардкор:). Во теретана еднаш ги фатив и никогаш поќе, не си ги троши парите на вакви работи.
 
Чисто ме интересира која е разликата помеѓу склековите чисто на раце и на овие додатоци ?
Set%2Bof%2BPush%2BUp%2BBar.jpg

Дали отпорот со нив е поголем ? или пак има поголем ефект ? Благодарам.

Tие се за да се зголеми опсегот на движење односно да влезеш во негатива кога правиш склек, а со тоа ќе се зголеми и ефикасноста. Исто така ако ги поставиш паралелно односно дланките свртени една накај друга повеќе ќе те удри на предно рамо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom