Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Не. Нели и оној митот дека ако имаш секс пред вежбање/натпревар, ќе имаш помалце енергија.
Обратно е. Докажано е дека тоа го зголемува тестостеронот и влијаепозитивно врз тренингот и перформансите.
Ако секој пат кога имаш секс се зголемува тестостеронот зошто тогаш не би имале нивоа на тестостерон како IFBB професионалците? Тестостеронот кај naturals не е една константна линија, осцилира.
 
Здраво имам 17 години и почнав да одам во теретана со цел да го стопам масново ткиво ... вежбам активно 5 дена во неделата висок сум 167 и сакам да пораснам уште некој сантиметар и сакам да прашам дали можам да се зафркнам ама вежбам со мала тежина и после вежбање трчам по 30тина минути на орбитрек... Е сега си купив Л-карнитин аминокиселини и се масни топачи е сега кој стасав прашав и ми викаат дека не е штетно туку напротив корисно па ако можи и некое мислење од вас :)А иначе Л-карнитинов е Олимп 150 милиграми во капсули
Фала однапред !
 
Дај нека отвори некоја една тема , моментална суплементација , исхрана и тренинг...да напиешеме кој што како пие како јаде како вежба...
 
Ми беше скршена десната рака, кај што се спојува малиот прст со дланката. Три недели додека го носев гипсот не вежбав ама сега одкога го озвадив гипсот докторот ми вика уште минимум три недели никако склекови, вратило и тег. Некој други вежби за раце, гради и грб има или да чекам и следните три недели да вежбам само нозе и стомачни ?

ПС: Вежбам дома и имам само два тега од 7.5 кила и вратило од топ шоп.
 
Дај нека отвори некоја една тема , моментална суплементација , исхрана и тренинг...да напиешеме кој што како пие како јаде како вежба...

Бодибилдинг дневник

Ми беше скршена десната рака, кај што се спојува малиот прст со дланката. Три недели додека го носев гипсот не вежбав ама сега одкога го озвадив гипсот докторот ми вика уште минимум три недели никако склекови, вратило и тег. Некој други вежби за раце, гради и грб има или да чекам и следните три недели да вежбам само нозе и стомачни ?

ПС: Вежбам дома и имам само два тега од 7.5 кила и вратило од топ шоп.

Одмори чим си добил совет од стручно лице. Мада дискутабилно е тоа колку се они стручни на полето физичка активност, но сепак одмори за да не те гризе совеста и се вратиш со полна пареа.
 
Бодибилдинг дневник

Мислев на тема посебно само за тоа а не за кој мрднал денес, болни не болни и така натака...ретко кој пишува за тоа напишав...ама беше само предлог , што го видов по другите форуми и мислам дека е добар.. ама нема врска :)
 
Што мислите за оној протеин од сурутка,кој што има 70-80% протеин во него на 100 грама ? има некои маани во него или нешто ?
 
Прашање:

Би можело ли на некој начин да биде штетно доколку после high intensity кардио (25 минути без одмор) правам тежински тренинг? Може да се изгубат gains или нешто?

Извинете за нубското прашање, ми треба совет од поискусните момци.
 
Многу необичен начин на вежбање, и доколку работиш со полна пареа тие 25 минути не верувам дека би останало доволно ефективна енергија за правилно да го поминеш тежинскиот тренинг.

На крај краева, ако така имаш замислено дека подобро можеш да функционираш, не барај научни истражувања низ интернет туку експериментирај на себе си. Можеби ете баш тој начин ќе ти помогне побрзо да стигнеш до целта која ја имаш замислено.
 
Денес си купив вакво:

http://www.bidifit.com.mk/fitnes-oprema/fitnes-rekviziti/door_way_gym.html

Ме интересира дали е добро или џабе сум си ги фрлил парите? Може да се прават склекови и стомачни, како и вежби за рацете со дигање нагоре бидејки се закачува на врата. Молам за совет, благодарам однапред. :)
 
Како е подобро да се прави кардио тренинг после тежински тренинг или во ден кога немаш тежински тренинг?
 
Како може да си ги фрлил парите кога вратило е една од најдобрите справи што можеш да ги купиш :). Батали склекови и стомачни, за тоа не вреди, ама се знае за згибови - најдобро нешто. Јас го имам више 3 години се убив од вежбање на него.
 
Како е подобро да се прави кардио тренинг после тежински тренинг или во ден кога немаш тежински тренинг?

Зависи каква цел имаш.

За оптимално симнување на телесните масти, се препорачува по тежинскиот тренинг зошто резервите на гликоген се на критично ниво и телото “зема“ енергија од мастите, што немора и да значи - се зависи од начинот односно интензитетот со кој вежбаш.

Доколку ти е како разонода, можеш да вметнеш 20 минутно кардио во деновите кога немаш тежински тренинг.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom