Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
момци можно ли е за 1 месец да ослабам 6-7 кг? од 75 на 68-69. или џабе да пробувам?
 
А дали на таа шипка можам да ставам од металните плочки што обично се продаваат по фитнес продавниците?

Претежно да, но зависи колку е дијаметарот на кругот на шипката, некогаш некои плочки се со помал дијаметар на отворот (дупката), па не би можеле да ги собере на секоја шипка. Од кога ќе ја купиш измери си фи (дијаметар) на кругот за кога ќе одиш да купуваш плочки да им кажеш со колкав отвор ти требаат.
 
А дали на таа шипка можам да ставам од металните плочки што обично се продаваат по фитнес продавниците?

Фрлена ми е кутијата и не можам да видам, ама мислам дека пишуваше дека таа шипка издржува максимум до 40 кила. Составена е од 2 дела кои се навртуваат еден во друг и затоа не може да издржи поголеми килажи. Ако сакаш потешко од 40 кила да ставаш моја препорака е посебно да си купиш права шипка.
 
Каде може да купам 2 тега со некоја скромна килажа (за домашна употреба) ?
 
Можи, ама ни чини. 1500 калориски дефицит треба да имаш дневно.

И те разбрав, ама и не те разбрав со ова што сакаш да кажеш, но би препорачал во иднина од прва да не одиш со конечни бројки. Причина, дневните калоријски потреби, вкупни вистина дека првично се одредуваат според телесна тежина, но не и конечно. За прецизно потребно е да се знае на кој начин функционира неговиот метаболизам, колку е активен и како се храни ;)
 
момци можно ли е за 1 месец да ослабам 6-7 кг? од 75 на 68-69. или џабе да пробувам?

може, калориски дефицит и тоа голем, тешки тренинзи и од тие 6-7 кг претпоставувам има доста вода така да можно е. Исто е битно како сакаш да ги симнеш само килограмите бидејќи може да симнеш 6-7кг и да изгубиш многу мускулна маса и да бидеш пак незадоволен. Ај пиши инфо за тебе висина, години и која ти е целта.
 
Гледајте го видеово цело, може да ви биде од корист, а можно е и некој да се пронајде во него. :)

 
може, калориски дефицит и тоа голем, тешки тренинзи и од тие 6-7 кг претпоставувам има доста вода така да можно е. Исто е битно како сакаш да ги симнеш само килограмите бидејќи може да симнеш 6-7кг и да изгубиш многу мускулна маса и да бидеш пак незадоволен. Ај пиши инфо за тебе висина, години и која ти е целта.

абе имам една борба за 1 месец, па се мислам дали има уште време да паднам у категорија... иначе 185 цм, 75 кг.
 
абе имам една борба за 1 месец, па се мислам дали има уште време да паднам у категорија... иначе 185 цм, 75 кг.

Вака сега ако ти требаат 6кг да симнеш ќе треба да одиш доста ниско со калориски внес. Која боречка вештина ја тренираш?
http://www.freedieting.com/tools/calorie_calculator.htm еве ти калкулатор пресметај колку трошиш и удри математиката колку ќе треба да бидеш во дефицит. Имам другар кој се бави профи со џудо, тој пред борби 2 дена ја исфрла водата од телото, последниот ден капка вода не пие, во вц се отепува и тн и тн....и оди некаде по 1,5-2 кг во минус за кратко време да влезе во пониска категорија. Сметај дека ќе бидеш многу истоштен на ваков начин за време на борбата и на било кој начин ќе изгубиш многу мускулна маса. За да задржиш колку што е можно повеќе мускул оди со висок протеински внес и тоа многу преку 3гр протеин на телесна тежина и земи си БЦА. Јаглехидратите гледај да ги внесуваш пред тренинзите за да имаш енергија за време на тренинг
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom