Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Помини, ќе ти дадеме тестер да го пробаш вкусот на Nitro Pure Whey ;) Gold.
Која е цената во Бугарија?!
Инспириран од листата на bodybuilding.com наскоро ќе направам листа на најпродавани производи во Спортикс.
Мене пријател ми го донесе пред 6 месеци од Бугарија за 3200 денари.
 
Мене пријател ми го донесе пред 6 месеци од Бугарија за 3200 денари.
Во Бугарија на попуст можеш да го најдеш и за 2.700. А кај нас, барем за сега во редовна продажба со редовна цена е 3.350. Имате можност да добиете и ВИП картичка за попуст од 10% преку цела година на сите брендови во понудата. Што значи, освен ако не одиш за БГ да се подружиш со бугарките, не се исплака да им правиш нив промет ;)
 
Бугарија се исплаќа само ако имаш некој да ти донесе нешто ситно или пак да направиш добар шопинг рецимо за период 6-8 месеци да си снабден.

Sent from my LT22i
 
Дали некој знае каде може да најдам ластик за вежбање (освен од гладојатор)???
 
Ми треба совет од некој поискусен за сурутка во прав,дали би била добра,сакам да качам повеќе на маса,сурутката има нутритивни вредности на 100 гр:
362kcal -калории
0.5gr - масти
13gr - протеини
71gr - јаглехидрати
Исто како да јадеш ориз,а сурутката во прав ја има во секоја продавница за здрава храна,само овде ти ја даваат по поголема цена.
Нема никаков бенефит да ја земеш за мускулна маса.
Држи се за основата на протеини:
Пилешко/мисиркино
Урда
Јајца
Младо сирење
Ако ти треба совет еве колку месечно трошам пари за исхрана
http://motivirajse.wordpress.com/2012/12/08/колку-пари-трошам-месечно-за-бодибилд/
 
Момци да ве прашам нешто, таман влегов у форма и пред недела дена почна да ми се јавува болка кај лактот т.е кај зглобот, некоја внатрешна болка, некогаш на левата рака негогаш на десната, и при силен стисок или например да се фатам на рака со некој после одредено време ми се појавува таа болка, еве денес на вратило ме фати ужасна болка, завршив со грб и почнав трицепс на машината и ептен ме заболе еве уште ме држи, да не знае некој што е работата или да не има некој ваков проблем?
 
Едно блиц прашање за стероиди: Дали краткотрајно користење на стероиди може да му наштети на организмот ?
Имам гледано некои видеа на youtube и од таму колку што разбрав не се штетни, иако сум нуб во оваа област сакав да ги пробам за да качам маса, но прво чекам одговор од некој што има искуство со овие работи.
Чекам одговор
 
Зависи дозата и годините.
Се што е претерано е штетно.
 
Па кажи ми сега како тренираш и ќе ти дадам солуција без стероиди,сеуште си млад.
Порано тренирав 5 дена во неделата, пред приближно еден месец прочитав некои мислењна во темава дека за маса не е убо да се вежба мн често зш мн калории се трошеле и сменив распоредот, сега вежбам 3 пати неделно цело тело, повеке вежбам чучњеви, вратило, бенч, и други такви неизолирани вежби, него со јадењето не ми иде уко шо треба, јадам 3 пати на ден, не бројам калории, користам гејнер измеѓу оброци, и се си мислам дека не внесувам доволно калории, зш последниве 2 месеци не ми иде некако гејнот.
 
Земање стероиди без следење калории и исхрана ти е како градење куќа од кров надолу.
 
Па брои калории.
bmr+вежбите+250 за релативно чист булк
2*кг протеин на ден ресто сложени јх и здрави масти
колку калории толку милилитри вода
протеин после вежбање за храна на мускулите
кардио ОДЕЊЕ (низок интензитет долго време) не трчање или хиит
 
Земање стероиди без следење калории и исхрана ти е како градење куќа од кров надолу.
Ти кажав нооб сум :cenzura:, туку кажи за булк дали е подобро 5 или 3 пати неделно да се вежба ?
 
Ти кажав нооб сум :cenzura:, туку кажи за булк дали е подобро 5 или 3 пати неделно да се вежба ?
Јас би вежбал 4 пати зависи и од колку време вежбаш, поентета е да ги вежбаш мускулите групи само по еднаш неделно за време на маса со висок интензитет и волумен (освен листови и стомачни нив можеш 2 пати да ги вежбаш)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom