Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Јас побарав по нет, и овде http://www.amazon.com/ProSource-48-...=sporting-goods&ie=UTF8&qid=1334267846&sr=1-5 најдов Set of five за помала сума. Ако е таа цената за сите 5, многу поефтино изглегува. Ај нека пише некој што купувал од Амазон, колку кошта достава и слично
Прашање е дали уопште доставуваат. Не секогаш носат до македонија.
А достава и други трошоци се релативни во однос на што купуваш, колку кошта, од кај го праќаат, колку тежи, и колку се расположени цариниците :D
 
Точно грамажа дали знаеш колку внесуваш? Чим стек ретко, најчесто белки, а риба глеам не спомна, ти може и да не си внесувал доволно протеини за нормална здрава исхрана, а не па за презервирање на мускули или пак раст. Да треснам некоја средна бројка од 80 кила да си, значи минимум 80 грама протеин треба да внесуваш на ден, што пак е малце, и само преку белки - треба да си јадел 20 белки на ден за да го стигнеш минимумот.

Ако нишо друго си се исичстил :D Гледај повеќе стек (секој ден) да јадеш + риба секој ден и + белките кои веќе ги јадеш и на тоа коа ќе додадеш протеин како суплемент да има логика. Вака џабе.

Далеку сум од професионалец али на секој божји сајт го пишува ова, не е само форумов за обука и едукација :D
Види, иам 96 кг ама градбата ми е таква, имам и салце и сакам да се исчистам и дефиниција. Мускулите се тука, само треба да се покажат. :) У овој случај дали треба да се оптеретувам со протеини?
 
Вака сеа ќе ти објаснам. Коа слабееш, топиш масти И МУСКУЛ. Тоа е неизбежно.

Чим тоа го сфативме, идеме следно. Протеинот работи како храна на мускулот или у превод, превенција за трошење или храна за растење.
Со оглед на фактот дека слабееш ќе работи како првичното, или превенција за трошење, и тоа нема да го нулира трошењето на мускулот, само ќе го минимизира.
Потребниот дневен протеин (или МИНИМУМ) за нормална здрава исхрана со нормално 3 пати неделно кардио, 3пати неделно тежински вежби, е 1 грам по кило тежина, или ако имаш 96 кила, тоа се 96 грама протеин, или 24 белки (верувам не си јадел толку).

Затоа, јади повеќе пилешко варено, по 150-200 грама, јади белки ко што си јадеше до сеа, додади риба (морската е побогата со омега3), грицкај бадеми (сето тоа контролирано) и моеш лесно да стигнеш до 12-30 грама протеин на ден, што за слабеење е таман бројка.
Дефиниција се добива со повеќе репетиции средна тежина, мада за да имаш дефиниција треба да имаш мускул, така да моеш да комбинираш некад 8-10 репетиции со голема тежина (последните 3 репа да те уморуваат ептен), некогаш со средна тежина 30-тина репетиции - така ќе тонираш и дефинираш.
Или златна средина, 3х15 тежински вежби.

Немој да ги скокаш тежинските вежби, пошо глеам си пишал точак секој ден. Само со кардио нишо не праиш.
Само со тежински - исто така.
Комбинација од двете - одлично.
 
Фала на добриот одговор.
 
Odgovorot e ok samo tezinskiot trening nema vrska so repeticii i tezini hranata e SE.....
 
8-12 репови се најпогодни за раст на мускул, не знам што нема врска тука :D
(со исклучок на стомачните кои идат од 10-15)
 
имам едно прашање до поискусните и поначитаните на форумов

што ефект ке постигнам, каков изглед би имал со тој тип на програма ,каков вид на мускул, ако вежбам 6 пати неделно вратило склекови стомачни на временски период од едно 5-6 месеци и која ке биде разликата мегу ова и ако вежбам еднаш неделно едена група на мускули и на крај оној типац теретана момак кој 1 мускулна група еднаш неделно ја вежба со максимални тежини . ако можете подетално објаснување
 
Koja kompanija ima podobar whey protein , Univerzal , Omptimum ili Dymatize. Neznam od koj da zemam , cenata e slicna ,moze posledniot e poevtin, no me interesira dali ima golema razlika u kvalitet.
Па демек постојано Оптимум ги зема наградите за најдобар веј протеин, но според мене веј како веј, битно е колку е чист и дали е изолат или концентрат.
--- надополнето: 13 април 2012 во 12:49 ---
имам едно прашање до поискусните и поначитаните на форумов

што ефект ке постигнам, каков изглед би имал со тој тип на програма ,каков вид на мускул, ако вежбам 6 пати неделно вратило склекови стомачни на временски период од едно 5-6 месеци и која ке биде разликата мегу ова и ако вежбам еднаш неделно едена група на мускули и на крај оној типац теретана момак кој 1 мускулна група еднаш неделно ја вежба со максимални тежини . ако можете подетално објаснување
Обично почетник вежба повеќе мускулни групи на еден тренинг (пример по 3 или па и цело тело), а по напедните вежбачи помалку за целосно да го извежбаат мускулот и да го присилат на раст.
--- надополнето: 13 април 2012 во 12:51 ---
8-12 репови се најпогодни за раст на мускул, не знам што нема врска тука :D
(со исклучок на стомачните кои идат од 10-15)
и секако листовите да не ги заборавиме најинатливата партија :D
 
Обично почетник вежба повеќе мускулни групи на еден тренинг (пример по 3 или па и цело тело), а по напедните вежбачи помалку за целосно да го извежбаат мускулот и да го присилат на раст.

фала ти што се обиде но прашањето беше друго како што можеш да видиш иначе не сум почетник 4 год тренирам од кои 2 во теретана
 
Дали е факт дека ко ќе сне на дефиниција ќе се губи и чист мускул па дури и со убав протеински внес или исхрана?
 
да.. не внесуваш доволно јаглехидрати и калории затоа се губи меѓутоа со добра исхрана и суплементација може да се сведе на минимум но ФАКТ е дека ке загубиш нешто ситно..
 
Прашање е дали уопште доставуваат. Не секогаш носат до македонија.
А достава и други трошоци се релативни во однос на што купуваш, колку кошта, од кај го праќаат, колку тежи, и колку се расположени цариниците :D

Ај ако купувал некој нека каже за сигурно, конкретно за сајливе ме интересираше доставата, ама некој и друго да купувал нека каже па ќе израчунаме :)
 
Друже јас имам акаунт на амазон, пробав за кабливе да ги порачам и нема да може, бидејќи ми даде ознака дека не вршат испорака до тука конкретно за овој производ. Јбг од амазон многу ограничено е тоа што стига до Македонија... книги, цд-иња и такви ствари стигаат и сум порачувал али за поголеми работи изгледа тешко.
 
Нема врска дали е големо или не. На амазон продаваат фирми, фирмата ако има шипинг до тука - има. Ако не, тоа е.
 
Значи вака. 3 и пол месеци јадев и вежбав за маса. Ставив доста мускули пошто ми беше прв пат но има сало. Денес видов дека не ми стои облеката како што треба и решив од понеделник слабеам, или како што го викате вие чистење. Ме интересира што треба све да сменам освен да намалам калории , за да ги зачувам мускулите коплку толку .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom