Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
sajSiGa,
само со ова- "Ништо не создава НОВИ масни клетки ниту НОВИ мускулни клетки." нема да се сложам :) другото е ОК објаснето.

Ова го напишав како правило во 99% од случаите. Во главно мускулот расне со "пумпање" т.е. зголемување на обемот на ПОСТОЈАНИТЕ МУСКУЛНИ ВЛАКНА, многу поретко е резултат на создавање на нови мускулни влакна иако точно е дека не е тотално исклучено создавање на нови. Дури откако МАКСИМАЛНО ќе хипертрофира мускулното влакно се дели по должина на две, создавајќи нова мускулна клетка, но напоменувам дека е тоа многу поретко отколку пупмањето на постојаните за зголемување на волуменот.
 
кога се пијат живите јајца има опасност од заболување од некоја бактерија, но дали степенот на опасноста е ист и на купените јајца од продавница и од селските јајца ???
Ни под разно не ризикувај со живи јајца, посебно не во лето, ако те закачи нешто веројатно ќе завршиш во болница. Јајцата најдобро варени или пржени за да се намали било каква опасност од бактерии.
 
имам 75 кг, колку масти и колку јагленохидрати да внесувам дневно... слушнав се внесувало 10гр масти помалце од килажата но тоа ми изледаше некако смешно..? помош
 
Прашањево е може милион пати одговорено на темава :) ама што да се прави 400страни се многу за
прелистување.
Имено муабетот ми беше дали има некои(било какви) штетни последици од аминокиселините.
Муабетот ми е за оние апчиња како оспен 2000 кубика :D.
Случајно ми дојде нешто при рака па се чудам дали да си ги пијам, а редовно вежбам.
Што теретана што трчање, разни спортови и што уште не.
Ако може на кратко некој што се разбира ќе ве молам за одговор.
 
Целта ми е да ве прашам, дали вие имате нешто слично направено? Дали би сакале да направите? дали имате за оваа справа некоја забелешка со што јас би ја усовршил? Кое е вашето мислење?
Порано правевме тегови од различни кутии и канти полни со бетон.
Сега сум размислувал, но од разни причини не сум направил. Едно што немам простор (можеби во подрум, но влагата и прашината се проблем за вежбање. А и атмосферата е подруга...плус секогаш некој ќе ти даде совет за грешките.
Ако веќе си на ум да правиш домашна справа, сигурно ќе ти треба и бенч/клупа, макар рамна и коса како и справи за рамо (каде најверојатно ќе користиш тегови). Ќе ти требаат и вежби за нозе освен ако користиш исчекор и чучњеви и ако си во состојба шипката (за чучњеви) да ја подигнеш од земја на врат без соодветно вратило (што е малку ризик за повреди). Чучњевите се многу добра основа вежба за нозе, не би требало да се занемарат.

За тие што можеби нема да ја сватат сликата, црвеното е седиштето, жолтото е оној пулт за бицепс и може да се става и да се вади по потреба, големата зелена шипка е онаа за класични вежби за справа за грб
таа голема зелена сигурно можеш да ја користиш и за трицепс со потисок, како и (ако направиш коса клупа) за т..н.cable Incline triceps extension, cable incline pushdown (за латералите)...има доста варијации за размислување и за комбинирање.
a малата зелена шипка може да се користи за бицепс и грб
ако добро ја сфатив сликата, постои варијанта и за рамо со таа мала зелена (со грб завртен кон макарата/справата, сајлата измеѓу нозе. Исто мислам дека можеш да ја користиш и за трапезоидите.
теговите планирам да ги правам од бетон зошто да ги купам многу скапо ќе ме фати
малце да не е проблем со бетонот (точно одредена тежина, облошки за да не се рони бетонот, најверојатно треба да се испреплетени со арматура за да не искрши лесно) со фрлањето. Немаш прашано колку чини леење со железо? Или има одвреме навреме теретани кои се затвараат или менуваат опрема и доста справи/тегови одат на секонд хенд продажба. И за сајлите, некои ги набавуваа од пазар (имаше на битпазар), можеби не толку квалитетни, но доста издржуваа.
 
кога се пијат живите јајца има опасност од заболување од некоја бактерија, но дали степенот на опасноста е ист и на купените јајца од продавница и од селските јајца ???

Искрено не се разбирам во бактерии премногу, но повеќе мислам дека доаѓаат од надворешноста и нивната нечистота... а верувам дека домашните јајца се повеќе валкани одколку тие во фабрика, бидејќи сепак поминуваат низ тристра процеси и перења додека стигнат до кутија.
--- надополнето: Aug 7, 2011 7:11 PM ---
Прашањево е може милион пати одговорено на темава :) ама што да се прави 400страни се многу за
прелистување.
Имено муабетот ми беше дали има некои(било какви) штетни последици од аминокиселините.
Муабетот ми е за оние апчиња како оспен 2000 кубика :D.
Случајно ми дојде нешто при рака па се чудам дали да си ги пијам, а редовно вежбам.
Што теретана што трчање, разни спортови и што уште не.
Ако може на кратко некој што се разбира ќе ве молам за одговор.

Nema nikakvi stranicni/stetni efekti so pravilno konzumiranje na amino-kiselinite.
Tie se hrana za muskulot i voedno ti pomagaat vo kacuvanjeto na cista muslulna masa bidejki ne sodrzat jaglehidrati i masti.
A ne e loso da kazes i koj proizvod go imas na raspolaganje, mozebi imame sovet plus okolu nego :)
 
Ако може некои вежби за дефиниција, бидејки сега вежбам само за покачување мускулна маса? Дали се истите вежби само со помала тежина, а повеке повторувања или?
 
Ако може некои вежби за дефиниција, бидејки сега вежбам само за покачување мускулна маса? Дали се истите вежби само со помала тежина, а повеке повторувања или?

Ako prasas profesionalec kje ti odgovori tezinata da ostane ista, za definicja potrebna e sredena ishrana, ne se cepkaat kilazite.

A ako slabees, togas se namaluvaat kilazite a se zgolemuvaat repeticiite.
 
кога се пијат живите јајца има опасност од заболување од некоја бактерија, но дали степенот на опасноста е ист и на купените јајца од продавница и од селските јајца ???

Да, поризично е со селските (домашни) , јајцата од фарма се побезбедни за користење.И нема зошто да ги пиеш живи затоа што живи јајца помалку се искорустуваат од организмот плус можеш да добиеш и недосатаок на витамини Б6 и бактерија-салмонела (иако живо јајце со салмонела се забележува по одвратен мирис) . Од варени јајца ова неможе да се случи плус подобро се апсорбираат од организмот и немаш опасност од салмонела единствено што се мачни за лупење :)
 
Netocno, iskoristuvanjeto e isto samo sto bakteriite se vo pogolem broj vo zivite jajca.
 
Netocno, iskoristuvanjeto e isto samo sto bakteriite se vo pogolem broj vo zivite jajca.
Незнам од каде ти е информацијата ама грешка си. Протеинот од живо јајце нецелосно се апсорбира од ГИТ.

wikipedia напиша:
In addition, the protein in raw eggs is only 51% bioavailable, whereas that of a cooked egg is nearer 91% bioavailable
--- надополнето: Aug 7, 2011 7:52 PM ---
Соино брашно ??

Го фалат сите пуно било протеини а у .....сеа почнав да го пијам - ОТРОВ ...ќе приумрам ....

може ти го фалат дека има многу протеини, ама тоа не е баш квалитетен протеин бидејќи има слаб амино-состав (за една амино киселина беше сиромашно не се сеќавам конкретно која) плус има аналози на естроген кои го блокираат природното производство на тестостерон така да не ти е баш добар избор за градење мускули.
 
Незнам од каде ти е информацијата ама грешка си. Протеинот од живо јајце нецелосно се апсорбира од ГИТ.

--- надополнето: Aug 7, 2011 7:52 PM ---

може ти го фалат дека има многу протеини, ама тоа не е баш квалитетен протеин бидејќи има слаб амино-состав (за една амино киселина беше сиромашно не се сеќавам конкретно која) плус има аналози на естроген кои го блокираат природното производство на тестостерон така да не ти е баш добар избор за градење мускули.
ајде вака те гледам информиран си многу, прашање околу стимулирање на лачењето на тестотерон- Дали се лачи повејќе тестотерон при тренинг на нозе, и доколку да, дали програмите со вежбање на нозе во повеќе денови значи поефективно, на пример имам сренато програма на гради и квадрицепс, па листови и задна ложа и препонски дел со друга мускулна група.
 
Дека се лачи повеќе тестостерон е потврдено повеќе пати, а дека таа количина тестостерон прави видлива разлика, па и не баш. Постојат билдери кои имаат направено огромни силни раце и горен дел од тело без воопшто никаков тренинг на нозе. Земи ги за пример луѓето што се буткаат на рака.

Некои сметаат дека е подобро нозете да се вежбаат цели во ист ден и тоа првин надколеното па потоа подколеното, демек на тој начин најпрвин ја зголемуваш прокрвавеноста на бутот за да потоа можат и листовите добро да се прокрварат.

Според некое мое мислење и она јас како што ги тренирам нозете ако правиш тренинг за маса обавезно треба и нозете да ги работиш. Најпрвин додека си одморен почни со преса и уште подобро чучњеви ако ја имаш разработено техниката. Потоа оди на изолирачки вежби (предна и задна ложа) за на крај да завршиш со листовите. Нозете се чудна мускулна група за која не важи правилото 8-10 репетиции туку на пресата можеш да одиш и по 20-30. Исто така сум забележал дека ако листовите и после неколку недели одбиваат да раснат, тогаш прави ги вежбитесо по една нога и тоа прави ги сериите за листовите до изнемоштеност така да скоро нема да можеш да стоиш по завршување на вежбата. Исто така никогаш не ја користи земјината тежа за враќање на тежината на пример кај пресата туку контролирано спуштај ја тежината. Во глобала тренингот за нозе треба да го осеќаш добри 3 дена после :)
 
Ова го напишав како правило во 99% од случаите. Во главно мускулот расне со "пумпање" т.е. зголемување на обемот на ПОСТОЈАНИТЕ МУСКУЛНИ ВЛАКНА, многу поретко е резултат на создавање на нови мускулни влакна иако точно е дека не е тотално исклучено создавање на нови. Дури откако МАКСИМАЛНО ќе хипертрофира мускулното влакно се дели по должина на две, создавајќи нова мускулна клетка, но напоменувам дека е тоа многу поретко отколку пупмањето на постојаните за зголемување на волуменот.

Зависи на што си ;) многу често може да предизвикаш хиперплазија.
--- надополнето: Aug 8, 2011 9:57 AM ---
вежбам редовно и со поголеми тежини за маса и имам внес од 90 - 100 гр протеини двевно до 10гр масти и до 100гр јаглено хидрати, што ми препорачувате за маса... значи не земам никакви суплементи а и не планирам сега за сега? инаку паднав на маса неколку кг :)
ЈХ, помножи ги со три, се останато со два.
--- надополнето: Aug 8, 2011 9:58 AM ---
Како ке биде ако се пие креатин и да се вежба нормално,а и комбинирано да се трча покрај кеј на пример после теретана,или преку еден ден?
Најнормално ќе биде.
--- надополнето: Aug 8, 2011 9:59 AM ---
Соино брашно ??

Го фалат сите пуно било протеини а у .....сеа почнав да го пијам - ОТРОВ ...ќе приумрам ....
Престани да го пиеш. Едно е соино брашно, а друго е протеин од соја, изолат.
--- надополнето: Aug 8, 2011 10:01 AM ---
кога се пијат живите јајца има опасност од заболување од некоја бактерија, но дали степенот на опасноста е ист и на купените јајца од продавница и од селските јајца ???
Зашто би експериментирал? Ако не се идентични, тогаш се премногу слични.
--- надополнето: Aug 8, 2011 10:03 AM ---
Ако може некои вежби за дефиниција, бидејки сега вежбам само за покачување мускулна маса? Дали се истите вежби само со помала тежина, а повеке повторувања или?
Не постојат специјални вежби за дефиниција. Нормално е да паднеш во сила, поради намалување на калорискиот внес во исхраната.
--- надополнето: Aug 8, 2011 10:05 AM ---
ајде вака те гледам информиран си многу, прашање околу стимулирање на лачењето на тестотерон- Дали се лачи повејќе тестотерон при тренинг на нозе, и доколку да, дали програмите со вежбање на нозе во повеќе денови значи поефективно, на пример имам сренато програма на гради и квадрицепс, па листови и задна ложа и препонски дел со друга мускулна група.

Важна улога игра интензитетот на тренинг, не што се тренира. Ако нозе се извежбаат со интензитет кој се посветува при вежбање на раце или гради, 99% од вежбачите остануваат без душа и никогаш повеќе нозе не им треба. Имаат, како мали играле фудбал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom