Абе луѓе со години вежбаат и пак некои (многу) ствари не им се јасни. То ептен треба да земеш (па и не е лошо) книга, списание и слично...како функционира метаболизмот, како се искористуваат хранливите материи на ниво на клетка, како додека вежбаш се "кинат" микровлакна и се "пополнуваат"=као со малтер-така расне и мускулната маса, да искомбинираш со она што ти го кажаа на почетокот, да почнеш со поинтензивни вежби...ова има многу и теорија (исхраната) и пракса.Ама пошто сум ептен почетник (3 недели еве кадешто почнав) сеуште до крај не ми се јасни некои работи.
Но почни како што ти објаснија на почетокот со вежбање, со исхрана...другото ќе си дојде само по себе. За 3 недели мешко не моеш туку така да го стегнеш, а за било какви резултати ти рекоа-диета (не е диета=слабеење, диета е начин на исхрана). Види колку протеини ти препорачаа тука, види што јадеш, пресметај (на интернет има) колку протеини, минерали и витамини и шеќери внесуваш...сепак за она што го сакаш (мускули, помал стомак) за месец дена треба да си со ептен строг режим, доволно додатоци (гејнери ли, протеини ли...што ти препорачаа) и доволен интензитет на вежбање (без лажирање во кревање и во серии-инаку само мускулите ги лажеш) за да осетиш подобрување.
Што велат, да беше лесно сите ќе беа ко Аполон. Овие што ги глеаме билдериве, јака им душа на што се пазат за да се такви.
За алкохолот што го споменаа, секоја пијачка за себе, само еден пример од режимот на еден вежбач. Момчето е градено Уау (да бев женско

Неговите зборови за пивото на пример -у петок сум на дипломска па ќе дрмнам пивце али после тоа ми треба х време да смалам на шеќери за истото да го анулирам (да не се одрази штетно на изгледот).
Е толку е битно јадењето и пиењето...и више

Мислам, добро е што прашуваш, но да не се разочаруваш што нема одма видливи резултати...се ќе си дојде само по себе доколку (па ќе потенцирам) се придржуваш до она што ти го препорачаа дечките кои си го знаат занаетот (и девојките, ја заборајв Ангела
