Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Во случај да имате само 3 дена неделно за теретана кои вежби тежински би ги препорачале?
Значи јасно ми е по групи како би оддело (ете долу) прашањето е кои вежби сметате дека се основни односно базични?

Ден 1: Нозе + Рамо
Ден 2: Гради + Трицепс
Ден 3: Грб + Бицепс
 
Me интересира дали може да се направи убаво тело со домашнава справа? Со средена исхрана и 3,4 неделна на справава (и плус бенч и вратило за додатни вежби). Значи не бодибилдерско тело туку онака, атлетско дефинирано.

Една ваква, слична на неа имам во продавница. Искрено, направена е како за мали деца да вежбаат на неа.
 
Со парите што ќе ги дадеш за оваа справа имаш скоро две години платени за теретана(рачунам 700-800 денари чланарина).На справава немаш бенч,немаш чучањ,немаш мртво.

Ни јас не поднесувам гужви во теретана,па затоа одам од сабајле,а ако имаш обврски сабајле можеш да отидеш накај 8.30 тогаш нема нешто гужва како што е во 6 саат попладне.

Башка вкупна тежина на плочки е 55 кила,што ќе ги надминеш за 2-3 месеци.

Се на се,џабе фрлени пари според мене.
 
Што мислите за употреба на глукозамин ми го препорачаа ова у теретана зашто некако многу се повредувам
Не мислам на некоја страшна повреда него истегнување некој лигамент или незнам народски кажано превртена жила обично на рамењата па неможам баш добро да извежбам или чуствувам издржлива болка при некои потези
Среќа ми е блиску местачов па секоја недела сум кај него

Sent from my iPad 4 using Tapatalk HD
 
Пред 5 месеци почнав да одам на теретана и рамињата ми беа еднакви, и пред некој месец приметив дека десното рамо не ми е еднакво со левото еве како на сликата http://img412.imageshack.us/img412/8303/cfadhccb.jpg
Дали има врска со вежбањето ?
 
Пишува на кутијата, инаку најдобро е да го пиеш на празен стомак препорачливо со сок или некој прост шеќер
Ми треба полнење 1 недела? Не ми пишува на кутијата затоа прашувам... Значи првата недела треба да пијам 4 дози (сабајле, пред тренинг, после тренинг и пред спиење). 2ра недела почувам само пред и после тренинг. Ова добро е?
 
Да така е во ред, иако реално немаш потреба од толку многу креатин, 3гр дневно ги одржува мускулите заситени со креатин од ден во ден.
 
Да така е во ред, иако реално немаш потреба од толку многу креатин, 3гр дневно ги одржува мускулите заситени со креатин од ден во ден.
До мене е или некако глупо ми е тоа грото дозирање на креатин? Сигурно е нешо поврзано со килажа и статус на вежбање. Пошо ко шо знам и да земеш поише не е нешо прелошо (мада може да имаш вртоглавици, повраќање, пецкање на кожа) и рестото се моча, ама некако идиотско ми е да пие некој со 100 кила 5 грама, и некој со 70 кила 5 грама. (иако ти препорачуваш 3) Ја дури и 2 би пиел коа би земал (а планирам есенва, зимово да фатам малце маса)
 
Сигурно дека има разлика од почетник до некој профи со тројно повеќе мускулна маса, но понапреден вежбач со поголема мускулна маса не би ни прашувал како се зема креатин, 99% од овие што прашуват се почетници така за нив 2-3грама ќе се доволни. Инаку највеќе има врска со количеството на чиста мускулна маса, креатинот не се ни толку многу троши за време на тренинг како гликогенот пример, така да и мали грамажи ги одржуваат мускулите заситени. Ако земеш повеќе најмногу што можеш да добиеш е тегоби во стомакот и пролив поради тоа што тешко се вари и ќе почне да привлекува вода кон него од крвотокот (главоболката и вртоглавиците и повраќање ќе се резултат на таа дехидратација, ова и стварно се случи кај еден познаник мада дозата беше ненормална :D) затоа и се дели на 4 пати дневно за оние кои одат со фаза на полнење. Јас го земам во доза од 2-4гр дневно веќе 10 месеци.
 
Што мислите за употреба на глукозамин ми го препорачаа ова у теретана зашто некако многу се повредувам
Не мислам на некоја страшна повреда него истегнување некој лигамент или незнам народски кажано превртена жила обично на рамењата па неможам баш добро да извежбам или чуствувам издржлива болка при некои потези
Среќа ми е блиску местачов па секоја недела сум кај него

Sent from my iPad 4 using Tapatalk HD

Одлична превентива за воспалителни процеси, но не и за случајов како кај тебе. Превртување на жили. Потруди се да вежбаш правилно, да избегнуваш движења кои ти се нелагодни и каде чуствуваш болки при изведување, не се товари со големи оптеретувања (нема потреба).
 
абе не се товарам многу со тежини напротив секогаш гледам да ми е последната серија 80% од тоа што можам да кренам
али еве имам проблем со раменњата кога вежбам со шипка позади глава и напред имам пример ставено 10ки и шипката прва серија чуствувам болка при зимање на шипката мора некој да ми ја подаде од позади за да вежбам си правам нормално 15 повторувања и на последната серија имам 60кг ми ја додава некој и си правам 8 повторувања без никаков проблем
значи проблем е земањето
пробав и да ги дигнам цевките каде што лежи шипката и пак исто малку помала болка при зимање ама пак ја има
затоа бев кај местачот ме намести вика сега си добар ама пак има болка
 
Па таа е една од најлошите вежби за раме, непотребно го оптеретува ротаторниот мускул на рамото јас одамна веќе воопшто не ја правам, смени ја вежбата
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom