Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Момци ме интересира околу стомачните вежби гледав нешо на Јутуб па почнав да ги правам по 10 од секоја вежба околу 100тина ми се факаат дневно.Е сега по колку серии од секоја вежба да правам и за колку време би се појавиле резултати оние значи почетни знам дека за кратко неможат да се направат стомачните али она оцртувањето кога почнува и дали поголемиот број на стомачни вежби во денот,неделата помагаат за побрз напредок и побрзи резултати.
 
колку е препорачана дневна доза зелен чај
 
Ако си толерантен на кафеин, а под толерантен мислам да можеш да испиеш 2-3 кафиња и да немаш проблем со несоница и хиперактивност, тогаш слободно можеш да конзумираш по 2-3 шољи на ден, иако нема потреба од толку.

Моја препорака, една шоља насабајле, една 30 минути пред тренинг е сосема доволно.
 
да ве прашам кога е подобро да се прават стомачни пред или после кардио ?? (на пр после или пред трчање )
 
јас правам после секогаш, убаво ти е загреано цело тело не само стомачните и можеш да ги правиш
 
Me интересира дали може да се направи убаво тело со домашнава справа? Со средена исхрана и 3,4 неделна на справава (и плус бенч и вратило за додатни вежби). Значи не бодибилдерско тело туку онака, атлетско дефинирано.
 
ако имаш бенч и вратило мислам дека не ти треба справава, подобро земи си еднорачни со повеќе тежини
 
Me интересира дали може да се направи убаво тело со домашнава справа? Со средена исхрана и 3,4 неделна на справава (и плус бенч и вратило за додатни вежби). Значи не бодибилдерско тело туку онака, атлетско дефинирано.

Само бенч, вратило и еднорачни - ништо друго не ти е потребно за да изградиш добро тело (за справи зборам). А од кај ти е купен бенчот?
 
Обична хоум мејд клупа е за стомачни што правам. Али пошо не поднесувам гужви (во кој што би спаѓале и теретаниве) дали вреди да ја купам справава. Не барам нешо шварци резултати, чисто убаво тело.
 
Незнам, ја немам пробано. Пред да ја купиш, пробај ја, види дали ти одговара, тежини ова-она... А за тоа со Шварци, и да сакаш неможеш да бидеш како него! Тоа е само заблуда на почетниците кои мислат со 2 месеци во теретана и "хемија" (една туба протеин), Шварценегер ќе се направат. Еее да видиш колку треба... Внучко, да му веруваш на дедо.
 
Па не знам на кого да верувам, едни викаат ок биле справиве за почетници други (меѓу кој и еден фитнес инструктор што прашав) ги критикуваат поим неам што да мислам. Па викам да си прашам пак тука. И така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom