Почнувам со степер 20 мин, потоа на соодветните справи( еден ден гради, наредниот грб, рамо, нозе, бицепс, трицепс - (сето ова од пред некој ден, до скоро секој ден ми беше ист и вежбав на исти справи за сите мускули)), стомачни правам секој ден, завршувам со точак 10 мин. Некаде вкупно околу 80 - 90 мин на ден, целиот тренинг.
Исхраната ми е иста како и пред да почнам да вежбам, но и секогаш сум внимавал на исхрана, само еден оброк на ден јадам леб, најмногу ако изедам пола леб. те. 200гр. 250 гр.
Не избегнувам месо, но и не го јадам секој ден. Овошје обавезно 1 дневно, киви, банани, јаболки. Јадам доста ореви, лешници, бадеми. Не знам дали е во ред но јадам и многу пуканки. Алкохол мнопгу ретко, во друштво кога не можам да избегнам.
Благо многу ретко, гледам да го избегнам. Кафиња исто многу пијам, користам стевиа како засладувач. Освен одење во теретана немам други физички активности, не пешачам, ни да користам велосипед - од кола не излегувам што е најверојатно многу погрешно. Може е и битно - 185 сум висок , 85 кг.[DOUBLEPOST=1558017744][/DOUBLEPOST]
Точен одговор на твоето прашање можи да биди и 3 месеци и 5 години и никогаш.
Првен кажи што ти е целта, каква исхрана имаш, каква програма следиш, премногу си почетник за во 1 месец да одиш "доста" сериозно во смисла дека сеуште не си имал доволно време да ги совладаш основните движења и вежби и да имаш добра mind-muscle конекција.
Поздрав.
Да зголемам мускулна маса, не ми се допаѓа како изгледам, но далеку од тоа да се посветам на ова професионално. За некаква специјализирана исхрана за билдери не сум ни размислувал.