Macedonian Blogs
http://blogs-mk.blogspot.com/ е блог директриум на околу 120 македонски блогови на различни блог платформи. Можете да се регистрирате на него преку кликање на следниот линк
http://blogs-mk.blogspot.com/2009/12/blog-post.html и следење на инструкциите на дното на на блогот. Одобрувањето е мануелно од сопственикот на блогот доколку се исполнети условите
TopMKD
http://topmkd.com/ е директориум на македонски страни. Пријавувањето е едноставно. Откако ќе го внесете вашиот блог, име URL, категорија, слика вашиот блог автоматски веднаш се внесува во директориумот. За да бидете што повисоко листани треба да го преземете копчето да го поставите на вашиот блог и преку него да гласаат за вас. Колку повеќе уникатни влезни кликови има од вашиот блог до страната толку повисоко се листате во листата на категоријата и генерално. Од една IP може да се гласа еднаш на 24 часа. Единствена маана е што сликите на кодот за копчето што тре да го поставите на вашиот блог се мртви, ама доколку малку се разбирате можете да го сменете URLто за мтвата слика и на нејзино место да го ставите URLто на сликата којашто сум ја поставил на овој блог.
Macedonian Links
http://links-mk.blogspot.com/ е блог директориум на најдобрите македонски страни и блогови подредени по азбучен редослед. За да го пријавите вашиот блог кликнете на линкот и следете ги инструкциите
http://links-mk.blogspot.com/2009/12/blog-post.html
Macedonian Top Blogs
http://maktopblogs.gotop100.com/ e блог директориум на околу 40 македонски блогови. Пријавувањето го вршите со внесување на податоците за вашиот блог. Листањето е според бројот на влезни кликови од вашиот блог до странава. Гласањето е преку копче коешто го земате од вашиот кориснички панел откако ќе го пријавите вашиот блог.
Digimak
http://blog.digimak.net/ е листа на околу 170 македонски блогови. Пријавувањето на вашиот блог на директориумот е преку праќање на електронска порака до уредникот.
Macedonian Top Blog
http://www.alati.org/top/ e блог директориум на околу 40 македонски блогови. Пријавувањто е преку праќање на електронска порака до уредникот. Предуслов е вашиoт блог да е пријавен на технорати. Колку повеќе линкови има кон вашиот блог според технорати толку повисоко се листате. Пожелно е вашиот блог да има и сајтметер затоа што алтернативно може да се избере листање според број на посети.